• Latest

Од ветувањата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ до реализација е „цело море“

November 8, 2023
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Од ветувањата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ до реализација е „цело море“

November 8, 2023 15:15
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На половина од мандатот градоначалниците на опозицската ВМРО-ДПМНЕ ги изневерија граѓаните, истакнуваат од владеачката СДСМ. И според анализите на секторите кои се занимаваат со проблеми од локалната самоуправа велат дека предизборните кампањи се сведуваат на листа на желби и атрактивни ветувања. Програмите најчесто се направени врз нереални проценки на можностите и прекопирани низ годините.

– Кога доаѓа моментот на реализација на истите, тогаш се јавува проблемот со немањето средства, надлежност, компетенции. Од ветувањата за некои капитални проекти, ние граѓаните за жал, секојдневно се соочуваме со нарушување на минималните стандарди за достоинствен живот. Раскопани улици и тротоари заземени од згради и коли, а со тоа и ограничување на просторот за движење. Стари атмосферски и канализациони мрежи, кои не одговараат на засилениот тренд на изградба на згради. Намалување на зелените површини, бетонизација. Висок степен на загаденост на воздухот дури и за време на летниот период. Депонии на секој чекор, кучиња скитници. Сѐ додека не се решат ваквите проблеми, излишно е да се зборува за наводни капитални и атрактивни инвестиции. Треба да се почне од почетокот, во зафати кои ќе го олеснат секојдневието на граѓанинот, изјави за „ Фронтлајн“ – Катица Михајловиќ од Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ), граѓанска организација, која работи на промоција на демократијата, доброто владеење и следење на општествените процеси.

Од друга страна, од мониторингот на општините што го спроведува Институтот за демократија и економски анализи (ИДЕА) преку платформата Преглед на општините, констатирано е дека степенот на исполнување на ветувањата на градоначалниците е низок во речиси сите општини во Северна Македонија.

– Од 872 ветувања дадени од 12 градоначалници, по две години мандат се реализирани само 10 отсто, а почнале да се реализираат или се реализираат само 15 отсто. Значи, лошото спроведување на ветувањата се чини дека е повеќе структурна аномалија отколку неуспех на еден или неколку градоначалници. Прво, на ова нормално влијае нереалните ветувања за време на изборите, каде што за да привлечат гласови, кандидатите даваат неостварливи ветувања. Но, ниските финансиски приходи на општините, под влијание на ниските лични примања и финансиската зависност на централно ниво, се чини дека се клучниот фактор што систематски го оневозможува реализирањето на ветувањата на градоначалниците на општините, изјави Омер Ајдини од ИДЕА за „Фронтлајн“.

Затоа, додава тој, покрај ветувањата за пореални проекти од кандидатите, треба да се зголеми и финансиската независност на општините за да можат да им служат на граѓаните.

– Досега немавме никаков механизам за мерење на степенот на исполнување на ветувањата, но благодарение на поддршката од European Endowment for Democracy, сега преку платформата Преглед на општините што се наоѓа на веб-страницата на институтот ИДЕА, емпириски мериме колку еден градоначалник, или сите градоначалници го реализираа тоа што го ветија. Со ова граѓаните полесно ќе се решат да наградат или казнат градоначалник на следните избори, подвлече тој.

Од СДСМ велат дека има безброј нереализирани изборни ветувања дадени пред граѓаните, безброј нереализирани проекти во изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ. Згора на се, во голем дел од општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ зголемени се цените на давачките за комунални услуги, за данок на имот, што е директен удар врз џебот на граѓаните.

– Да почнеме по ред со првите примери, големи општини раководени од ДПМНЕ. Во Прилеп, ДПМНЕ за 300% го зголеми данокот на имот за граѓаните а прилепчани плаќаат повисоки сметки за 67%. Не се реализирани проектите од програмата на градоначалникот, ги нема ветените нови градинки, катни гаражи, кружен тек. Прилеп е во мрак и полн со ѓубре. Резултати нула! Заклучок е: ДПМНЕ и Борче Јовчески ги изневерија прилепчани, изјавија од СДСМ.

Оттаму за пример ги посочија и општина Битола, општина Аеродром како и Штип за кои истакнаа дека нема проекти и нема резултати.

– ДПМНЕ и Коњановски ги покачија сметките за данок на имот за 300%. Удрија по џебот на граѓаните и со поскап паркинг, со укинато слободно паркирање. Не се реализирани проектите од програмата кои им беа ветени на граѓаните. Нема ново училиште, нема спортски комплекс, ја нема реконструкцијата на Копанки. Резултати нула! Коњановски и ДПМНЕ ги изневерија битолчани. Во Аеродром е дури и полошо, ниту едно изборно ветување не е реализирано, ниту еден капитален проекти, буквално ништо. Ги нема ветените нови градинки, нова гимназија, ниту „зелено“ училиште. Нема нови 100.000 m2 паркови и зеленило. Нема нови 3.000 паркинг места, кружни текови, велосипедски, пешачки и трим патеки. Веќе се потрошени над 30 милиони евра пари на граѓаните а не се реализира ништо. Тимчо Муцунски и ДПМНЕ ги изневерија граѓаните на Аеродром. А Муцунски е и потпретседател на ДПМНЕ. Во Штип идентично лошо, без никакви резултати а зголемени сметки за народот. ДПМНЕ и Иван Јорданов ги покачија сметките за штипјани за 110% а поскап е и паркингот. Не се реализирани ветувањата од програмата, го нема проектот за езеро и парк во населба Св.Недела. Нема нов Булевар Партизанска ниту обиколница до Ново Село. Има нечисти улици, запуштени зелени површини, а често снемува и вода. Јорданов и ДПМНЕ ги изневерија штипјани. Општините под капата на ДПМНЕ наместо да се развиваат стагнираат. ДПМНЕ не ја оправда довербата дадена на локалните избори. ДПМНЕ ги разочара, ги изневери граѓанит, констатирaат од СДСМ.

Инаку, кадри на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се на чело на 42 општини, на СДСМ во 16, на ДУИ 10 општини.

Дестан Јонузи/Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ