• Latest
Војо Маневски

Може ли химната да се пее на различни јазици?

November 16, 2023

Нема штета, нема загадување – но „Мазут“ повторно се враќа на истрага

August 31, 2026
Петер Маѓар, Оливер Андонов - Блед, Словенија, 31 август 2026

(ФОТО ВЕСТ) Андонов на средба со унгарскиот премиер Маѓар во Блед: Поддршка за македонскиот пат кон ЕУ

August 31, 2026
Украинска инфраструктура уништена од агресорот

Украина повикува на засилена енергетска поддршка пред зимата: Русија подготвува нови напади врз енергетиката

August 31, 2026

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Може ли химната да се пее на различни јазици?

November 16, 2023 15:07
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Пред да почнам да ја објаснувам темата се потсетив на еден новинарски совет што го паметам долги години. Во една од кафеаните во Белград, како периферен следач на темите за обработка, понесен од важноста на уредниците, невоспитано елаборирав и тема ама и предлог за решение на состојбата која сакав да ја опишувам. Со скрстени раце на градите директно спроти мене седеше Иван Торов, еден од почитуваните уредници од тоа време.

Е, е, мој штипјанецу, морам да ти дадам слаба оценка за предлогот. Ти си новинар или политичар? Ако си политичар тогаш предлагај решенија ама ако си новинар е тогаш поттикни дебата. Ако во неа се вклучат релевантни луѓе, си ја завршил задачата, ако не, си го погрешил моментот за таа тема. Ги растргна тој хозен-трегерите и се врати во важниот разговор со другите уредници.

Ова денес изгледа како оправдување а јас го сметам за принцип во новинарството. Па ете што според тој принцип намислив како поттик за дебата во нашево поларизирано општество.

Некои од градоначалниците предлагаат пред почетокот на училишната недела, или ден беше, да се пее химната на државава. Ќе се пее или само ќе се интонира сѐ уште не сум на чисто. Тоа не е непознато во светот како обичај, ама целта што со таквата постапка треба да се постигне е различна. Во САД на многу места, често во училишта, спортски и ученички кампови, секојдневните активностите почнуваат со дигањето на знамето и пеењето на химната за него (химната на САД е за „знамето посеано со ѕвезди“).

Генерално, химната е начин на изразување на припадноста кон некоја заедница, нација, држава… Можеме овде да елаборираме колку тоа придонесува во градењето на ставовите на учениците, ама нели реков тоа е работа на оние што ќе се вклучат во дебатата.

Химната на САД, според податоците кои можат да се најдат и не ѐ стара колку и државата. Прво е употребувана како свечена песна на морнарицата, па дури во триесеттите години од дваесеттиот век е официјално прогласена за химна на САД. Текстот е прилагодуван неколку пати, а мелодијата е иста, само ритмиката е различна, затоа што некогаш се свирела во ритам на марш.

Марсељезата е можеби прва свечена песна која се почитува како химна на една држава. Нејзиното прво име е „марш на рајнската армија“. Кога батаљонот на марсејци стапнал на плочникот пред Тилјери ја пеел оваа песна која и ден денес е војнички марш. И во незиниот текст е интервенирано и повторно е враќан првобитниот повик за отпор кон непријателот. Денес употребата на Марсељезата е регулирана со францускиот закон, се употребува според закон и секое менување, изложување на потсмев или разни недолични употреби е казниво со сериозни казни.

Романови имале низа на химни за три века владеење со Русија. Како химна неформално се замал „Преображенскиот марш( марш на Преображенскиот полк) или марш на Петар Велики“. Кој го компонирал и кој го напишал текстот денес не е познато.

До втората светска војна химна на СССР е Интернационалата, а потоа Сергеј Михалков го напишал текстот за новата химна на СССР. Таа се употребуваше сѐ до 1990 кога Елцин ја смени и потоа десет години беше химна свечената песна за слава на Русија. Во 2000 год. Путин, во склад со својата политика на враќање на империјалистичките намери, ја врати химната на СССР како химна на Руската Федерација. За таа намена текстот се прилагоди на новото време и отпаднаа зборовите за советскиот народ и социјалистичките републики.

„Хеј Словени“, химна на некогашната нѝ држава која постарите и денес ја почитуваат како своја химна, е многу слична со полската, а делумно и со словачката химна. Се разбира само во музичкиот дел, иако споменувањето на словенството е застапено и таму. Во СФРЈ, во почетокот на седумдесеттите и појавата на либерализмот е составена комисија за составување на нова химна. Тогаш е направена познатата свечена песна „Југославијо борба те родила“ која често е употребувана како втора химна. Интересно е што текстот за оваа свечена песна е на сите официјални јазици на тогашните народи во Југославија и беше предвидено да се пее на сите тие различни јазици. По падот на либералите таа идеја е напуштена.

Вакви примери има речиси со секоја химна. Се менувал ритамот или метриката на музичкиот дел, а најчесто се прилагодувал и текстот на химната.

И нашата химна претрпела промени во склад со потребите и политичката реалност. Некои личности отпаѓале од текстот, некои се додавале .

Понесен од идејата да пишувам на оваа тема случајно го префрлив телевизорот на некој од спортските канали токму кога почнуваше реприза на натпревар од НБА кој се одиграл претходната ноќ. Место на настанот – Феникс, Аризона. Излезе убаво девојче со микрофон и почна да ја пее химната на САД. Музиката ми беше позната но нешто ми беше чудно бидејќи зборовите не ми беа разбирливи па морав да го свртам вниманието – химната се пееше на шпански јазик! Прогуглав малку и најдов податок дека оваа можност ја одобрил Рузвелт на крјот на Втората Светска Војна, во 1945-та, како благодарност кон хиспаниската заедницата која дала огромна помош за Америка „да се движи напред“.

Ете, после долгиот вовед како објаснување за намерите за поттик за дебата на темата химна, си поставувам прашања.

Прво и основно – ако химната е симбол кој ОБЕДИНУВА, симбол чија основна функција  е да означи припадност кон една заедница, дали пеењето/интонирањето на химната, само во дел од училиштата во Македонија ќе го има тој ефект?
Колку и да сакаме да веруваме дека е така, се плашам дека резултатот ќе биде сосема различен. Дали е можно да предизвика уште поголема поделба и да доведе до некакво разграничување, нешто што најмалку го посакуваме? Ако повеќе од 30 години не сме успеале да ги убедиме нашите сограѓани од албанска етничка припадност да ја прифатат и пеат македонската химна, па тоа не го прават дури ни репрезентативците кои се натпреваруваат под македонското знаме, што ни дава сигнал дека сега нешто ќе се смени? Искрено да ви кажам, мене ми е нелогично, ако веќе некаде се интонира нашата химна, тоа да не биде секаде! Една дебата е дали да се пушта во училиштата, но ако се пушта, тогаш треба да се пушта секаде. Секое друго решение е полошо бидејќи наместо да обединува, токму химната може да стане фактор на разединување.

Имаме проблем или немаме? Ако имаме, ќе го решаваме, ќе го игнорираме или ќе дотураме сол на раната?

Ќе си земам за слобода, со сиот ризик да бидам нападнат од голем дел од „чистите македонци“, да предложам – А зошто да не ја препееме химната и на албански јазик, па истата мелодија да се пее насекаде по Македонија?

Ако се пушта во Аеродром, Кисела Вода и Карпош, зошто да не се пушта на албански во паралелките со настава на албански јазик во Чаир, Тетово и Гостивар? Без оглед на тоа дали јазикот би бил албански, химната да е за МАКЕДОНИЈА како НАША земја!

Кога ќе се пушта химната на настапите на репрезентацијата, подобро е некои да молчат или СИТЕ  да ја пеат химната на својот јазик? Или некому му е подобро во општините со доминантно етничко албанско население да се пушта химна на друга држава?

Јас не знам, вие што мислите? Ајде да размислиме заедно, ама без да донесуваме избрзани одлуки. Важно е ова, за НАС сите … бар така мислам!  Ете јас поттикнав дебата, вие предложете решение.

Tags: поларизирано општествохимна
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ