• Latest

„Федерализација“ спакувана во „куртон вести“

December 6, 2016
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Федерализација“ спакувана во „куртон вести“

December 6, 2016 16:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Медиумскиот началник, човекот кој со брзина невидена во академските кругови се здоби со научното звање „професор доктор“, човекот кој за 24 часа доби „пемпеле“ од полицијата на Јанкуловска дека не е соработник на тајните служби, пријателот на балканскиот сатрап Милошевиќ кој беше во толпата што се обиде да ја запали американската амбасада во 1999та, човекот кој повеќе од 20 години блуе отров кон политички, верски и етнички различните, вчера, се огласи преку уредничкиот коментар на „куртон вестите“ на неговата телевизија, со уште една тирада на омраза и поттикнување на меѓуетничка нетолеранција, спакувана во коментар кој ги посочува „ризиците од двојазичноста во Македонија“. 

petrit-saracini-500x500-1-1-200x200
Пишува: Петрит Сарачини

Началникот професор – доктор уредник Лаки, или „скапата курва“ како што за себе своевремено изјави во ТВ емисијата на неговиот следбеник и сегашен вработен Јанко Илковски, во стил својствен на епитетот кој си го даде сам на себе, ја затскри својата омраза зад флоскулата „уреднички коментар“.

Итар е медиумскиот началник, знае дека на тој начин, бидејќи барем формално не се работи за информативна содржина туку за жанр кој изразува личен став, не го фаќа законот ниту пак методологијата со која ад-хок медиумската комисија ги оценува телевизиските вести и прилози. Тој исто така многу добро знае дека во сегашните медиумски закони нема санкција за говор на омраза (за што силно лобираше кај своите газди а богами и јавно кога се менуваа медиумските закони пред 2-3 години), како и дека во Македонија, во целата нејзина историја како самостојна држава, сè уште нема ниту осуден човек за говор на омраза според Кривичниот законик.

А што имаше во уредничкиот коментар на „куртон вестите“ на медиумскиот началник? Еден куп бројки и статистики без извор, кои посочуваат дека двојазичноста ќе ја чини Македонија 50 милиони евра, дека илјадници етнички Македонци ќе изгубат работни места во администрацијата, образованието, здравството,  а ќе се вработуваат илјадници нови Албанци.

Шарената лага коментарот на вестите на медиумскиот началник кулминира со бројката од над 70.000 Албанци, кои ќе се преселат во источниот дел на Македонија и ќе ја сменат етничката карта на населените места. Додека одат овие зборови, во прилогот се гледа исцртување на анимација со мапата на Македонија и три големи стрелки кои се движат од западот кон истокот на земјата, претставувајќи ја „наездата“ на Албанците. И сето тоа, без ниту еден извор, без ниту еден факт, но скриено зад флоскулите „уреднички коментар“, „експертите велат“ и спакувано во бројки, графикони и анимации за да изгледа ем страшно, ем уверливо.

Не само што можеме да претпоставиме, туку можеме со сигурност да речеме дека знаеме од каде доаѓа идејата и нарачката за овој најнов „новинарски“ потфат на началник Лаки. Па слушнавме во „бомбите“ како одат тие работи!

Финалниот удар на пропагандата на МВРО и успешно наметнатата лажна тема за „федерализација“ во оваа изборна кампања треба да се испорача преку најгледаните „куртон вести“ во земјава. И тоа од кого? Од истиот човек, кој во 2001вата, додека беше в нечија друга служба, преку медиумите што ги уредува, ја поддржа тогашната идеја на некои кругови во МАНУ и неговите тогашни политички мецени за поделба на Македонија. Е, токму тој сега ќе ја спасува Македонија од федерализација и двојазичност.

На 11 декември, граѓаните ќе стојат исправени пред уште еден избор: дали ќе се стави крај, или со нашата јавност уште долго време ќе царуваат медиумските началници? Дали оние, кои во куртон-вести пакуваат теми и информации според желбите на оние кои го создадоа Монструм, Кале, Куманово, тепачките по автобуси, според агендата на оние кои ни ги поделија училиштата, зградите во администрација, улиците, кафулињата, градовите, ќе продолжат да не лажат, дезинформираат, делат, да не крват меѓу себе и разнебитуваат? Или, конечно, ќе престанеме да ја сркаме нивната смрдена, бајата и по сто пати подгреана чорба на национализмот и фашизмот ?

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ