• Latest
Војо Маневски

Ќе ни биде така како што избравме

May 23, 2024

36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

May 15, 2026

Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

May 15, 2026
Илустрација ВИ

Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

May 15, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

May 15, 2026

РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

May 15, 2026

Спремна продажбата на N1 и други, а Шолак не сака да влезе во игра!

May 15, 2026

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    36 земји го отвораат патот за формирање Специјален трибунал за руското злосторство – агресија: „Правдата е неразделен елемент на трајниот мир“

    Случајот „Мазут“: Како истрагата за 167 милиони евра се претвори во институционален судир

    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    Фотографија: Скриншот од видео на Си - Ен - Ен

    Трамп и Си со заедничка порака до Иран: Нема нуклеарно оружје, Ормускиот теснец мора да остане отворен

    РЕАКЦИИ: Нема реформи без промена на системот – граѓаните со поделени ставови за капацитетот на Владата на Мицкоски

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА
    Илустрација ВИ

    Нов закон за игри на среќа отвори фронт меѓу Владата и индустријата: Се најавуваат отпуштања, протести и правни битки

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home СЛОБОДНА ЗОНА

Ќе ни биде така како што избравме

May 23, 2024 08:54
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ   

Кога читам разни дефиниции за граѓанските слободи или слободата како универзален поим ми се неметнува заклучокот дека сѐ сe сведува на слободата на изборот. Да имаме право сами да избереме што е тоа што за нас како граѓани е најдобро. Дефиниција како дефиниција, таа само го заокружува поимот а не ја објаснува содржината. Нема избор ако нема што да избираш и нема вистински избор ако не се избира меѓу квалитет туку понудата e – земи или остави. Но тоа е логичка еквилибристика а политичката понуда има некоја своја логика која често граѓаните ги става во состојба кога само принудно „избираат“. Како и да е, со последиците мора да се носат граѓаните без разлика колку учествувале во политичкиот процес на избирање на преставници во највисоките државни органи.

Да видиме што може да нѐ очекува на политички и еконoмски план?

Поради прилично комплицираниот политички систем изгледа на повидок се познати сцени со блокирање или не прифаќање на работата на Собранието. Не е фер кон граѓаните што досега не е објавена содржината на мајскиот договор од 2008 г. Сега дознаваме дека и во неговото составување биле вклучени и нашите надворешни пријатели и олеснувачи. Формулацијата таму е: Влада ќе составуваат партијата (коалицијата) од најбројната заедница која има најголем број на пратеници и партијата (коалицијата) од помалубројните заедници која освоила најголем број пратеници во Собранието. Ова е различно од она што досега го толкуваваме како договор за формирање на Влада – победник со победник. Колку ова сознание ќе имало влијание врз изборниот резултат не знам, ама сега може да донесе низа на разни толкувања кои дополнително ќе ја држат политичката состојба напната. Посебно ќе биде непринципиелно објаснувањето за одлуките во 2016 г. Најавите за потребата од двојно мнозинство (Бадинтер) ќе се толкува различно и веројатно ќе бидеме сведоци на мачни разјаснувања. Но тоа е една од последиците од целиот изборен процес каде не се бираа средства за добивање гласови.

Како тоа ќе се одрази на економски план?

И овде нужните реформски закони ќе зависат од математиките во Собранието и широките или тесни толкувања на двојното гласање. За реформи се потребни закони што се носат со двотретинско мнозинство и Бадинтеровото мнозинство.

Неколку обврски секако остануваат. Пензионерите не ги интересира од кои извори ќе се најдат средства за покачување на пензиите за 5 000 денари. Како технички сето ќе се изведе и кој орган, по која постапка тоа ќе го напраправи тоа ама ич нема да ги интересира. Просветарите секако очекуваат исполнување на нивните барања за поголеми плати. Во здравството проблеми колку сакаш а сите горе доле се врзани со потребата од пари. Судството со доверба од статистичка грешка исто има барања поврзани со буџтот. Редицата е долга и нека му е со среќа на идниот министер за финансии.  Вистинското прашање е – од каде ќе се најдат средства?

А вистинскиот одговор е во можноста реалната економија да го зголеми растот да произведе и продаде повеќе и подобри производи и да ги плати даноците за да има за буџетските корисници. Ништо паметно нема во оваа моја констатација а таа ја знае секој добар домаќин без разлика на кој етнос или идеологија ѝ припаѓа.

Досегашната статистика вели дека со раст од 2 или 3 % тешко или невозможно е да ги сервисираме потребите на државата како организам и на граѓаните како носители на нејзиниот суверенитет.

Како новата Влада ќе овозможи раст поглем од 5 % на годишно ниво? Таа мисија за тековнава година е неизводлива. И да се направи ребаланс (а ќе мора) тоа е само пренесување на износ од една на друга ставка. Ако во зададените рамки се направат некои приоритети тогаш е можно закрпување на дупките од каде најмногу истекува и ништо повеќе.

За следната година да биде надежна очекуваме мерки кои стручната јавност сериозно ќе ги коментира и ќе предлага решенија. Ако се остане на тврдоглава партиска логика дека од позиција на власт се донесуваат одлуки без поширока консултација, повторно ќе биде како нови чорапи во стари чевли. Комоцијата на разгазени чевли ќе остане ама нивната употребна вредност нема да трае долго.

Не е некоја мудрост да се констатира дека главните прашања се: од каде ќе се најдат свежи средства потребни за економијата и буџетските обврски?

Да се зголеми даночната основа. Тоа значи поголем број на даночни обврзници да ги зголемат средствата во буџтот. Ова ќе бара законски измени и сериозни реформи. Ако се заглави работата на Собранието рокот за почеток на реформите ќе биде растегнат. Но бидејќи идната власт има скоро референдумска поддршка тешко дека граѓаните ќе прифатат такви објаснувања поврзани со процедури. Борбата со сивата економија е еден од начините да се стават во систем нови средства. Но за тоа е потребна суштинска реформа во државниот апарат. Таква работа до сега не сме виделе и според природата на политичките договарања и тој процес нема да оди лесно. Борбата против криминалот е другата страна на медалјата за сивата економија. Можеби не е квалификувано тоа дело во КЗ како најголема општествена опасност но таа секако е резултатот од поведенијата на криминалците. Како нѐ крадат е само техничко прашање – последиците се исти. Земаш нелегално средства за да не платиш данок за нив. И дејството и последиците се загрозување на општите интереси. Овде ендемската  недоверба во институциите на државата на крај цехот им го испорачува на лојалните граѓани. Тоа е цена за нивниот политички избор или недостатокот од граѓанска храброст за борба против корупцијата или криминалот. Како вечната борба на посебното и општото. Нема бесплатен ручек – велат Кензијанците, а и да не го напишале тие ние тоа добро го знаеме ама ни е страв да го кажеме.

На крај мои почитувани сограѓани ем избирачи. Останува последниот одговор прашањето кое по трет пат го поставувам – од каде ќе се најдат пари за потребите? Како ќе живееме кога не печалиме колку што е потребно за просечно функционирање на државата и општесвото? Врти-сукај пак ќе се бараат пари на заем. Нешто, помалку, од домашните заемодавачи што нив ги прави сопственици на економските движења, а бога ми и на политичките процеси. Тоа е константна состојба како вистинска рожба на транзицијата. И ниту врти ниту сучи, на крај барај пари од светските и регионалните заемодавачи. По која еконономска или политичка цена ќе ни го дадат заемот е вистинското прашање до новата влада. Одговорот го заслужуваме кога веќе им дадовме толкава доверба. И на крај да се вратам на насловот. Ние вака избравме и нашиот избор не е само слобода на изборот туку и обврска за извршениот избор. Обврска како постојано барање за реализација на ветеното и постојана критика на состојбите. НЕ КАКО КРИТИЗЕРСТВО туку како изнаоѓање на решенија за подобри состојби. Демократијата во суштина е постојана критика на состојбите и решенијата на преставниците на граѓаните. Европскиот развој секогаш бил реузлтат на конструктивна критика. Без неа секогаш запаѓал во автократија и во внатрешни судири.

Ние почитувани сограѓани избравме што избравме, сега имаме нов избор. Или ќе бидеме граѓани или поданици.

Специјално за ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ