• Latest

Вулин со навреда кон Македонците: „Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо“

April 17, 2024

Безглави агенти

October 12, 2026
Референдумско изјаснување во Словенија, 11 октомври 2026 (Wikimedia Commons)

Словенија на четири референдуми: Пораз за законот на Јанша, поддршка за построги социјални мерки и неизвесност за јавниот сервис

October 12, 2026

Kога боксовите и клоците се во полициска униформа – кој ќе ги штити граѓаните?

October 12, 2026
Харкив, 11-12 октомври 2026 (ДСНС)

Трамп прогласи енергетско примирје, рускиот терор продолжи – загинати цивили и нови напади врз Украина [ДОПОЛНЕТО]

October 12, 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Протеран од Црна Гора, засолнет во Србија: Михаил Звинчук и руските мрежи за влијание на Балканот

October 11, 2026

Една болна последица предизвикана од криминалната држава

October 11, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Историја

October 11, 2026

Срамен пакт со диктаторот: Трамп ја предаде Украина за крвав руски дизел

October 10, 2026
ЕУ - Северна Македонија - Бугарија

(АКЦЕНТ) Северна Македонија во сопствениот лавиринт: Геополитички можности, политички блокади и изгубено време

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Гласот на луѓето со лично искуство мора да влијае врз одлуките за грижа и превенција

October 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Вулин со навреда кон Македонците: „Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо“

April 17, 2024 14:51
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДИСКУРС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па затоа можеле барем да се воздржат доколку неможат да ја поддржат Србија“, истакна Александар Вулин, поранешниот шеф на безбедоносната агенција БИА и поранешен министер за одбрана и лидерот на Движењето на социјалистите, по изјавата на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека Северна Македонија е еден од коспонзорите на Резолуцијата на ОН за геноцид во Сребереница, во која ја повика и Србија да ја поддржи.

„Србија е единствената земја што граничи со Северна Македонија и никогаш не побарала од нејзе да го смени името, историјата, уставното уредување или официјалниот јазик. Кога се викаа Поранешна Југословенска Република Македонија и Скопје, ние ги нарекувавме Македонија. Со нив делевме лекови за време на епидемијата на КОВИД, им ги дадовме нашите резерви од жито, брашно и шеќер, а СПЦ на Македонската црква и овозможи независност и име. Северна Македонија за сето тоа им се заблагодари на Србите со признавањето на т.н. Косово и сега со ентузијастичко учество во резолуцијата која треба да ги прогласи Србите за геноцидна нација. Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па затоа можеле барем да се воздржат доколку неможат да ја поддржат Србија. Северна Македонија навистина треба да го смени јазикот заедно со името и историјата, како што бараат Бугарите, навистина е глупаво да користат речник во кој немаат зборови за чест, благодарност, пријателство, слобода, срам“, истакна Александар Вулин, пренесе Вечерни Новости.

И министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ го праша министерот за надворешни работи и претседателски кандидат Бујар Османи дали би се приклучил на Резолуција што Србија би ја поднела против Хрватска или некоја друга земја за геноцид.

Би го прашал Османи дали би поддржал една таква резолуција како што тој ја повика Србија да се придружи на Резолуцијата во Обединетите нации за геноцид Сребреница, изјави денеска Дачиќ за „Пинк“.

Дачиќ вели дека во Сребреница се случило злосторство, но не и геноцид, бидејќи по дефиниција тој термин подразбира дека некој имал план да уништи нација, a тоа според него, не било случај.

„Тоа е злосторство што е, се разбира, страшно, а ние самите како српски народ инсистираме сите одговорни за тоа да одговараат, бидејќи е направена штета на српскиот народ како целина. Геноцидот е кривично дело што подразбира дека имало план да уништи нација“, рече Дачиќ.

Северна Македонија, заедно со САД, Германија и други земји, е коспонзор на резолуцијата во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и одбележување на истиот секоја година, соопшти министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Инаку, дел од македонските медиуми со задоволство ги пренесоа навредите на Вулин кон Македонците и Македонија, додека пак изјавата на Дачиќ, се обидоа да ја спинуваат дека е упатена кон Бујар Османи од ДУИ, а не кон шефот на македонската дипломатија.

Вообичаено е за голем број македонските медиуми целосно некритички да пренесуваат сè што ќе кажат српските политичари, па нека е тоа насочено и против фактите и против нашата земја.

ЦМТ

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ