• Latest

Отворена Минхенската безбедносна конференција

February 16, 2024

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
Европската комисија; Фото: Европска Унија

ЦИВИЛ: ЕУ мора конкретно да санкционира глорификација на воени злосторници и негирање на геноцид

September 2, 2026

Невработени има, работници нема: Парадоксот на македонскиот пазар на труд

September 1, 2026

ЦИВИЛ бара од Владата да постапи одговорно и според законот: Величањето воен злосторник е политички, правно и морално неприфатливо

September 1, 2026
Бледски стратешки форум (Скриншот: Bled Strategic Forum YouTube Channel)

Бледски форум: Проширувањето на ЕУ е геополитичка потреба, Муцунски бара стратешка визија за Западен Балкан

September 1, 2026

Шести ден континуиран руски терор врз Кијив: Ракети „Калибар“ и „Циркон“, балистички проектили и 218 дронови во нов масовен напад врз Украина

September 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Отворена Минхенската безбедносна конференција

February 16, 2024 15:15
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Шефот на Минхенската безбедносна конференција, Кристоф Хојсген, денеска изјави дека човечкото страдање ширум светот е зголемено до степен што многу генерации веројатно не го виделе досега.

Ако ги прашате луѓето да ја опишат состојбата во светот, ќе слушнете многу мрачни коментари, што се одрази и во овогодишниот извештај за безбедност во Минхен, кој беше наречен „изгуби-изгуби“, нагласи Хојсген отварајќи ја конференцијата, пренесува МИА.

-Да наведеме неколку места, Рогот на Африка, Судан, Јемен, Хаити, Авганистан, милион Рохинџи остануваат заглавени во Кокс Базар. Русија продолжува со бруталниот напад врз Украинците. Израелците беа погодени од нехуман терористички напад. Околу 25.000 Палестинци, главно деца и жени, ги загубија животите, потенцира тој, додавајќи дека учесниците ќе се обидат да ги разгледаат сите овие конфликти во текот на следните три дена.

На почетокот на конференцијата тој исто така рече дека жали за смртта на Алексеј Навални, за кој рече дека е посебен човек.

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека нашиот свет се соочува со егзистенцијални предизвици, но дека светот е повеќе поделен од кога било во изминатите 75 години. На панелот за глобалниот поредок, тој истакна дека оваа поделба е поопасна отколку за време на Студената војна, бидејќи, како што кажа, „заканата од нуклеарна војна сега е реална“.

-Денес, во нашиот мултиполарен свет, сè уште се соочуваме со нуклеарна опасност. И се справуваме со две други закани со егзистенцијални димензии – климатската криза и ризиците од неконтролирана вештачка интелигенција. И не успеавме да преземеме ефективни чекори за да одговориме на кој било од овие егзистенцијални предизвици, рече Гутереш.

Тој оцени дека земјите денес прават што сакаат без одговорност, а тоа како што посочи, е поради „неказнувањето“. Гутереш нагласи дека доколку земјите ги исполнат своите обврски според Повелбата на ОН и меѓународното право, секој човек на земјата ќе живее во мир и достоинство, но дека проблемот е што многу влади ја игнорираат оваа обврска, а милиони цивили платиле ужасна цена.

-Ништо не може да ги оправда непромислените терористички напади што Хамас ги започна на 7 октомври против Израел. И ништо не може да го оправда колективното казнување на палестинскиот народ во воениот одговор на Израел. Ситуацијата во Газа е ќорсокак во глобалните односи. Нивото на смрт и уништувањето е шокантно, а војната исто така се шири преку границите низ регионот и влијае на глобалната трговија, рече тој.

Тој, исто така, рече дека очајно ни е потребен праведен и одржлив мир за Украина, за Русија и за светот, но мир во согласност со Повелбата на ОН и меѓународното право, кое утврдува обврска за почитување на територијалниот интегритет на суверените држави.

Tags: конференцијаМинхен
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ