• Latest
Фото/ Собрание на Р.С. Македонија

Собранието ги донесе по скратена постапка измените на Изборниот законик

March 7, 2024
Вонреден Самит во Брисел 26-27 ноември 2026
(Фото: Европска Унија)

Без договор за буџетот на ЕУ до 2034 година, преговорите продолжуваат во декември

November 27, 2026
Фотографија: Преземено од Pexels

„Ниту една повеќе“: Протестите против фемицидот не се простор за партиска промоција

November 27, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Албанските студенти влегуваат во политиката со иницијатива за нова партија „Обединети за Албанија“

November 27, 2026
Кијив, 26 ноември 2026 (Фото: ДСНС)

Нови руски напади врз Кијив и Харкив: Загина брачен пар, седум повредени

November 26, 2026
Самит ЕУ -Западен Балкан во Брисел (Фото: Европски совет)

Самит ЕУ – Западен Балкан во Брисел: ЕУ ја потврди европската перспектива на регионот, реформите остануваат клучен услов

November 26, 2026
Силата на Украина е силата на Европа: ЦИВИЛ и Амбасадата на Украина го одбележаа Денот на достоинството и слободата (Фото:  Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

(ВИДЕО) Моќни пораки од обележувањето на Денот на достоинството и слободата: Украина – силна и слободна

November 26, 2026
Ниту една повеќе блокира пред Влада (Фото: Ванчо Џамбаски, Flickr, CC BY-NC-SA 4.0)

Марш во Скопје против фемицидот и семејното наслиство: Не е љубов ако те убива

November 26, 2026

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕМОКРАТИЈА ИЗБОРИ

Собранието ги донесе по скратена постапка измените на Изборниот законик

March 7, 2024 15:42
in ВЕСТИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фото/ Собрание на Р.С. Македонија

Фото/ Собрание на Р.С. Македонија

Share on FacebookShare on Twitter

Собранието попладнево на 147 седница по скратена постапка ги донесе законите за дополнување и измени на Законот за високото образование и на Изборниот законик, откако претходно беа разгледани на матичните комисии (за образование, наука и спорт и за политички систем) и Законодавно-правната комисија каде што не биле усвоени амандмани и немаше дополнителни предлози за расправа.

Без расправа беше изгласан и Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка, чија цел, како што претходно образложи пратеникот Мартин Костовски, е да се допрецизира постојната правна рамка и да се доуредат одредбите од постојното законско решение во насока на инклузивен изборен процес за сите учесници на изборите.

Меѓу другото, се допрецизираат одредбите во однос на регистрацијата на гласачите со цел сите гласачи кои ги исполнуваат условите да бидат запишани во избирачките списоци, со отстранување на ограничувањата врз основа на истечени документи за идентификација, како и со разјаснување на процедурите за вклучување во избирачките списоци на лицата кои ќе наполнат 18 години помеѓу двата изборни круга.

Со преодната одредба на законот се уредува правото избирачите да може да гласаат со лична карта или патна исправа чија важност истекла во периодот од девет месеци до денот на одржување на изборите.

Со предложените измени се задолжуваат јавниот радиодифузен сервис како и телевизии на државно ниво да ги објавуваат содржините поврзани со изборниот процес во формат достапен за лицата со попреченост, односно со користење знаковен јазик, титлови, тонски опис или други алатки за обезбедување пристапност.

Исто така, се дорегулираат и допрецизираат одредбите во однос на финансирањето на изборите и доставувањето и објавувањето на извештаите за примени донации на тансакциската сметка за изборна кампања. Со законот се предлага да се одреди јасна временска рамка за одржување на повторените избори во случаите кога условот за излезеност не е исполнет во првиот круг од изборите за градоначалник, се со цел да се намали ризикот од неуспешни избори, пренесе МИА.

Измените предвидени во ова законско решение го уредуваат рокот за одлучување на Управниот суд во случај на поднесена тужба за заштита на избирачкото право на подносителите на листи и на избирачите.

Двата закона – за дополнување на Законот за високото образование и за изменување и дополнување на Изборниот законик, беа изгласани со мнозинство од вкупниот број пратеници и со мнозинство гласови од пратеници припадници на заедниците кои не се мнозинство во државава кои беа присутни на 147 собраниска седница.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ