• Latest

Вкупно 39 години затворски казни за случајот „Ласкарци“

January 25, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Вкупно 39 години затворски казни за случајот „Ласкарци“

January 25, 2024 13:13
in ВЕСТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Вкупно 39 години добија обвинетите во случајот „Ласкарци“ којшто се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

Судечкиот совет при Основниот Кривичен суд Скопје денеска го прогласи за виновен обвинетиот Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“ и му изрече казна затвор од четири години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари казна затвор од шест години, а на тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, кои се товарат за соучество во истото дело, им изрече затворска казна од по пет години.

Најголема казна затвор од 14 години доби возачот на автобусот, Маноил Трифуновски.

На обвинетите им беше изречена и забрана за вршење професија и должност во времетраење од пет години.

Според пресудата, обвинетите Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмиш Белули“ и одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, не се придржувале кон прописите за безбедност во масовен сообраќај, иако биле свесни дека може да настане штетна последица и со тоа предизвикале опасност за животот на луѓето кои се превезувале со автобусот.

– Дозволиле во сообраќајот континуирано да учествува технички неисправен автобус без да преземат контрола и мерки за да има исправна состојба и да учествува во јавен сообраќај, рече судијката Диана Груевска Илиевска.

За тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боваровски, кои се товарат за соучество во истото дело, се наведува дека предизвикале опасност бидејќи, според пресудата, иако воочиле дека има неисправности, дозволиле автобусот да помине на технички преглед.

– Поради утвреднените технички неисправности на автобусот, за кои биле свесни, наместо да спречат учество на автобусот во сообраќај и да пријават во Министерството за транспорт и врски, дозволиле да учествува во сообраќај неисправен автобус, рече судијката.

Во пресудата стои дека обвинетиот Маноил Трифуновски, како професионален возач, свесен дека управува неисправно возило, на 13 февруари 2019 година, како учесник во сообраќајот го управувал автобусот со 55 патници, не се придржувал кон прописите и го загрозил јавниот сообраќај.

– Кога со автобусот дошол во близина на Ласкарци поради отсуство на внимание удрил во металната ограда, рече судијката, која потоа го образложи случувањето на незгодата.

Во процесот кој започна во 2019 година беа изведени повеќе вербални и материјални докази, а беше направено вештачење и супервештачење.

Процесот го водеше судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е обвинителот Дарко Јакимовски.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ласкарци
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result