• Latest

МТСП: Светскиот ден на детето одбележан со зголемување на капацитетите во градинките

November 20, 2023
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК го донесе упатството за бројот на советници

August 22, 2025
Илустрација ВИ

Сè што треба да знаете за изборниот материјал, што е што во изборен контекст

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Палестинските фракции почнаа да го предаваат оружјето во бегалскиот камп во Бејрут

August 22, 2025

Локални избори 2025: Кој и како ги поднесува кандидатските листи?

August 22, 2025

Еднострано раскинати три концесии за експлоатација на минерални суровини, објави Министерството за енергетика

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на
NBC News

Апелациониот суд во Њујорк ја поништи казната против Трамп за граѓанска измама од околу 500 милиони долари

August 22, 2025

„Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“, единствен понудувач на тендерот за трет мобилен оператор

August 22, 2025
Жаир Болсонаро, Бразил (Wikimedia Commons)

Поранешниот претседател Болсонаро планирал да избега во Аргентина барајќи азил, обвинува бразилската полиција

August 22, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Каја Калас: Предложените концесии на земјиште од Украина се стапица на Путин, најсилната безбедносна гаранција е силна украинска армија

August 22, 2025
Фото: Министерство за правда

Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

August 22, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

МТСП: Светскиот ден на детето одбележан со зголемување на капацитетите во градинките

November 20, 2023 13:01
in ВЕСТИ, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

По повод Светскиот ден на детето кој се одржува секоја година на 20 ноември на годишнината од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето Министерството за труд и социјална политика заедно со Општина Кисела Вода го одбележаа отпочнувањето на работата на доградбата на објектот „Кокиче“ во состав на ЈОУДГ „Весели цветови “. Доградбата обезбедува место во објектот за уште 56 деца. За доградбата градежните работи ги инвестираше Општина Кисела Вода додека Министерството за труд и социјална политика инвестираше во набавка, испорака и монтажа на опрема во вредност од 1.377.671 денари.

На одбележувањето беа присутни Заменик на Претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска.

Во изјавите за медиуми ЗПВРСМ, Фатмир Битиќи ги истакна досегашните достигнувања на Владата на Република Северна Македонија во однос на детската заштита со фокус на досегашните инвестиции во нови објекти.

„Од почетокот на мандатот на Владата во периодот од 2017-2023 година, отворени се вкупно 83 градинки или проширување на градинки низ целата држава, со кои е зголемен капацитетот на деца за околу 8.000 нови места. Во моментов од 80 општини колку што има низ цела држава, во 75 од нив имаме отворени градинки а со новата градинка која ќе се отвори во Арачиново, оваа бројка ќе биде 76. Градинките не се само градежен проект, туку инвестиција во потенцијалот на секое дете. Инвестираме во секое дете! Градиме едно општество за сите!“ рече Битиќи.

Тренчевска потенцираше дека денешниот потфат ја одразува непоколебливата посветеност за поттикнување на инклузивно, правично и прогресивно општество, истакнувајќи дека тоа ги потврдува вредностите на Владата. Таа посочи дека министерството ја препознава основната важност на достапно и квалитетно образование во раното детство.

„До крајот на 2023 година, планираме да отвориме дополнителни капацитети, кои обезбедуваат грижа и образование за 529 деца, До крајот на 2024 година, нашата цел е да создадеме дополнителни 1.653 места и тоа во Гостивар, Прилеп, Велес, Арачиново, Кочани, Василево, Липково, Дебар, Могила, Гевгелија, Чаир, с. Ерџелија и Делчево. Ова се цврсти чекори кон градење посветла иднина за нашата заедница, негувајќи го потенцијалот на секое дете и поддржувајќи ги семејствата во нивната потрага по квалитетна грижа за децата“ изјави Тренчевска.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • РУСКИ ХИБРИДНИ ЗАКАНИ (2): Од мета на напади до прокси држава

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ