• Latest

Гир: Знаеме дека мора да го внесеме Западен Балкан во ЕУ, отворање преговори со Украина и Молдавија е историска одлука

November 10, 2023
Кривиј Риг, Украин, 23 јуни 2026 (фото извор: ДСНС Украина)

Продолжува рускиот терор врз украинските градови: Нападот врз Кривиј Риг однесе три животи, повеќе од 20 лица се повредени

June 23, 2026

CIVIL TODAY – СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ: Кремљовските наративи ја освојуваат Европа преку балканските мрежи за трансмисија

June 23, 2026
Крим, Украина (фото извор: ФБ страница Slava Ukraini)

Крим гори: Украина ги засилува нападите врз окупираниот полуостров

June 23, 2026

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Гир: Знаеме дека мора да го внесеме Западен Балкан во ЕУ, отворање преговори со Украина и Молдавија е историска одлука

November 10, 2023 07:21
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Европската Комисија да препорача отворање на пристапните преговори за членство во ЕУ со Украина и Молдавија се темели на објективна оценка за исполнување на поставените услови и претставува историска одлука. Но ние исто така знаеме дека мора да го внесеме Западен Балкан во ЕУ и затоа на маса е Планот за раст, значаен чекор да се осигура дека преку економска и социјална конвергентност ќе ги уживате поволностите од членството пред да станете членки, вели евроамбасадорот Дејвид Гир на новинарско прашање во врска со големото разочарувањето во државите од регионот поради забрзаната одлука на Украина да и се додели кандидатски статус во време на војна.

-Прво би ве поканил да го прочитате Извештајот за Украина и она што ќе го видите таму е дека Комисијата на објективен начин ги гледа различните услови коишто беа поставени за реформи и го покажува начинот на којшто Украина, односно Молдавија ги исполнија тие услови во многу тешки околности. Комисијата спроведе сметам објективна процена и врз основа на тоа донесе препорака Украина и Молдавија да се движат напред. Тоа е дел од процесот на заслуги. Сега треба да се фокусираме тука прво важната работа е да се случат реформите . Не скакам да видам дека нема напредок во извештаиве, туку сакам да видам дека има добар напредок и овој Извештај проценува што направила земјата во текот на изминатата година во поглед на реформите. Секако имате историја на реформи коишто може да ги надградувате и коишто ќе се унапредат. Вие сте многу понапред од Украина тие штотуку почнуват. Но ова се посебни објективни извештаи коишто ги гледаат реформите. Истовремено ЕК рече во ред, ова е историска одлука за Украина и Молдавија. Но, ние исто така знаеме дека мора да го внесеме Западен Балкан, во ЕУ. И што направивме го ставивме на маса овој План за раст којшто е голем, значаен чекор да се осигураме дека преку економска и социјална конвергентност ќе ги уживате поволностите од членството пред да станете членки. Но останатото е ваша работа, ваша одлука, тоа е нешто што вие треба да го направите. Ако ги донесете тие одлуки работејќи заедно, тогаш ќе се приклучите на ЕУ, вели Гир на заедничката прес – конференција со вицепремиеорт за европски прашања Бојан Маричиќ по повод објавениот Извештај на ЕК за земјава.

Според него, посетата на претседателот на ЕК, на ЗБ минатата недела, покажува дека Европа нема да го заборави регионот, и на него гледа како на важен дел од пристапниот процес.

За вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ отворањето на преговорите со Украина и со Молдавија ќе создаде дополнителен притисок на Унијата да не дозволи Западен Балкан да биде заборавен, оти тоа, смета дека би било геостратешка грешка на ЕУ

-Ние немаме зошто не, нема една причина да бидеме разочарани со отворањето на преговарачкиот процес за Украина и Молдавија. Затоа што не може ние да ја градиме нашата да речам, среќа или иднина надевајќи се дека некој друг нема да добие некаква шанса. Напротив мислам дека во геополитичката или геостратегиската ситуација во која што се наоѓа Европа во моментов, треба отворањето на преговорите со Украина и со Молдавија да се гледа како шанса како прилика да се реактуелизира долгогодишното ветување од  скоро две децении, не скоро, туку повеќе од две децении на ЕУ за членство на државите од ЗБ и да ја потсетиме ЕУ на тоа ветување. Мислам дека отворањето на преговорите со Украина и со Молдавија ќе создаде дополнителен притисок на Унијата да не дозволи Западен Балкан да биде заборавен. Тоа би било геостратешка грешка на ЕУ ако го заборави Западен Балкан во пакетот за следно проширување кога и тоа да се случи, а ние мислиме дека е возможно да се случи до крајот на оваа декада односно до 2030 година, оценува Маричиќ.

Тој смета дека заедно со Украина и Молдавија коишто сега се дел од планот за проширување, треба да направиме дополнителен притисок за наредното проширување кога и тоа да биде, да ги опфати државите од Западен Балкан.

-Се друго ќе значи оставање на Западен Балкан на едно трајно жариште на нестабилност и затоа мислам дека ЕУ тоа го сфаќа и го разбира. Доколку во некој момент сметаме дека не е така, ние сме должни да ги потсетиме, подвлекува вицепремиерто за европски прашања.

Она што е многу важно во оваа нова динамика на проширувањето, додава Маричиќ, е да не се заборави да се дискутира за тоа на кој начин билатералните прашања помеѓу државите членки на ЕУ и државите кандидати за членство  го оптеретуваат директно кредибилитетот на процесот на проширување.

-Тоа е важно прашање кое Северна Македонија го има почувствувано го има научено по потешкиот пат ги има почувствувано на свој грб во многу тешка форма последиците кога процесот на пристапување ќе биде заробен од билатерални  прашања со одреден држави членки. Затоа сметам дека ако зборуваме принципиелно за реформите, за што е неминовно да се зборува, треба да се воспостави систем на заслуги каде што државите што се добри во реформите  ќе имаат можност да напредуваат без да бидат сопрени од ниту една држава членка од ниту едно билатерално прашање коешто не припаѓа на корпусот за преговори со ЕУ, порачува Маричиќ.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ