• Latest

Грковска-Кежмах: Судиите мора да ја чуваат својата независност, не смее да има солидарност за оние кои што го рушат имиџот на професијата или се корумпирани

September 27, 2023

Македонски блок 2025: Доминантните наративи проширени и надградени

September 18, 2025
Фото: Дехран Муратов, ЦИВИЛ

Протест „Ниту една повеќе“: Институциите молчат – жените гинат

September 18, 2025

Неделковски ја брани власта со навреди и сексизам: „СДСКомуњарска, победете на избори па сменете ги Панче и Христијан – дотогаш, попуши ми изнад колена“

September 18, 2025

Проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“ на власта и наративите во пресрет на локалните избори (1 дел)

September 18, 2025

Две години затвор за Лидија Димова, ќе треба да врати 22,7 милиони денари на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност

September 18, 2025

24 ЧАСА: ДИК, ДКСК и ДЗР со Меморандум за изборите; Ексклузивно со проф. д-р Оливер Андонов за „хибридните напади“; Пратеничките против насилство врз жени; Србија и Русија преговараат за нуклеарка

September 18, 2025

Рекорден број реакции на прашањето на ЦИВИЛ за воениот рок

September 18, 2025

Мицкоски: Нашиот пат кон ЕУ е повеќе од хармонизација на закони – тоа е создавање институции кои работат по европски стандарди

September 18, 2025
Фото: МИА Архива

Жените – пратенички од Клубот на пратенички во Собранието упатија реакција за навремена и ефикасна реакција на институциите во случаите на насилство врз жените

September 18, 2025
Israel arrests people in West bank
Source: Al Jazeera

Масовни апсења на Израел во окупираниот Западен Брег

September 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Грковска-Кежмах: Судиите мора да ја чуваат својата независност, не смее да има солидарност за оние кои што го рушат имиџот на професијата или се корумпирани

September 27, 2023 13:35
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во Љубљана, Република Словенија, имаше работен состанок со потпретседателката на словенечкиот Судски Совет, Уршка Кежмах, со која размени мислење за механизмите за унапредување на независноста и интегритетот на Судскиот совет.
Вицепремиерката Грковска ги сподели предизвиците со кои се соочува македонскиот Судски Совет, кои придонесоа за губење на кредибилитетот на оваа институција. Таа информираше дека минатата недела во Северна Македонија заврши оценската мисија од страна на Европската комисија, која ја предводеше хрватскиот експерт и судија Бранко Хрватин. Во наредниот период, додаде таа, се очекува да пристигне Извештајот од оценската мисија, по што, нашата држава ќе мора да пристапи кон сериозни реформи.

Во таа насока, додаде Грковска, за нас ќе биде многу важно искуството на земјите членки на Европската Унија во примената на европската регулатива, особено во правосудниот систем и унапредувањето на независноста и јакнењето на интегритетот.

Вицепремиерката Грковска информираше дека на експертскиот тим делегиран од Европската комисија му доставила конкретни предлози преку кои може да се надминат слабостите во Судскиот Совет, а кои се однесуваат на унапредување на мерит системот и на критериумите за избор на судии, унапредување на транспарентноста при изборот, како и низа други решенија во насока на зајакнување на професионалноста, независноста и ефикасноста на оваа институција.

Потпретседателката Кежмах истакна дека Судскиот совет на Словенија силно се бори да ја зачува независноста, но и кредибилитетот на институцијата и професијата. За таа цел во рамките на Судскиот совет функционира Дисциплински суд, кој е независен и во кој членуваат судии со висок интегритет и големо искуство.

Таа нагласи дека во Судскиот совет на Словенија, во насока на унапредување на интегритетот и независноста на судиите функционираат независна Комисија за етика и интегритет, како независно тело кое проценува дали се прекршени етичките норми, но и лице за советување во случаи кога судиите имаат дилеми дали некоја постапка е спротивна на Етичкиот кодекс. Кежмах додаде дека во правосудниот систем на Словенија и од страна на адвокатите и од страна на судиите особено се внимава на опасноста од судир на интереси.

Двете соговорнички се согласија дека судиите мора да ја чуваат својата независност и во таа насока не смее да има солидарност за оние кои што го рушат угледот на професијата или се корумпирани.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Милош Биковиќ и Христијан Мицкоски (фото извор: Инстаграм профил на Мицкоски)

    Мицкоски се пофали со Биковиќ – но тој не е само актер, туку дел од прирачникот за хибридно влијание на Кремљ

    242 shares
    Share 97 Tweet 61
  • Крвави лица на Мицкоски, Тошковски и Јанев на страницата „Убијците на Кочани“ – ВМРО-ДПМНЕ бара истрага

    232 shares
    Share 93 Tweet 58
  • По кратка постапка да се решат Ромите – од Вардариште во логорите на смртта!

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    138 shares
    Share 55 Tweet 35
  • Мерц: Завршување на војната на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина не доаѓа предвид

    133 shares
    Share 53 Tweet 33
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ