• Latest

Европскиот Парламент го повикува политичкото раководство во ЕУ и земјите-членки итно и енергично да се спротивстават на обидите за руско мешање

April 26, 2024

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Европскиот Парламент го повикува политичкото раководство во ЕУ и земјите-членки итно и енергично да се спротивстават на обидите за руско мешање

April 26, 2024 16:17
in ВЕСТИ, ПИСМА, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

По неодамнешните откритија за обиди поддржани од Кремљ  за вмешување и поткопување на  се европските демократски процеси, европратениците во четвртокот усвоија резолуција со која цврсто ги осудуваат таквите напори. Секоја таква тактика, мора да има последици, порачуваат од ЕП.

Парламентот е згрозен од веродостојните тврдења дека некои европратеници биле платени да шират руска пропаганда и дека неколкумина учествувале во активностите на прорускиот медиум „Гласот на Европа“, во исто време со илегалната агресивна војна на Русија против Украина.

„Парламентот е згрозен од веродостојните наводи дека некои европратеници биле платени да шират руска пропаганда и дека неколкумина учествувале во активностите на прорускиот медиум „Гласот на Европа“, истовремено со илегалната воена агресија на Русија против Украина“, се истакнува во соопштението на Европскиот парламент.

Европратениците бараат од лидерите на ЕУ и земјите-членки да се справат со напорите за мешање на Русија, не само во институциите на ЕУ, туку и низ целата Унија. Според европратениците, овој проблем е итен, имајќи ги предвид претстојните европски избори од 6 до 9 јуни 2024 година.

„Во врска со сомнителните случаи на руско мешање од цела Европа, вклучително и Бугарија, Германија и Словачка, европратениците се загрижени поради неодамнешното испрашување на водечкиот европратеник на Алтернатива за Германија (AfD) Максимилијан Кра од страна на американското Федерално биро за истраги (ФБИ) поради сомневање дека примил пари од агентите на Кремљ, како со апсењето во Германија на 23 април 2024 година на неговиот парламентарен асистент под обвинение дека е кинески шпион. Парламентот ја повикува АфД без одлагање јавно да ги објави своите финансиски односи, особено со Кремљ, и јавно да ја открие целта и точниот износ на сите плаќања кои потекнуваат од извори поврзани со Кремљ“,  се вели меѓу другото во соопштението.

Додека Русија останува главен извор на странско влијание и дезинформации во ЕУ, европратениците велат дека и други земји се активни во такви операции. Тие истакнуваат дека одговорот на овој проблем може да биде ефикасен само ако „се заснова на вкрстен, холистички и долгорочен пристап на политики спроведени заеднички и од ЕУ, и од земјите-членки“.

Дополнително, резолуцијата предлага зајакнување на внатрешната безбедносна култура, темелни внатрешни истраги, спроведување на рамката за внатрешни санкции, задолжителна безбедносна обука за европратениците и вработените и засилен скрининг на персоналот.

Европарламентарците го повикаа Советот на ЕУ да ги вклучи медиумите поддржани од Кремљ и други организации и поединци одговорни за дезинформациски кампањи во ЕУ во 14тиот пакет санкции за Русија и ги повикуваат земјите членки да забранат пристап на медиумот „Гласот на Европа“ во нивниот етер.

Резолуцијата е  усвоена со 429 гласа „за“, 27 „против“ и 48 воздржани.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ