• Latest

Ковачевски на Виенскиот економски форум: Интеграцијата во ЕУ освен во политичкиот, мора да се случува и во економскиот дел

November 13, 2023

Дискредитирана украинска пратеничка во служба на руската пропагандна машинерија и нејзините сателити

August 10, 2025

Пустата желба на Москва и нејзините сателити за заминување на Зеленски од функцијата

August 10, 2025
фото: принтскрин Жаре Стеваноски

МВР го разреши началникот од Демир Хисар за непрофесионално однесување

August 10, 2025
Фото: ЦУК

ЦУК: Активни четири пожари

August 10, 2025
Фото: принтскрин ТВ 21

Убиство во Тетово

August 10, 2025
Фото: Скриншот Х

Советот за безбедност на ОН свика итна седница поради планот на Израел за окупирање на Газа

August 10, 2025
МАТУРА Во нормалните општество ова е вистинскиот испит на зрелоста

На 12 и 14 август полагање на екстерните испити од државната матура во августовската сесија

August 10, 2025

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотребува полицијата за партиски цели во Демир Хисар за заплашување пред избори

August 10, 2025

ВЛЕН: Единствената „победа“ за Османи беше приемот на рускиот министер Лавров на самитот на ОБСЕ во Скопје

August 10, 2025

Крвта на невините, фантазијата за Нобелова награда и сцената за легитимирање на злосторникот од Кремљ

August 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Ковачевски на Виенскиот економски форум: Интеграцијата во ЕУ освен во политичкиот, мора да се случува и во економскиот дел

November 13, 2023 16:12
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По оваа нова геостратешка динамика што ја имаме во Европа, клучниот збор е интеграцијата, не само во ЕУ туку и во НАТО. Затоа интеграцијата мора да се случува во политичкиот дел, но и во економскиот дел. И затоа ние цврсто го поддржавме и го побаравме Планот за раст на Западен Балкан од претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен, бидејќи тој се потпира и лежи врз придобивките на интергарцијата.

Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски во обраќањето на панел- сесијата „Градење економска соработка во тешки времиња“, во рамки на 20-от Виенски економски форум, каде учествува заедно со премиерите на Албанија, Еди Рама, на Косово, Албин Курти, на Бугарија Николај Денков, како и министерот за економија на Молдавија, Думитру Алаиба.

-Една работа е сигурна. По оваа нова геостратешка динамика што ја имаме во Европа, клучниот збор е интеграцијата, не само во ЕУ туку и во НАТО, затоа што веројатно две од најразвиените земји во Европа, Шведска и Финска, сега сакаат да се приклучат на НАТО. Една од нив е веќе членка а една е во процес на ратификација. Истото важи и за ЕУ. Се докажа дека Европската Унија не може да има две граници, тоа не е одржливо, а во моментов имаме надворешна граница на ЕУ и имаме внатрешна граница којашто е токму во земјите од Западен Балкан, рече Ковачевски.

Премиерот посочи дека Северна Македонија во изминативе две години во време на криза постигнала многу релевантни работи особено во делот на зацврстувањето со односите со ЕУ, пренесе МИА.

-Ние го надградивме сето тоа врз членството во НАТО, така што во 2016 година странските директни инвестиции во земјата беа околу 350 милиони евра во најголемата кризна година, во 2022 странски директни инвестиции беа околу 760 милиони евра, што е двојно повеќе, рече Ковачевски.

Тој потсети дека во делот на платите, минималната плата е зголемена за 100 проценти, а пензиите за 40 проценти.

-Но кога ќе се вратиме на искористувањето на европските фондови, важно е да се потенцира дека Северна Македонија се докажа дека ги спроведува сите процедури, и со добро управување во делот на земјоделството особено, ние успеавме да бидеме првата земја којашто ја отвори ИПАРД 3 програмата со 40 проценти зголемени фондови од ЕУ и да го потрошиме тој пакет, што дури и некои членки на ЕУ не успеаја да го постигнат. Затоа велам дека ако некој е посветен, секоја цел може да биде достигната, истакна тој.

Според премиерот, треба да се потенцира важноста и на Берлинскиот процес, затоа што тој дава можност да се работи на законодавството, додека Иницијативата Отворен Балкан, како што рече, е доказ дека преку надградувањето на економската соработка носи придонеси за граѓаните.

-Трговијата, по иницијативата, со Србија и Албанија се зголеми за 20 отсто. Трговијата на Северна Македонија со Србија се зголеми за 50, а на Северна Македонија со Албанија за 40 проценти, а туризмот процвета бидејќи граѓаните најдоа можности да ги посетат земјите од регионот. Сето ова оди рака под рака со добрите политички односи, затоа што без добри политички односи не може да има економска интеграција, нагласи Ковачевски.

Во поглед на инфраструктурата, истакна тој, Западен Балкан, како ниту еден друг регион во Европа со децении беше без соодвена инфраструктра, а Коридор 8, како што рече, поради политички причини не беше изграден никогаш порано во минатото, затоа што дел од земјите беа дел од Варшавскиот договор, а земјава беше дел од Југославија.

-Во поглед на енергетиката, ние забележавме напредок во изминатите години, земја чие знаме го носи сонцето е земја со најмногу сончеви денови во светот, а ние сме таа земја. Го земавме предвид европскиот Зелен договор, и во моментов инсталираме обновливи извори и сме пионери во регионот. Во изминативе две години издадовме 658 лиценци за производство на енергија од обновливи извори. Работиме и на стратешки проекти со нашите соседни земји, особено со Грција и ќе започеме до крајот на годината со проект менаџментот за спроведување на новиот гасовод што ќе и овозможи на Северна Македонија да се приклучи на Транс-јадранскиот гасовод, а со тоа ќе добиеме енергетска независност и диверзификација во земјата, истакна премиерот.

Бугарскиот премиер Николај Денков, од своја страна рече дека Коридорот 8 е важен за мобилноста на НАТО, а важен и е за диверзитетот на нафтата и на енеретските производи.

-Коридор 8 оди од Албанија кон Бугарија и кога зборувам за југ кон север сметам дека ова се главните пристаништа во Грција, Александропули, Солун и Кавала, а потоа се поврзуваат преку бугарските пристаништа преку Дунав до Романија, и ова е нешто што ако го погледнеме на мапата е сосема природен начин да се развие овој источен регион. Буквално пред една година Грција, Бугарија и Романија се натпреваруваа за рутите од Исток кон Запад, истакна Денков.

Според него, еден од најтешките делови е да се промени менталитетот на луѓето во нашите земји. -Да се сфати дека сме Бугари граѓани на Бугарија, но сме и дел од Европа, и ако не сфатиме дека тоа денес е поважно ќе ни биде тешко да напредуваме, рече Денков.

На прашање на модераторот зошто Бугарија се уште нема цврст европски менталитет и кои се причините за тоа, Денков рече дека тоа е комбинација на две различни причини.

-Една од нив е дека ние имаме многу силни културолошки, историски, научни односи со Русија. Дури кога бев студент учев хемија и физика од руски учебници. А причините за тоа, дел од тоа е пропаганда која беше дел од нашите животи уште од градинка, па во основно училиште. Втората причина е мошне различна, е факт дека откако Путин реши дека нема да ја следи европската агенда на Русија, што беше многу возможно на почетокот, тој реши да го следи империјалистичкиот пристап и така тешко се дава позитивен пример и тој се обиде да ги освои овие земји со пропаганда, со хибридна војна. Оваа хибридна војна трае веќе неколку години во Европа, но во нашата земја, трае со децении и комбинацијата од овие две е навистина многу тешка да се надмине, оцени Денков.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ