• Latest
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Македоноскепса

December 18, 2023

Алиу: Цените на паркингот на Клинички нема да биде ист за сите – бесплатно за болните од рак, најскапо ќе плаќаат тие кои не се пациенти

August 7, 2025
Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025
maalski policaec

РЕАКЦИИ: Од СФРЈ до денес, повик за враќање на маалски полицаец

August 7, 2025
Фото: Фејсбук на заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов

Владата ја продолжи кризната состојба за движење во шуми за 30 дена

August 7, 2025
Фејсбук Фатмир Лимани

Зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20-проценти

August 7, 2025

Додик најави референдум по одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025
Наводна слика од пожар во рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај на 7 август 2025 година, за време на украински напад врз регионот. Фото: Телеграм канал Exilenova+

Нападната рафинерија за нафта во рускиот Краснодарскиот крај во масивен напад на украински дронови

August 7, 2025
Фотографија: ЦивилМедиа

ССНМ бара зголемување на минималната плата за зачувување на слободата на медиумите

August 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Македоноскепса

Во земјата во која има најмногу детективи по глава на жител и фејсбук Поаровци и Мис Марпловки; во земја каде што, кој како стигне си коментира, ифрла грандиозни тези и хипотези; каде што секој се бави со секој друг и откако “уздуж и попреко” се истакнаа со “стручно” мислење за двократно убиство без грам чувство кон блиските. Сега, во оваа земја ете ја и наездата со нови анализи и “експертизи на новата тема”.

December 18, 2023 20:00
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Фото: Б. Јордановска / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

АНА ЧУПЕСКА

Па слушаме и читаме геостратешкиот налет на импресии правени по гранап методологија за одлуката на ЕУ во врска со асоцијативниот статус на Украина и Молдавија.

Во МАНУ, на пример, на тој свечен вергиниозен собир на менгелеевци, и по телевизии, убаво вели професорката Мирјана Малевска, официјално се “отвори војна кон ЕУ ”. Следствено, низ јавниот простор ќе се стимулира евроскепсата се повеќе и повеќе, со цел да се амортизира штетата што ја направи опозицијата со само-блокадата, и ќе се вперува прстот кон ЕУ, наместо кон сами себе. Ок. Очекувано. Но сепак, конзистентно деструктивно.

Многу деструктивно!

Извинете Патриоти-Евроскептици, ама мора малку и соочување, sorry !

Ќе мора малку да и да се разочарате и ќе мора малку да се увиди дека актуелната евроскепса е всуштост замаскирана МАКЕДОНОСКЕПСА; или кавер, екскјуз, и оправдание за најниското можно ниво на самопочит и самодоверба во својата држава.

Предлагам, прво да се погледнеме себеси, и да се потсетиме на несоборливите факти за она ште се случуваше во изминативе година ипол

1.Добивме преговарачка рамка која можеби и задира во нашата балканска суета, но, сепак рамката БЕНИГНО ја таргетира истата таа ВЕЛИКОМАЧЕНИЧКА СУЕТА со додавањето на другите народи во Уставот. И, ова е гола вода, компарирано со претходните налудничави барања на бугарската политика – сите тие беа ОТСТРАНЕТИ од Преговарачката Рамка.

2.Не знам уште кој од ЕУ и САД не дојде и на кој уште јазик не ни кажаа (вклучителни и на чист македонски) дека промената на уставот е нашата карта за ЕУ, ама јок бре брате, не допре тоа до некои политички фактори кои за жал имаат побитни работи од нашите ЕУ интеграции.

3. Украина ниту стана, ниту во блиска иднина ќе стане членка на ЕУ, затоа што ова директно зависи од исходот од војната која ја води и чиј што крај се уште е невидлив.

4. Она со кафето на Орбан, што го третираме популарно како преседан, всушност беше покритие за него, затоа што паралелно со кафето – уследи и ВИСТИНСКО ВЕТО од негова страна спрема Украина. Имено, тој ја блокираше помошта од 52 милиони, со што суштествено го утепа Зеленски. Значи, симболично “ѓоа помогна” за статустот на асоцијација, а фактички ја закопа Украина со ветирањето на паричната помош (која патем се повеќе се намалува како од ЕУ , така и од САД).

Накратко, трикот со кафето, беше оправдување и матење вода за реалното вето.

Поентата ми е дека, не може изолирано да се толкуваат процесите, само од нашата калимеро перспектива. А контекстот е таков што Путин преку Орбан , сепак успеа да ја ослабне Украина – независно што не изгледа баш така!

И вистинските анализи мора да ја земат предвид и ова перспектива.

5. Ние, ни случајно, не би смееле да запаѓаме во дефетизам, заради тоа проклето празно столче. Затоа што и во наш интерес е Украина да има таков статус, кој ние го добивме на првата меѓувладина конференција, но, кој го само-блокиравме со уставните неизмени и сега не можеме да ја видиме Втората меѓувладина конференција на Советот.

6. Конечно, Не дај Боже, да се споредуваме со Украина и Молдавија, кои се под непосредна закана од Путин. Иако, со оваа и претстојната евроскептична динамика овде, која влече со себе и високо ризични безбедносни предизвици – најдобро да си ја гледаме нашата работа и да си ја следиме нашата агенда и нашиот интерес.

Затоа, замолувам сите компарации со соседните земји, како и со Украина и Молдавија да ги оставиме надвор од нашите “аналитички” коментари, оти не само што не се релевантни, туку, и им одат во прилог на “третите мрачни страни “, затоа што имаат за цел да ја јакнат евроскепсата, пардон, Македоноскепсата, а со тоа да не одвратат од нашата стратешка цел.

Значи, со ладни глави и со аналитичка изостреност, со волја да се држиме до нашиот државен интерес пред се, мора да се носат мудри одлуки кои ќе ни гарантираат подобар и поквалитен живот тука, кај нас дома.

Полека со имресиите и скокање во ладна вода.

Полека и со вергина знамињата (во МАНУ го ставиле на говорницата?! Замислете!)

Извор: Либертас

Print Friendly, PDF & Email
Tags: евроинтеграцииевроскептициМАНУпатриоти
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ