• Latest

Немирна Америка

September 13, 2023

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Немирна Америка

September 13, 2023 15:55
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

МАЈКЛ Џ. БОСКИН / Project Syndicate

И покрај отпорната економија која им пркоси на повеќето прогнози – досега избегнувајќи рецесија и одржување ниска невработеност– Американците се чинат сé понемирни. Голем дел, без доверба дека денешната добра состојба ќе трае, веруваат дека земјата оди во погрешна насока. Уште повеќе, Америка се соочува можеби со најсложената и најопасната геополитичка ситуација од падот на Берлинскиот ѕид.

Сепак, со толку многу работи во прашање, земјата се движи кон претседателски избори помеѓу кандидат кој е обвинет за повеќе сериозни кривични дела и актуелен претседател кој работи под дамка на корупција околу странските бизнис зделки на неговиот син. Се разбира, скандалите се дел од работата во американската политика. Претседателот Ричард Никсон ја напушти функцијата за да избегне негово отповикување и смена поради Вотергејт, а Бил Клинтон и Доналд Трамп и двајцата беа отповикани (но не осудени од страна на Сенатот). Сепак, денешниот политички бес се чини нов по своето ниво на интензитет – и истиот само расте.

Згора на тоа, виталните национални прашања остануваат нерешени, а идната економска сила и геополитичкото влијание на Америка се соочуваат со големи нови ризици. Земјата има прекумерен јавен долг и буџетската перспектива покажува огромни дефицити во недоглед. Социјалното осигурување и програмата за здравствено осигурување се движат кон банкрот. А Соединетите Држави итно треба да ја зајакнат својата војска и своите сојузи за да се спротивстави на растечките способности на сегашните и потенцијалните противници.

Понатаму, САД имаат потреба од реформи за ублажување на климатските ризици што не само што се разумни, туку можат и да издржат промена на власт меѓу партиите. Креаторите на политика мора повторно да воспостават контрола врз јужната граница и да донесат реформи на имиграцијата засновани на заслуги. И треба да одржат динамична пазарна економија со намалување на зависноста од „привремени“ фискални и монетарни интервенции. Без силно лидерство и креирање политика со здрав разум од страна на следниот претседател, САД ќе продолжат да се движат кон фискални, економски и можеби воени кризи со глобални последици.

На годишнината од донесувањето на Законот за намалување на инфлацијата, американскиот претседател Џо Бајден ги велича наводните придобивки од неговата политика (дури додека признава дека законот за намалување на инфлацијата беше погрешно именуван). Сепак, мнозинството независни гласачи – кои сега сочинуваат рекордни гласачкото тело – сметаат дека неговата политика им ја влошила состојбата.

Тие имаат добри причини да мислат така. Со своето прекумерно владино трошење финансирано од дефицит, во економија која веќе се приближува кон целосна вработеност, Бајденомијата беше најголемиот придонесувач на она што стана најлошата инфлација од раните 80-ти. Додека растот на цените некако стана умерен, базичната инфлација (не вклучувајќи ги цените на храната и енергијата) останува прилично над целта на Федералните резерви на САД од 2%. Исто така, гласачите знаат дека Бајден сакаше билиони повеќе за трошење од тоа што го доби и дека ќе се залага за повеќе трошење доколку добие втор мандат.

Загриженоста на Америка не е ниту само поради штетата направена врз семејните буџети со високата инфлација. За време на првите 20 месеци на Бајден, средбите со илегалните мигранти се искачија на повеќе од пет милиони, многумина добивајќи само ливче хартија со кое се задолжуваат да се појават на сослушување за азил во далечна иднина. Големите „прогресивни“ градови се толку опустошени од криминал што луѓето и бизнисите ги напуштаат. Огромната штета предизвикана од затворањето на училиштата поради пандемијата сé уште си го зема данокот, нанесувајќи посебно катастрофални резултати за веќе обесправените ученици.

Но, на жалост на повеќето гласачи, претседателските избори во 2024 година веројатно ќе биде реванш помеѓу Бајден и неговиот претходник, Доналд Трамп – двајца кандидати со низок рејтинг на одобрување и високи бројки на негативни чувства. Не само што возраста на Бајден го става во прашање неговиот капацитет да ја врши работата уште четири години, туку гласачите понатаму се одвратени поради скандалот околу странските бизнис зделки и даночното затајување на Хантер Бајден, вклучувајќи и обид за договор за имунитет.

Постои, исто така, и растечки доказ дека Бајден, како потпретседател на Барак Обама, помогнал или замижал пред напорите на син му за продавање влијание кои резултирале во тоа да наводно девет членови на семејството добиваат исплати од странски државјани. Во неодамнешна анкета на Си-Ен-Ен, половина од испитаниците рекле дека веруваат дека однесувањето на Бајден како потпретседател е незаконско (42%) или неетичко (18%) и дека постапил несоодветно во истрагата за син му.

Проблемите на Трамп се далеку полоши, и правно и политички. Во неодамнешна анкета на Фокс, поголемиот дел од испитаниците сметаат дека тој сторил незаконски дејствија (иако мнозинството Републиканци, исто така, сметаат дека третманот кон него од страна на Министерството за правда е мотивиран од партиска политика). Соочувајќи се со четири одделни обвиненија – вкупно 91 обвинение – поранешниот претседател ќе помине низ правни постапки во текот на републиканските прелиминарни избори и изборите следниот ноември.

Многу од обвиненијата против Трамп– и федерално и во државата Џорџија – се засновани на слаби или претходно одбиени правни теории, а некои можеби ќе бидат поништени по жалба. Други обвиненија, меѓутоа, како она за попречување на правдата во врска со доверливите документи на неговиот имот во Мар-а-Лаго, се чини дека се добро засновани. Во меѓувреме, Трамп и неговите поддржувачи продолжуваат да тврдат, лажно, дека изборите во 2020 година беа украдени.

И покрај овој товар, Трамп е силно фаворизиран за победа на републиканската номинација и тој е изедначен со Бајден во хипотетички натпревар на општите избори. Така, ни остануваат мноштво веродостојни сценарија. За почеток, Трамп би можел да ја добие републиканската номинација, да ги загуби општите избори, а потоа да ги обвини „лажните“ правни работи за неговата загуба. Ако некои од неговите обвиненија последователно се сменат по жалба, неговите тврдења би можеле да одекнат кај многу гласачи.

Друга можност е Трамп повторно да се врати во Белата куќа и да се амнестира себеси, или докази би можеле да се појават кои ќе ги поврзат странските плаќања директно со Бајден. Во било кое од овие сценарија, Бајден или Трамп би се нашле себеси како се обидуваат да управуваат со уште поподелена држава од она што го гледаме денес.

На Америка ѝ потребен лидер налик Хари Труман, Роналд Реган или Џорџ Х.В. Буш. Тие решаваа големи прашања, како градење на меѓународниот поредок по Втората светска војна, разбивање на инфлацијата, обнова на војската и вешто управување со крајот на Студената војна – вклучувајќи го повторното обединување на Германија внатре во НАТО, истовреме со победа во првата војна во Ирак (единствената топла војна што Америка ја има добиено од Втората светска војна). Ако Американците се немирни, една причина може да е тоа што се запрашуваат дали таков лидер ќе се појави.

Мајкл Џ. Боскин е професор по економија на универзитетот Стенфорд и виш соработник на институцијата Хувер. Беше претседател на Советот за економски прашања на Џорџ Х.В Буш од 1989 до 1993 година и ја водеше т.н Боскин Комисија, советодавно тело на конгресот кое истакнуваше грешки во официјалните проценки за инфлацијата во САД.

Превод: Наташа Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: Restless America. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ