• Latest

Дешифрирањето би било – да си згазнам на власт па потоа здравје

March 10, 2024

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ПО ДОПРЕН ГЛАС

Дешифрирањето би било – да си згазнам на власт па потоа здравје

March 10, 2024 12:24
in ПО ДОПРЕН ГЛАС, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН ИВАНОВ

Па добро, навистина ли мисли и верува ли и тој самиот на своите спакувани зборoви пред наместената ТВ камера на апла наместените прашања на приватниот репортер на националната партиска телевизија и во друштво само на жената што во заднината со кофата и џогерот си ја брка својата дневна работа, нашиов, претседаелот на ВМРО-ДПМНЕ, така осамен во холот на својот хотел или во ходникот на некое австриско министерство онака груевистички препотентно ни фрла прав в очи дека неговите десни имале разбирање за неговите ЕУ ставови, дека во  Букурешт на собирот на сестринските партии меѓу кои, внимавајте, и во присуство и на госпожата Дер Лаен која по негов налог неговите нотарски депутати овде во собранието за францускиот ја навредуваа и и` крештеа со вувузелите брукајќи се и себе и партијата и државата и сега токму оттаму од каде што го отфикарија за нови рамковни преговарања, од каде што никој, ама баш никој, ама баш ниту еден од тие меѓународни на кои се повикува тоа не го потврди но, ете, имале разбирање за неговите заложби, попрецизно, разбирање не за нови преговори, не за нова ЕУ рамка туку само разбирање за неговите заложби, практично само внимателно дипломатски сочувство за неговите демагогии но не и поддршка за неговите илузии па дури и од таа негова најнова лузерска позиција се уште уверува, убедува дека веднаш по изборите овдешни ќе предводел проевропска влада ама немало да коленичи, ќе ги чекал ЕУ парите ама немало да проси, ќе немало уставни ама ќе почнеле ЕУ преговори и дека онака машки донкихотски ќе стоел на браникот на идентитетот и дека нема да ги распродавал македонските национални интересите без при тоа да појасни, да посочи за какви тоа интереси се работи и, кажано во оваа една реченица и зумирано во збор, два, дешифрирањето би било – да си згазнам на власт па потоа здравје.


Специјално за медиумската платформа на ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ