• Latest
Војо Маневски

ИГРА СО БРОЕВИ: Потписите како анкети

March 7, 2024

Сè помалку ученици, сè повеќе празни училишта: Демографскиот пад го менува образовниот систем

August 31, 2026
Кијив, 31 август 2026 (извор: ДСНС)

Рускиот терор продолжува, расте црниот биланс на загинати, Кијив ги засилува „долгометните санкции“

August 31, 2026

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

ИГРА СО БРОЕВИ: Потписите како анкети

March 7, 2024 16:00
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Сега, откако вревата околу собирањето потписи за кандидатите од најголемите партии малку стивна, до мене дојде една табела која го покажува бројот на потписи по изборни единици за Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова. Веројатно табелата не е комплетна, сигурно има по некој потпис на некоја од страните, можеби и на двете, но претпоставувам дека тој број не е таков што суштински ќе ми го промени впечатокот дека нешто не е баш така како што кажуваат некои анкети.

Бројот на потписи за кандидатура за претседател во никој случај не треба да се прифати дека е некаков рејтинг на партиите или кандидатите. Но, сепак, индиректно можат да се извлечат некои заклучоци.

Собирањето потписи во случајов воопшто не е само поддршка за кандидатите, туку демонстрација за организираноста на партиите и практична вежба како би требало да се делува на самиот ден на изборите. Дали некој од вас се сомнева дека резултатите би биле нешто поразлични, ако биле предложени сосема други кандидати? Можеби ама тоа не го менува фактот дека Пендаровски и кога изгуби освои 400 илјади гласа. Да не заборавивиме дека тој на политичката сцена е долго и секако има и свои лични подржувачи.

Знам дека партиските членови имаат мислење „Ма јок бре, исто би било и ако само им се кажало да се потпишат на ливче на кое ќе стои „кандидатот дополнително ќе биде определен според волјата на лидерот“. Она што се  покажува со оваа акција за потпишување е и мотивираноста на партиската структура за постигнување на што подобар резултат. А и тоа е многу важен показател, за они кои разбираат како функционираат партиите на ниско ниво, на ниво на крајните активисти. Тие секако забораваат на оној дел од гласачите кои имаат и личен став што е дел од нивниот интелектуелен идентитеитет.

Е, ајде да ги погледнеме тие бројки, ќе повторам, со резерва дека има некое отстапување од конечно преброените.

Прво што паѓа во очи е дека односите на потписите драстично се разликуваат од односите што ги објавува најголемата опозициска партија. Не може ни од далеку да стане збор за некој сооднос 2:1, 3:1 или не знам колку.

Конкретно, според овие бројки, односот е 1.25 спрема 1. Каде се изгубија тие 2:1 и повеќе? Дополнително, во описот стои дека не се вклучени потписи за Пендаровски од општините Аеродром и Ѓорче Петров. Намерно пишувам  Стево Пендаровски затоа што ова се потписи од активистите на СДСМ но никој не смее да ги исклучи и граганите кои не се партиски определени но го подржуваат досегашниот претседател.  Имам информација дека во општини со слична големина, за СДСМ има секаде над 600 потписи. Ако се додадат на конечните резултати тие 1000-1200 потписи, тогаш соодносот паѓа под 1,2 спрема 1. Во ИЕ1 Стево би имал повеќе потписи од Гордана.

Второ, на овие избори ВМРО-ДПМНЕ најмногу очекува од изборната единица 3. Е токму овде е мнооогу интересно! Овде соодносот е ЕДВАЈ 1.09 спрема 1. Ова е незначителна предност, во рамки на статистичка грешка. Не велам дека и бројот на гласови ќе биде изедначен, но ептен е јасно дека активистите на СДСМ на Истокот се максимално мотивирани да не ја предадат власта толку лесно како што посакува опозицијата.

Во изборната единица 2 недостасуваат потписите за СДСМ од Ѓорче Петров, но таму база имаат и албанските партии, а и од таму доаѓаат најголем дел од потписите за Максим Димитриевски.

Иако ова би било премногу слободно толкување, не можам да одолеам, а да не направам некоја анализа што би се добило ако бројот на потписи сразмерно се преслика во број на гласови во првиот круг.

Ако вкупниот број на гласачи кои би гласале во првиот круг биде некои 800-850 илјади, може веднаш да се претпостави дека кандидатите од албанските партии би освоиле барем 150 илјади. Другите тројца кандидати релативно лесно ги собраа потписите и не се за потценување. Веројатно заедно би имале околу 150 илјади. Ако ги тргнеме овие гласови од вкупниот број гласачи кои гласале, се добива дека Стево и Гордана ЗАЕДНО ќе имаат 500 до 550 илјади гласови, еве нека се 550 илјади. Со соодносот од 1.2 спрема 1, што излегува дека Гордана би имала некои 50-тина илјади гласови повеќе од Стево т.е. 300 наспрема 250 илјади. Јасно, изборите би се решавале во вториот круг.

Гласовите на трите кандидати Македонци кои ќе отпаднат, не можат да се пренасочат кон еден кандидат, кој и да е. Ќе се поделат исто како и во претходно утврдениот сооднос. Значи не можат да генерираат значителен скок во разликата кај некоја од страните. Но, ако гласачите Албанци одлучат да гласаат, 50 илјади гласови се многу лесно надоместливи. Огромен процент од тие гласови би завршиле кај Стево Пендаровски. Ако треба да се кладам, во овој случај, изразено со коефициенти од кладилниците, тогаш на Стево би ставил коефициент 1.5 – што би значело дека е изразен фаворит. Значи, би се кладел на Стево!

А ако гласачите Албанци не гласаат во вториот круг од претседателските избори, тогаш едноставно, нема да имаме избрано претседател!

Оваа анализа е, признавам, премногу апроксимативна, но мене ми е интересна. А ми се чини и дека е прилично здраворазумска.

Со нетрпение очекувам сериозни анкети, не оние нарачани од партиите, па да направам споредба. Што и да каже споредбата, кој знае како, пак ќе извлече заклучоци кои можат да се користат во иднина. Само, дали ни останаа заклучувачи?


Специјално за ЦИВИЛ. Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ