Изборите ако се одржат денес, и владејачката коалиција предводена од СДСМ настапи со една листа, а ВМРО-ДПМНЕ со актуелната коалиција, речиси нема сценарио во кое опозициската партија ќе победи на парламентарните избори, потенцираат во анализата на Преспа Институтот направена преку алатката за истражување и аналитика ЕлектроМетар.
Во Македонија генерално се гласа за политичка партија, заклучуваат истражувачите. Анализата покажува и дека излезноста на гласачите влијае на резултатите, односно ВМРО-ДПМНЕ имаат сигурни околу 300.000 гласови на изборите, додека пак варира кај СДСМ, колку е помал одзивот на гласачите, толку помалку гласови добива оваа партија, и обратно. Додека ДУИ имаат сигурно гласачко тело.
Доколку ВМРО-ДПМНЕ прифати уставни измени пред изборите, проценките се дека може да изгуби над 30 отсто од потенцијалните гласови.
Д. М.