• Latest

Кежаровски: Сите заедно да ја дадеме поддршката на „Утрински весник“!

November 8, 2016

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Кежаровски: Сите заедно да ја дадеме поддршката на „Утрински весник“!

November 8, 2016 18:12
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во екипата на ‘Утрински весник’ бев од самиот почеток. И сите случувања во тој весник тешко ми паѓаат. Без оглед на тоа колку новинари ќе се отпуштат и дали ќе се отпуштат, јас тоа некако поинаку го доживувам, затоа што едноставно, ‘Утрински’ го чувствувам како нешто свое“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, новинарот Томислав Кежаровски, по повод денешните настани во компанијата Медиа Принт Македонија и најавата за притисоци кои можат да доведат до гаснење на уште еден македонски медиум.  

„Во ‘Утрински’ му созревав како новинар, таму беа моите почетоци, таму се врзани дел од моите успеси во новинарството. Сé што се случува таму, го чувствувам како да ми се случува на мене, врз своја кожа. Она што се сака да се постигне со ‘Утрински весник’ во моментов, што се сака да се постигне со новинарството впрочем, според моето гледиште, е  – сакаат да наметнат една нивна политика и да се затвори тој последен бастион, да речеме, на отпорот кон оваа власт, кон овој режим. Доколку се случи затворање на ‘Утрински весник’, веќе нема да има разноликост во медиумите. Ако некаде имаше барем трошка разноликост, наоѓавме во одделни текстови во ‘Утрински весник’, во извесни колумни. Ако се затвори медиумот, ќе бидеме сведоци на момент, кога ќе го читаме само она што ќе ни биде сервирано од владејачката структура. Не знам какви ќе бидат одлуките на моите колеги. Се оди дотаму, дека ќе се прават и протести. Јас, од мое име, ја повикувам целата слободоумна јавност, сите оние кои мене ми дадоа поддршка во насока на слободата на говорот и слободата на мислење, ги повикувам сите заедно да ја дадеме поддршката на ‘Утрински весник’! Затоа што само на овој начин ќе покажеме дека ни се потребни вистински новинари“.

На прашањето на ЦИВИЛ Медиа за неговата оценка за постапката на менаџментот на МПМ кон „Утрински весник“ во предизборниот период, Кежаровски одговори: „Мојот впечаток е дека ова е некаков ‘геноцид’ што се прави врз новинарството. Не може поинаку да биде сфатено. Самата одлука да се истера буквално, според тие проценки колку се вработени и колку треба да се истераат, секој трет човек, тоа е како да направите геноцид. Тоа е нешто што некогаш се правело во, условно речено, концентрационите логори, па секој трет човек треба да оди пред стрелачки вод. Кои се тие критериуми? Како ќе бидат оценети луѓето кои што треба да се најдат на листата за отпуштање? Ова што се случува во ‘Утрински весник’, за жал, го имам поминато, почувствувано врз своја кожа. Тоа ни се случи во ‘Вечер’. Дел од медиумите ја спомнуваат ТВ А1, но да ги потсетам сите, да ја потсетам целокупната јавност дека отпуштањето на новинарите и тие масовни менувања на уредувачките структури во медиумите, почнаа во почетокот на 2006 година, кога од ‘Вечер’ бевме отпуштени дваесетина новинари. Дваесетина искусни новинари кои во тоа време беа на позиции, кој уредник, кој заменик уредник… Премолчувањето на овој случај веќе значеше крах за новинарството“.

Моника Талеска

Камера: Ермин Климента

Tags: КежаровскиМПМУтрински весник
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ