• Latest

Како се злоупотребуваат емоциите и историјата за политички манипулации?

September 14, 2023

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Како се злоупотребуваат емоциите и историјата за политички манипулации?

September 14, 2023 13:00
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во спорот помеѓу Скопје и Софија, испреплетените историски моменти и интерпретации ги засенуваат суштинските проблеми на граѓаните од двете страни на границата, смета политикологот Иво Ранѓеловиќ.

Иво Рангеловиќ
Иво Рангеловиќ

– Билатералните прашања се своевиден тест за две нации и нивниот политички капацитет во однос на надминување на недоразбирањата. Во случајот помеѓу официјално Скопје и Софија, испреплетените историски моменти и интерпретации ги засенуваат суштинските проблеми на граѓаните од двете страни на границата. Тоа остава простор за манипулација од страна на политичките елити и го оневозможува прогресот на граѓанството во секоја смисла, вели Ранѓеловиќ за „Фронтлајн“.

Проф. д-р. Ана Чупеска

Според универзитетската професорка Ана Чупеска – државата во спорот со Бугарија првенствено треба да се фокусира во вредностите врзани за критериумите за членство во Европската Унија.

– Првенствено треба да се водиме од вредностите врзани за критериумите за членство. Тоа се воглавно копенхашките критериуми, и консеквентните на нив позиции на Советот. Мора да најдеме сила да продолжиме понатаму. Емоциите се моќно оружје во политичките кампањи , но не и најадекватно оружје. Рационализацијата на „неправдите” мора да ни биде водечки принцип, за да дојдеме до подобри политички решенија, во спротивно, со кукумјавчење нигде не можеме да стигнеме и ќе стоиме во место, изјави Чупеска за „Фронтлајн“.

Благојче Атансоски
Благојче Атансоски

Историчарот и политиколог Благојче Атанасоски потенцира дека македонските политички елити, треба да се фокусираат на исполнување на критериумите за полноправно членство во ЕУ.

– Односно, што ќе ни е членство во Унијата, ако ние не го реформираме нашиот севкупен институционален и општествен систем. Создавање на независна судска и обвинителска власт, професионална јавна администрација, квалитетно и европско здравство и образование. Со тоа ќе дојде и подигнување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните. Доколку ние влеземе по политичка одлука во ЕУ еден ден, како што стори Бугарија, ние ќе бидеме само формално-правно членки со балкански стандарди и тоа ќе создава дополнителни фрустрации. Колку повеќе нашата политика е фокусирана на историски прашања, водени од емоции и создавање на амбиент на предавници и патриоти во однос на споровите со нашите соседи, толку повеќе ќе ја губиме можноста за реформи во областите кои за нас значат квалитет на живот, нагласи Атанасоски.

Скопје и Софија во 2017 година потпишаа Договор за добрососедство, но, Бугарија во 2019 година стави вето Северна Македонија да добие датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ поради историски, јазичен и идентитетски спор. ВМРО-ДПМНЕ беше против потпишувањето на овој Договор. Опозициската партија собираше и потписи, поднесувајќи иницијатива до законодавниот дом за задолжителен референдум на државно ниво за престанок на важењето на Договорот. Но, таа беше одбиена од претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Од друга страна со прифаќањето на „францускиот предлог“, за кого имаше низа протести пред македонското Собрание и усвојувањето на преговарачката рамка во која се доби чисто именување на македонскиот јазик, без дополнителни фусноти, Северна Македонија ги отвори пристапните преговори со ЕУ минатото лето, откако делумно беше надмината блокадата со Бугарија. За да почне отворањето на поглавјата, Бугарија бара внесување на Бугарите во македонскиот Устав. Без уставните измени, Северна Македонија не може да ги почне преговорите за влез во Европската унија.

Дестан Јонузи/ FRONTLINE 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ