• Latest

Пендаровски: Потребно соодветно вреднување и многу поголема поддршка на инженерските струки и нивна популаризација меѓу младите

October 10, 2023

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026
Христијан Мицкоски, Њујорк, 21 септември 2026 (скриншот, видео)

Мицкоски од Њујорк: Остануваме на европскиот пат, нејасно со кои конкретни чекори

September 22, 2026

На Меѓународниот ден на мирот, рускиот агресор продолжи со терор: Во Запорижја оштетени станбени згради, трговски центар и универзитет

September 21, 2026

ЦИВИЛ: Мирот никогаш не смее да стане синоним за предавање

September 21, 2026
Кампања на ЦДУ (Wikipedia)

Изборен земјотрес во Мекленбург-Западна Померанија: Алтернатива за Германија прва, социјалдемократите втори, демохристијаните надвор од парламентот

September 21, 2026

Рускиот агресор предизвикува хуманитарна катастрофа во окупираниот дел на Херсонската област, цивили се таргетираат со FPV-дронови

September 20, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Кога се краде како да нема утре, а власта се освојува и одржува со страв, стап и морков

September 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Пендаровски: Потребно соодветно вреднување и многу поголема поддршка на инженерските струки и нивна популаризација меѓу младите

October 10, 2023 14:12
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Инженерите се движечката сила во секоја држава, тие придонесуваат за благосостојбата и напредокот на општествата. Нашата земја не може да биде исклучок од овие глобални трендови кои го диктираат развојот на националните економии, но, за тоа е потребно соодветно вреднување и многу поголема поддршка на инженерските струки и нивна популаризација меѓу младите, истакна во обраќањето претседателот Стево Пендаровски на церемонијата на откривање спомен плоча нa ФЕИТ за исклучително достигнување на македонската наука.

-Почестен сум да бидам денес со вас на еден навистина исклучителен настан од огромно значење за македонското инженерство, но, и воопшто за македонската наука и општество, во целина. Во рамките на програмата Milestone, на најголемата светска организација на технички професионалци, Институтот за инженери по електротехника која е чадор организација за повеќе од 420.000 професионалци од 190 земји во светот, препознаена е една македонска иновација како особена за човештвото, посочи Пендаровски.

Додаде дека станува збор за истражување на Електротехничкиот факултет, во далечната 1988 година, именувано како Прва контрола на робот со мозочни бранови во светот.

-Истражувањето било предводено од проф. Стево Божиновски, поранешен професор на ФЕИТ, сега професор на универзитетот во Јужна Каролина во САД. Во чест на овој настан од денес во просториите на ФЕИТ ќе имаме плоча која ќе потсетува на ова значајно истражување и достигнување, и, се разбира, ќе биде и мотивација и инспирација за сите сегашни и идни македонски инженери, рече Пендаровски.

Тој изрази благодарност до Историскиот комитет на Институтот за инженери по електротехника што меѓу досега околу 200 најзначајни настани, вброи и истражување случено во македонска институција од наши инженери, што е несомнено големо признание.

-Во овој контекст би сакал да го споменам и учинокот на македонската секција на ИЕЕЕ, која минатата година прослави голем јубилеј, 25 години од своето основање. Ги охрабрувам членовите на секцијата и понатаму посветено да продолжат со активности преку кои ги промовираат стручните достигнувања на нејзините членови и оддели и секако да продолжат со обидите за унапредување на технологиите кои значат развој и напредок на човештвото, рече Пендаровски, додавајќи дека предуслов за тоа се координирани и перманентни активности и содржини.

-Како покровител на еден особено значаен настан кој несомнено придонесува во оваа насока –  доделувањето на инженерските прстени на најуспешните студенти од различните инженерски дисциплини, годинава одбележавме 20 години постоење, можам да посведочам дека поседуваме исклучително квалитетен инженерски подмладок. Дел од нив се тука, во предавалните и лабораториите на ФЕИТ. Манифестациите како Инженерски прстен и Milestone програмата даваат огромен придонес за развојот на инженерството и се мотивација и поткрепа за сите идни инженери, сегашни студенти. И моето присуство денес меѓу вас е со цел, уште еднаш, да ја нагласам мојата недвосмислена поддршка на Институтот за инженери по електротехника и нивната Milestone програма, додаде тој.

Нагласи дека поставувањето на плоча на ФЕИТ како една од нашите најрепрезентативни високообразовни институции е признание за постигнувањата на нашите инженери кои далеку ги надминуваат националните граници и претставуваат добробит за целото човештво, додавајќи тоа да биде инспирација „за сите студенти, за сите професори, за сите идни инженери да создаваат и да придонесуваат за градењето на  модерен и технолошки напреден свет, но, свет создаден по мерка на човекот и поставен врз највисоки етички норми и стандарди“.

Tags: ПендаровскиФЕИТ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ