• Latest

Гир: Стратегиите се онолку добри, колку што е нивната имплементација

September 20, 2023
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гир: Стратегиите се онолку добри, колку што е нивната имплементација

September 20, 2023 13:26
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Реформата на јавната администрација има апсолутно централна позиција, како за развојот на земјата, така и за нејзините перспективи за членство во Европската Унија, смета евроамбасадорот Дејвид Гир. Во  обраќање на промоцијата на новата Стратегија за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) Гир порача дека „стратегиите се онолку добри, колку што е нивната имплементација“, укажувајќи дека во Собранието „се уште се чека да поминат разни закони кои се однесуваат на највисокиот ешалон на јавната администрација, а се особено важни за компетитивна, професионална и високо квалитетна јавна служба“.

Од капацитетот и професионалноста на јавната администрација, според Гир, зависи како искористувањето на средствата од Унијата, така и развојот на политики и соодветни одговори на клучните предизвици.

–   Не велам дека јавните службеници не работат напорно, но секако дека има проблеми. Сите знаеме сервиси што не функционираат, но исто така има многу јавни службеници што работата посветено и напорно, а кои сакаат да видат подобар систем. Проблем е системот, и тоа е она што сметам дека ќе се надмине со оваа стратегија. Се надевам, дека не само оваа влада, туку и следните влади, ќе го гледаат ова како надпартиско и дека резултатите се исклучиво во интерес на граѓаните и тоа државата да има јавна служба како што заслужува, изјави Гир.

Како земјата напредува кон Европската Унија, така и се отвораат фондови и средства, за чие користење, според Гир, администрацијата има клучна улога, бидејќи нивното искористување зависи од нејзиниот капацитет за планирање, менаџирање и покажување одговорност.

–  Мислам дека знаеме дека сегашната состојба  е многу далеку од тоа. Да има напредок, но се уште има големи предизвици, во човечки капацитети, транспарентност и одговорност. Често политичките партии се мешаат во именувањата, што значи дека политичкиот фактор е поважен од заслугите или компетенциите. И секако, многу често комплицираната средина резултира со несоодветна меѓувладина и меѓуинституционална соработка. Ова, секако се предизвици, кои не се само на вашата земја. Не сте единствени, ова се предизвици со кои се соочуваат многу земји низ светот, изјави Гир.

Многу често, според Гир, лекциите не се учат, иако има многу добри извештаи како од државните ревизори и ДКСК, кои содржат многу препораки за подобрување.

–  Честитки до сите кои се вклучени во изработката на Стратегијата. Стратегиите се одлични, но тие се онолку добри, колку што е нивната имплементација. Затоа се ќе зависи од имплементацијата. Ние ќе дадеме поддршка и помош, но значителен дел од работата ќе треба да биде направен, изјави Гир, посочувајќи дека има многу примери каде даваат помош, но се уште чекаат да видат имплементација на препораките и советите.

Тука, појасни Гир, секако мислам на поддршката за разни закони, кои се уште треба да поминат во Собрание, а кои се однесуваат на високиот ешалон на јаваната администрација и се особено важни за компетитивна, професионална и високо квалитетна јавна служба.

–  Го повикувам Собранието да си ја заврши работата. Секако детално да ја разгледа легислативата, но да се продолжи напред што е можно побрзо, бидејќи ова се клучни закони кои навистина ќе помогнат да се постави рамката, заедно со Стратегијата, за подобрувања во областа на јавната администрација, изјави Гир.

Администрацијата, нагласи Гир, исто така, има клучна улога во развојот на соодветни одговори на клучните предизвици, бидејќи, како што рече „ниту една држава не може да функционира без размислување за иднината и планирање“.

– Вашата улога во евроинтеграцискиот процес ќе биде од клучно значење и нема да може да биде исполнета, без соодветно зголемување на капацитетите и професионализација на јавната администрација. Затоа, во рамки на самиот пристапен процес јакнењето на јавната администрација е дел во групата фундаменти, кои се отвораат први и се следат се до пристапувањето, но и потоа како земја членка, изјави Гир.

Стратегијата за реформа на јавната администрација (2023 – 2030) е на настанот „Современа, ефикасна и дигитализирана Јавна Администрација: Визија 2030. Испорака на поквалитетни јавни услуги за граѓаните и приватниот сектор“ беше промовиорана на настан во организација на  Министерството за информатичко општество и администрација, во соработка СИГМА.

Tags: Гирјавна администрацијареформи
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ