• Latest
Фото: Архива

По Таравари и Османи ќе предложи излегување од иницијативата Отворен Балкан

April 15, 2024

Американската пошта развива избрзан и дефектен систем за гласачките ливчиња по наредба на Трамп, предупреди свиркач

September 12, 2026

Секое двоумење на Европа да ја вооружи Украина, Москва го чита како слабост

September 12, 2026

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

По Таравари и Османи ќе предложи излегување од иницијативата Отворен Балкан

April 15, 2024 15:18
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Архива

Фото: Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги окарактеризира обвинувањата на албанската опозиција во однос на иницијативата Отворен Балкан како обид за стекнување ситни политички поени. Воедно, најави дека на првата наредна седница на Влада на која иницијативата ќе биде тема, ќе предложи излегување од Отворен Балкан.

-Ова што го прави опозицијата е непознавање на регионалната соработка, непознавање на меѓународните прилики и обид да профитираат ситни политички поени на теми што не ги знаат. Тоа е нивната најголема слабост и што не ја знаат надворешната политика. Немаат искуство и претендираат да влезат во еден ринг со луѓе коишто цел живот го посветиле на оваа тема, рече денеска Османи на новинарско прашање по прес-конференција во МНР.

Во однос на Отворен Балкан, тој појасни дека тоа било повеќе идеја на премиерот на Албанија Еди Рама, како обид за помирување, односно, како што рече, „една егзит стратегија за Србија да може да воспостави односи со Косово, па и меѓусебно признавање“. Според него, по настаните во Бањска немало состанок или наше присуство на Отворен Балкан.

-Во Отворен Балкан ние не сме присуствувале после Бањска, бидејќи тоа беше мојот став тогаш, бидејќи беше веднаш после настанот. Реков ако се потврди дека Белград има вмешаност, тогаш навистина го прави невозможно, бидејќи идејата на Отворен Балкан беше поинаква. Беше идеја да се воспостави една можност за Србија и Косово полека да почнат да создадат предуслови за меѓусебно признавање и воспоставување дипломатски односи, како една од иницијативите покрај економската соработка, итн. Се разбира секоја држава ја истакнуваше својата перспектива. Некои ја истакнуваа економската соработка, некои ја истакнуваа мобилноста на граѓаните, некој го истакнуваше помирувањето. Ние, зборам сега и како политичка партија, ако можам да кажам во тоа гледавме можност за помирување и меѓусебно признавање, бидејќи таква беше идејата на премиерот Рама. Меѓутоа, ова со Бањска навистина ги поремети тие односи. Затоа јас не сум присуствувал веќе на тие средби, и нема да присуствувам, вели Османи.

Прашан да појасни дали Северна Македонија е се уште членка на Отворен Балкан, тој вели дека е тоа негов став да не присуствува на состаноци на оваа иницијатива.

-Ова е мој став кој што на прва седница на која што ќе се разговара за оваа тема јас ќе ги презентирам податоците коишто ги имам преку мојот пристап до информациите на НАТО и на ЕУ, и на партнерските земји, и ќе го предложам тоа, вели Османи.

Тој најави дека како претседателски кандидат на Европскиот фронт и на ДУИ планира да воспостава нова претседателска иницијатива, Самит на хармонзираните сто отсто со надворешната и безбедносна политика на ЕУ.

Претходно и кандидатот за претседател, Арбен Таравари истакна дека ќе предложи Собранието веднаш Северна Македонија да излезе од иницијативата Отворен Балкан.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ