• Latest

Африм Гаши „ита“ кон Собранието, од Европски фронт најавуват длабока криза

May 28, 2024
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Африм Гаши „ита“ кон Собранието, од Европски фронт најавуват длабока криза

May 28, 2024 12:46
in ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со поднесување оставка на функцијата претседател на Алтернатива по се изгледа дека за Африм Гаши се трасира патот да стане претседател на Собранието.

Од неговата партија Алтернатива вчера преку соопштение истакнаа дека на последната седница на Централното собрание одржана во четврток на 23 мај, меѓу другото, беше разгледана и кандидатурата на Африм Гаши за претседател на Собранието на Република Северна Македонија.

„Со оглед членот 67 од Уставот предвидува дека Претседателот на републичкото Собрание не може да биде и претседател или функционер на политичка партија, Африм Гаши поднесе оставка од функцијата претседател на Алтернатива и од сите други функции во партијата“, велат од Алтернатива.

Пред почетокот на денешната конститутивна седница на Собранието, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, изјави дека очекува предлогот Африм Гаши да биде претседател на Собранието да биде поддржан од сите што се потпишани за тој да биде прв човек на законодавниот дом.

„Очекувам од сите оние кои што се потпишаа позади поддршката за Африм Гаши да биде претседател на Собранието“, рече Мицкоски.

И претседателот на ЗНАМ – За Наша Македонија, Максим Димитриевски, кој доби пратенички мандат, но исто така е и градоначалник на Куманово изјави дека петмината пратеници од неговата партија ќе гласаат за Африм Гаши, доколку тој биде предложен за претседател на Собранието.

Димитриевски му посака успех на новиот собраниски состав.

Европски фронт го поставува прашањето на легимитетот

Од друга стана Елми Азири од Европскиот фронт не кажа дали ќе гласаат за предлогот Африм Гашји да биде претседател на Собранието. Азири рече дека се уште нема одлука како ќе постапат како коалиција.

„Верувам дека бројките на мнозинството се уште не се на виделина, а доколку се случи она што се шпекулира во јавноста дека ќе има коалиција меѓу ВМРО и ВЛЕН верувам дека ќе се соочиме со проблемот на длабока криза на легитимитетот и тогаш се поставува прашањето што да се прави со легитимитетот што го добивме од граѓаните, затоа сметам дека треба добро да ги процениме работите пред да донесеме одлуки. Тоа што го кажав претходно, сите ние пратениците на Европскиот фронт сега ќе се сретнеме и ќе разговараме за сите нови моменти на политичката сцена“, рече меѓу другото Елми Азири од Европскиот фронт.

Апасиев: Левица нема да поддржи Албанец да биде претседател на Собранието

Пратениците на Левица нема да го поддржат Африм Гаши од Алтернатива да биде претседател на Собранието. Лидерот на партијата Димитар Апасиев пред почетокот на конститутивната седница изјави дека тие не би дале поддршка Албанец да биде претседател на Собранието.

На прашање зошто не сакаат Албанец да биде претседател на Собранието, Апасиев рече дека е противуставно да се зборува на друг јазик освен на македонски кога се заседава со седници.

Апасиев рече дека очекува „косовизација“ на државата, и му понуди на Мицкоски, како што кажа, бланко поддршка за тоа да не се случи.

– Очекувањата се за косоваризација на државата како што си ги гласавте, тоа се очекувањата. Ние би дале поддршка од нашите шест да не биде албанец претседател на Собранието. Отворено го повикуваме Мицкоски, бланко поддршка на невидено само да не биде косоваризиран повторно македонскиот парламент, рече Апасиев.

Во Собранието денеска почна конститутивната седница на новиот собраниски состав. Со седницата претседава најстарата пратеничка Мерита Колчи Коџаџику. Конститутивната седница, според новиот Деловник, трае најмногу три дена, а Собранието е конституирано со изборот на претседател на Собранието

Н. Абдурахмани

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ