• Latest

Дали 2024 година ќе биде новата 1933-та?

February 1, 2024
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Проф. Андонов: Политикантските коментари на Мицкоски за наводни хибридни напади против неговата влада не се ништо освен пропаганда за негов спас на изборите

September 15, 2025
Фото: Скриншот од Инстаграм

НЕ Е КРЕИРАНО СО ВИ: Трамп тврди дека го решил конфликтот меѓу Азербејџан и Албанија

September 15, 2025
фото: ВИ

24 ЧАСА: ЦИВИЛ алармира – демократијата под удар; Русија гледа ‘српски Мајдан’, Украина враќа со кибер напад

September 15, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски: На Вардариште живеат над 200 луѓе кои треба да се дислоцираат, за трајно решавање на проблемот со депонијата потребен е системски пристап

September 15, 2025
Protesti Novi Sad, interventna edinica
Foto: Screenshot X Radio 021

Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

September 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на China Xinhua News/ Фејсбук

Военото разузнавање на Украинска во „кибер одмазда“ ги наруши руските изборни системи, особено во окупираните украински региони

September 15, 2025

Пукано во младо момче во Скопје – Тошкоски: Нелегалното оружје и дрогата немаат иднина во Македонија

September 15, 2025
RussianEmbassy/ London-Uk
Source-Wikipedia

Велика Британија го повика рускиот амбасадор поради нарушување на воздушниот простор на НАТО

September 15, 2025
Воени вежби во Белорусија непосредно пред руската инвазија на Украина - многу семејства мислеа дека тоа е се што ќе прави нивниот син или партнер/ GETTY IMAGES

Американски воени офицери во ненадејна посета на Белорусија за да набљудуваат воени вежби со Русија

September 15, 2025

Народна банка: Учеството за станбен кредит за граѓаните кои првпат ќе купат стан ќе биде 10 проценти

September 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Дали 2024 година ќе биде новата 1933-та?

February 1, 2024 15:47
in АНАЛИЗИ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

МАРК ЏОНС / Project Syndicate

На 30 јануари 1933 година, Адолф Хитлер беше назначен за канцелар на Германија. За неговите поддржувачи, тоа беше ден на „национална револуција” и преродба. Тие веруваа дека на Германија ѝ е потребна обновувачка сила на авторитарен моќник по 14 години на либерално-демократскиот Вајмарски „систем“. Таа ноќ, хитлеровите кафеави кошули маршираа низ централен Берлин за да го одбележат почетокот на една нова ера.

Тоа беше и триумфален момент во историјата на популарната измама. Уште од раните денови на Вајмарската Република, нејзината политика беше дефинирана од дезинформациски кампањи, вклучувајќи ја и лагата дека Вајмарската демократија е дело на заговори од Евреи и социјалисти кои „на Германија ѝ забодеа нож во грб” за да го осигураат нејзиниот пораз во Првата светска војна.

Денес, малкумина оспоруваат дека доаѓањето на Хитлер беше пресвртница во светската историја, почеток на политички процес што ќе доведе до Втората светска војна и Холокаустот. Но, Хитлер не ја „презеде власта“, како што нацистите подоцна тврдеа. Наместо тоа, како што неговиот биограф Иан Кершо објасни, тој беше „донесен на власт“ од страна на мала група влијателни луѓе.

Еден од тие луѓе беше Франц фон Папен, кој беше канцелар во 1932 година. Тој (неславно) мислеше дека Хитлер и Нацистичката партија – убедливо најголемата партија по изборите во Рајхстагот во 1932 година – може да се искористат за унапредување на конзервативната агенда. Слично, германскиот претседател, поранешниот фелдмаршал Паул фон Хинденбург, сакаше да го користи Хитлер за да ја врати монархијата.

Но, плановите на овие конзервативци набрзо беа уништени од безмилосното раководство на Хитлер, нацистичкото насилство и брзањето на германската јавност да се приклучи на режимот и да стане дел од ветеното национално повторно будење. Либералите и социјалдемократите кои му се спротивставуваа на Хитлер беа или подложени на насилство или фатени во нивното сопствено оптимистичко бегство. Колку и да станаа работите лоши, тие се уверуваа себеси, владеењето на Хитлер на крајот ќе пропадне. Нацистичките внатрешни борби сигурно ќе донесат крај на новата влада.

Покрај либералите и социјалистите, поголем дел на германското општество претпоставуваше дека Хинденбург, кој вети дека ќе биде претседател на сите Германци, ќе го држи Хитлер на ланец, додека други очекуваа армијата да го стори тоа. Сите беа измамени од способноста на Хитлер да изгледа угледно во последните година на Вајмарската Република.

Во рок од 100 дена откако Хитлер стана канцелар, како што покажа историчарот Петер Фрицше, безмилосната желба на нацистите за моќ стана премногу јасна. До крајот на летото 1933 година, германското општество беше построено. Немаше повеќе независни политички партии, синдикати или културни организации. Само христијанските цркви задржаа одреден степен на независност.

Една година подоцна, во летото 1934 година, Хитлер нареди убиство на неговите внатрепартиски ривали и по смртта на Хинденбург на 2 август, се прогласи себеси за германски Фирер. Неговата диктатура беше комплетна. Дотогаш, првите концентрациони логори веќе беа во функција, а економијата беше ставена на пат кон војна.

Овој период од историјата останува мошне релевантен и денес. Стотици милиони луѓе ќе гласаат на клучни избори оваа година и иако постојат знаци на предупредување, премалку коментатори се подготвени да кажат гласно: 2024 година можеби е новата 1933 година.

Замислете го само светот за една година од сега, каде дезинформациите ги имаат уништено демократските мнозинства ширум светот. Претседателот Доналд Трамп ја прекинува поддршката на САД за Украина. НАТО повеќе не е ограничувач на соништата на Владимир Путин за изградба на нова руска империја низ источна Европа. Критична маса на крајно десничарски партии во Европскиот парламент го блокира унифицираниот европски одговор. Полска, Естонија, Литванија и Летонија се препуштени сами на себе. Со војната во Газа која се проширува во регионален конфликт, Путин ја искористува можноста да започне уште еден блиц, пропратен со ракети со долг дострел. А сред хаосот, Кина одлучува да го заземе Тајван.

Перспективите за 2024 година се толку мрачни што многумина одбиваат да размислуваат за нив. Како што либералите во 1933 година предвидуваа дека Хитлер набрзо ќе пропадне, така пустата желба денес ни го замаглува расудувањето. Ние месечариме – да ја позајмиме соодветната метафора на Кристофер Кларк за појавата на Првата светска војна – во нов меѓународен ред.

Во нејзината мајсторска двотомна историја на меѓувоената ера, Зара Штајнер ги нарекува годините 1929-33 „години на врвот“, кога идеализмот во меѓународните односи беше заменет со „Триумфот на темнината“. Но, дури во 1926 година, либералите се чинеше дека победуваат: францускиот министер за надворешни работи Аристид Бријан и неговиот германски колега, Густав Штреземан, ја делеа Нобеловата награда за мир за нивната работа на француско-германското помирување, а Германија се приклучи на Лигата на народите. Се чинеше дека екстремниот национализам беше изолиран во Италија на Мусолини.

Соочени со денешните глобални кризи, нема простор за оптимизам. Потенцијално се наоѓаме во уште една „година на врвот“. Ако либералите дејствуваат сега, тие сé уште можат да надвладеат.

Како ветувачки знак, стотици илјади Германци неодамна излегоа на улиците да ја поддржат демократијата и различностите и да ја осудат крајната десница. Но, протестите во една земја не се доволни. На германските либерали мора да им се придружат други низ целиот континент. Протести низ целиот континент би испратиле моќна порака. Чувството на итност мора да се прошири нагоре, особено на деловните лидери како што е извршниот директор на ЏП Морган Чејс, Џејми Димон, кој одејќи на сигурно, веќе почна да му се умилкува на Трамп.

Не толку одамна, европските лидери се собраа и направија сé што беше потребно за да се спаси еврото, бидејќи тие препознаа дека неуспехот на единствената валута би ставило крај на самата Европска унија. Европејците сега мора да ја бараат истата итност за да се соочиме со овогодинешните закани. На ЕУ ѝ е потребен план за свет без НАТО. Потребни ѝ се нови алатки за да се справи со лидери на земји-членки како унгарскиот премиер Виктор Орбан и словачкиот премиер Роберт Фицо, кои и двајцата попрво би го бакнале прстенот на Путин отколку да ја одбранат демократијата. Едноставно е неприфатливо што Орбан сé уште има право на вето врз одлучувањето на ЕУ.

Во Соединетите Држави, политичката мобилизација е големата променлива. Противниците на Трамп мора да ги оставаат настрана нивните разлики и да се обединат зад претседателот Џо Бајден. Знаеме премногу добро каде може да доведе неединството и наивниот оптимизам.

Марк Џонс, асистент по историја на универзитетскиот колеџ Даблин, е автор на 1923: The Forgotten Crisis in the Year of Hitler’s Coup (Basic Books, 2023).

Превод: Н. Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: Will 2024 Be the New 1933?. Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубчо Георгиевски за ЦИВИЛ Медиа: Иван Стоиљковиќ е докажан борец против македонската државност, од раните 90 години беше активен противник на независна самостојна македонска држава

    156 shares
    Share 62 Tweet 39
  • Срџан Амет, прв Ром кандидат за Скопје: Време е да се разбие стигмата за Ромите

    141 shares
    Share 56 Tweet 35
  • Хаотично заебавање

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • Руската разузнавачка служба ја обвини ЕУ дека финансира и подготвува „српски Мајдан“ на 1 ноември, на годишнината од падот на настрешницата во Нови Сад

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • 24 ЧАСА: Молк од владата за големо-српската пропаганда на Денот на независноста; Падна владата на Франција; ЕУ да го осуди Вучиќ по навредите кон европратениците; Во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ