• Latest

Регионален настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“

September 12, 2023

Врсничкото насилство во Северна Македонија: Симптом на подлабока општествена криза

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Демократијата бара консензус во интерес на граѓаните, не изборен инженеринг

July 3, 2026
© Press Service Of The President Of Ukraine / YPV.2026 (преземена од Фејзбук профилот на украинскиот претседател Володимир Зеленски)

Најмалку 27 загинати во масовниот напад врз Кијив, ЕУ со нови санкции против Русија

July 3, 2026
Илустрација ВИ

Политичка битка за Изборниот законик: Електронското гласање за дијаспората ја продлабочува кризата околу изборните реформи

July 3, 2026

Сите засравме сѐ

July 2, 2026

Неподнослива леснотија на владеењето

July 2, 2026
Кијив, 2 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив преживеа уште една ноќ на руски терор: најмалку 13 загинати во масовен напад со ракети и дронови

July 2, 2026

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Регионален настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“

September 12, 2023 09:28
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Институтот за демократија и Собранието на Република Северна Македонија, денеска се домаќини на регионалниот настан „Унапредување на Берлинскиот процес преку парламентарна дипломатија“ кој вклучува парламентарци и стручна служба од парламентите на земјите од Западен Балкан, германскиот Бундестаг и Европскиот парламент.

Какошто пренесува МИА, целта на настанот, како што посочуваат организаторите, е да го доближи Берлинскиот процес до пратениците и стручната служба и да иницира меѓупарламентарна и експертска дебата за улогата на парламентите на земјите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.

Настанот ќе го отворат претседателот на Собранието Талат Џафери, претседателот на Институт за демократија Марко Трошановски и амбасадорката на СР Германија Петра Дрекслер. Клучно излагање на темата ќе има претседателот на Комисијата за надворешни работи на германскиот Бундестаг Михаел Рот, а ќе се обратат и специјалниот претставник на Германија за Западен Балкан Мануел Сарацин и пратеници од земјите на Западен Балкан.

Настанот е дел од проектот „Парламентарна дипломатија: регионална соработка преку зајакнат парламентарен дијалог“ кој има за цел преку промоцијата на парламентарната дипломатија и искористување на механизмите за надзор од страна на парламентите на Западен Балкан, да ги промовира законите и придобивките од Берлински процес.

Преземените обврски од страна на владите на Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес го доближуваат Балканот кон ЕУ преку забрзување на општото усогласување со принципите и законодавството на ЕУ. Сепак нивното донесување и имплементација се одвива со различно темпо што го забавува напредокот на регионот. Оттука, парламентите на Западен Балкан (пратеници и стручната служба) во претстојните две години ќе ги промовираат овие закони и политики, но и ќе бараат одговорност за непостапување по истите. На овој начин ќе се поттикне поголема координација над овластувањата меѓу двете гранки на власта, но и помеѓу земјите во регионот за одлуки од заеднички интерес.

Главниот фокус ќе биде ставен на Заедничкиот регионален пазар и Зелената агенда кои се клучни области на економски развој и здрава животна средина во Западен Балкан.

Проектот е имплементиран од шест партнерски организации во земјите од Западен Балкан. Носител на проектот е Институтот за демократија (ИДСЦС) од Скопје. Останатите партнери се Институт Алтернатива од Црна Гора, Институтот за политички науки од Албанија, Центарот за истражување, транспарентност и одговорност (ЦРТА) од Србија, Демократски институт – Косово и Мрежата на прогресивни иницијативи од Босна и Херцеговина. Проектот е поддржан од Германското министерство за надворешни работи.

Tags: Берлински процесЗападен Балканпарламентарна демократија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ