• Latest

Резиме „Чекајќи ги варварите“

May 20, 2024
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија: Младите бараат образование, правда и политичка одговорност

October 17, 2026
Рововска политика пред отворените порти на ЕУ

Во маѓепсаниот круг на европските интеграции: Мицкоски тврди дека сме „пред сите“, а земјата назадува

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

Од нордиски звучни пејзажи до ремикс во живо: Вечерва три концерти на Скопскиот џез-фестивал

October 16, 2026

Војната во сенка ескалира: Мета се системите што ја одржуваат Украина

October 16, 2026
Фото: Скриншот / Х

Пропадна енергетското примирје: Трамп го обвинува Кијив, ЕУ го засилува притисокот врз Москва

October 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Можело и пристојно

October 16, 2026
Протести во Тирана, октомври 2026 (фото извор: https://www.facebook.com/karin.mueting)

Жестоки протести во Тирана: Рама одбива оставка, ЕУ повикува на дијалог

October 16, 2026
Илустрација ВИ

Брвеница на предвремени избори: Шест кандидати во трка за градоначалничката функција

October 16, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Од членот 4 до членот 5: Колку ескалацијата во Црното Море го приближува НАТО до колективна одбрана?

October 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Резиме „Чекајќи ги варварите“

May 20, 2024 07:54
in ВЕСТИ, СТАВОВИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

БОРКО ЗАФИРОВСКИ

Како по долгите опсади на Византија или по молневито тивкиот, застрашувачкиот упад на талибанците со сите други племенски заедници, во Кабул и на целиот Авганистански релјеф, станавме сведоци како „номадска“ политичка окупација функционира кај нас, а регионално-на Балканот.

За сите историски циклуси има одговор и толкување, далекусежно во историјата, или кој милува брзо, во блиската дневна политика, ако умее да ја толкува. Наместо весели и торжествени ритуали околу најновото или дефинитивно закопување на (закопаната) ВМРО со неприфатлива, несоодветна придавка ДПМНЕ, која требаше да не се формира во разумна средина заради само-спротивставеност на сите букви и значења, но бидна во некои загушливи канцеларии уште во осумдесеттите кога „УДБА“ сфати дека ниту еден „водач“ не е со капацитет или интелигентна визија за некаква организација, а само губи време во истражните разговори со разочарувачки потпросечни „лидери“, како Богдановски и слични – па ги пушти да шетаат. Едноставно, сите информации стануваа јавни откако кај домаќинот на ресторанот „Ново Скопје“, сред центарот на Берлин, беа угостувани и баби и жаби, од естрадни до политички профили на СРМ/СФРЈ, како и комшиски душкала и секако под домаќински надзор на резидентна служба.

Глупоста, незнаењето и лошиот, примитивниот вкус ја крстија таа мешавина од плуралистичка група и властољубиви кариеристи – како што ја крстија, а секако со амин на разни „удби“, кои ги испуштија конците  оти немаше логика, ама стасаа пари.

„Македонска земја“, весник издаван од Митко Зафировски во 1936 г. Софија

Сега, кога се бараат волшебни поуки и реанимација за освежување на државотворната партија, со свој континуитет и фундаментални заслуги меѓу кои се членството во НАТО, разоткривањето на прислушкувања, шпиунажи и ѓубрето од капитал, што очигледно им пречи на папигите во белата палата, и ФСБ експозитурите во новиот Офицерски, со придружен хотел, Самсоненко бренд и обука, СДСМ има внатрешна и меѓународна обврска да ја консолидира политичката клима, да ги заштити стручните кадри а да си ги процени дел од „бела комика“ театарот на површни и промашени „фини“ луѓе, како и групите на пациенти без или со образование. Но, насилни глувци за кои се вели „наш човек“, ги има низ сите кабинети, ама го нема, на пример Сојузот на борци, писатели или има трансфер на Драмски и музички уметници низ сите национални установи. Само кулиси и Потемкини ѕидови и села. Кланови од членство на СДСМ и ВМРО ДПМНЕ. Ако се додаде и косовската драмска секција, ќе се вратиме на поставеното описменување. Анафалбети.

Оваа провала мора да се решава со особени методи и здрав разум, оти беше периферно по портали и фб, спомнувано за Ванчо Михајлов и Михајловистичка ВМРО ама тоа одамна е апсолвирано како тема за ловџии и риболовци.

За сериозни луѓе подобро е да најдат пат до знаење и расудување, или што викаше (горделиво) Б.Ц, не бараме помош, ама не ни одмагајте.

Нашите премрежиња се насекаде низ Балканот а тие, по Балканските војни добиваа и свои специфики во средините каде што заживување автономност и самосвест. Стравот од тие појави изведуваше постојани репресии, но и проекти за блага денационализација. Во таа папка е и формирањето во Бугарија на Таа ВМРО, Михајловистичка, чиј пандан беше последниот обид за нетерористичка, туку лево ориентирана и демократска, Обединета.

Ја членуваа активисти од левите партии, како и дел од граѓанската емиграцијата, еснафи и дејци во културата и образованието. Влахов, Шатев, Зафировски…

Првично ќе заглавеа со идејата за атентат врз Ванчо Михајлов, а бил испратен за „електрификација“ на Рилскиот манастир, каде што било седиште на Михајлов,  М. Зафировски, електротехник-журналист, кој проценил дека народот нема јасни ставови, а е постојано во страв од закани на Михајловисти штитеник од полицијата и финансирани од државата.

Набрзо Зафировски се враќа на средба со Обединета и започнуваат процес на гаснење на таква партија, со заклучок дека атак, атентат врз Михајлов е контрапродуктивен – ќе направи херој, нов македонски мит. Тоа е воедно став и на Коминтерната со која имало консултации а нивните врски со Георги Димитров како и со разузнавачките активности на советската НКВД, довеле до целосно реорганизирање и дистанцирање од вмровски теми и дилеми. Отпочнуваат прогони и судења на членовите на Об. што ја потврдува тезата за стапица.

Тоа ги потврдува плановите за што по големо културно и информативно делување, па излегуваат повеќе весници на Динев, Панов, Македонска земја на М.Зафировски (често со псевдоним Димитар Глигоров Заров). Тој воедно, 1936-та спроти Илинден излегува со уводник за формирање на културен кружок, што исто не им се допаѓа на властите, па после прогони, во 1938 г. со Вапцаров, Абаџиев, Жаров (Сматкалиев), Неделковски и други, се формира и редовно делува меѓу емиграцијата и жителите во Пиринска, МЛК, Македонскиот литературен кружок.

Значи, Михајлов и Михајловистичка  остануваат игнорирани и подзаборавени. Откажан атентат, а зголемена културна и политичка пропаганда, го оставија тоа име и злоупотребата на ВМРО, на периферијата во која делуваа подземни сили и служби. Неговата долговечност преку Павеличевата НДХ, или прекуокеанските МП… потврди дека не беше вреден за внимание од ниеден фактор или служба. Ни за УДБА, освен можеби од Софија, до крај.

Ако се потсетиме: Данс макаброт од крајот на минатата година, што ја игнорираше Одата на радоста во Советот на Европа, што се обиде да го компромитира ОБСЕ, што уби дете, се тегне доследно од минатиот септември, во навидум не осмислен континуитет, но тој е „ковчегот“ на Јуриј Љубимов во „Хамлет“, подоцна во „Црнила“ на Љ.Георгиевски, или е и „Грузиското пиле“ од ресторанот до ФСБ (реконструиран со милиони), а во духот на Михаил Љубимов. Конечно, духот на Навални шета и понатаму а отровниот меч на Лаерт, предизвикува наш Хамлет.

Нашата реалност е во Европска дружина, а за таму треба голема, засилена волја и квалитетни луѓе. Без фрази и флоскули, без панаѓуски кампањи и високопарни мудрувања.

Прагматизмот на општеството и неговата култура се главниот удар кон целта, другото е промашување и трошење сила – во празно.


Текстот е личен став на авторот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ