• Latest

Сè е вештачко, а последиците реални и вистинити

June 7, 2024
Индустрискиот парк „Спароу“ во Лвив е во пламен по рускиот масовен напад. 5 октомври 2025 година. Фото: Андриј Садови/Телеграм

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Во масивен напад со 500 беспилотни летала и над 50 ракети врз Украина загинаа 5 лица, 16 повредени

October 5, 2025

Радев се заблагодари на Сиљановска Давкова за изразеното сочувство за жртвите од поплавите во Бугарија и понудената помош

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Al Jazeera English

Сирија ги одржува првите избори по падот на Асад, но не во сите провинции

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на Times News

Нетанјаху се надева на ослободување на заложниците во Газа во „наредните денови“

October 5, 2025
Поглед од воздух на аеродромот Вилнус, Литванија, на 17 октомври 2011 година. Фото: Треворт Моргондонт/Викимедија Комонс

Аеродромот Вилнус во Литванија беше затворен поради нарушување на воздушниот простор

October 5, 2025
Антивладините демонстранти се обидоа да ја нападнат претседателската палата. Фото: ВВС

Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

October 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Чешката популистичка партија АНО на поранешниот премиер Бабиш победи на парламентарните избори, загрозена помошта за Украина

October 5, 2025

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СТАВОВИ

Сè е вештачко, а последиците реални и вистинити

June 7, 2024 11:54
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Кога денес размислувам за мојот политички ангажман, тогаш (на самите почетоци од 2008 година), а богами и денес, сè се сведува на исто: без разлика што контекстот беше составен дел од мојата позиција како граѓанин, како што беше составен и од местото на моето живеење според мојата лична карта, и контекстот од што се генерираше и напојуваше атмосферата на општеството во целина, јас без свесен дека мојата позиција е „неодбранлива“, поточно, свесен бев дека јас можам само да изгубам за идеите и вредностите кои мене ми се важни. Цело време знаев, а го знаев и тоа дека цело време работам на сопствена штета.

И ако денес, како и утре, повторно ми се пружи шанса, би го направил истото. Бидејќи длабоко верувам (а ако не верувам треба да се самопоништам): оваа мала и сиромашна земја единствено може да преживее само преку компромиси за големите „национални прашања“ (не националистички прашања, ами национални, а овие две работи не се исти).

Последниве денови читам две книги паралелно. Кога ќе се уморам од една, се префрлам на друга книга. Наутро ја земам „Градот на победата“ на Салман Ружди, а навечер, пред спиење, го земам фантазмагоричниот опис на Мирослав Крлежа – „Пијана загрепска ноќ“. И наутро, откако ќе исркам кафе, описот на Крлежа ми е неверојатен и магичен, иако знаев што може да очекувам, затоа што со секое читање мене ми се раѓаат (интуитивно) премногу феномени.

Зборува и пишува човекот за нашиот балкански преварантски однос кон сè, a тоа не е метафизички феномен. Не е ниту ентитет – тоа е битие кое се храни од измамништво и смрт.

Прилагодувањето, пак, на нашите псевдоелити (посебно националистичките!) во сите околности, за сите режими и сите идеологии, не само што ги преминува границите на било каков морал и добар вкус, ами тоа ги надминува и физичките можности на едно просечно човечко битие. Потребно е, барем така мислам, извесно време човек да го промени својот хабитус, да ја промени фразеологијата – таквата работа е мачна дури и за врвни глумци.

Ама за нашите патриотски пробисвети – јок!

Во момент се „преобратуваат“, во пауза помеѓу куцкање на две чаши на шампањ и два залака кавијар. Се прашувам, така понекогаш, во оваа моја луда глава: дали нашите патриоти вистински верувале во работите кои ги проповедаат или на таа патриотска реторика ѝ се оддаваат затоа што така налага моментот (или контекстот)?

Мирослав Крлежа имено, беше преголем за Загреб, се разбира, беше преголем и за Белград и за Скопје. Сега се прашувам, каде најдобро ќе го поминеше својот живот? Во Загреб, на пример, спиел со карабин покрај својот кревет. А сите наши ориентални (и сплеткарски) чаршии, од дното на душата мразат величини, ама и на некој начин, им се плашат. Некои коментари на Балканот одат дотаму што ја оспоруваат величината на Мирослав Крлежа, велат дека Иво Андриќ е најголемиот на овие простори.

Сè на сè, тешко е на овие простори да се биде писател со интегритет. Или можеби денес е најлесно да се биде писател затоа што денес е сè до таа мера отупавено, така што невозможно е да скандализирате било кого или било што.

За Салман Ружди, пак, и проповедањето за некогашната империја Индија ќе ви кажувам во некоја друга прилика. Зборовите со помош на чудо, создаваат еден бајковит град: зборовите на деветгодишната Пампа Кампана која останува сирак после војната на две заборавени кралства, почнува да го слуша гласот на древната божица и го менува токот на историјата. Поетична сага за љубовта и авантурата, легендите и стравовите, како и моќта на говорењето, за тоа, реков, ќе ви кажам во некоја следна прилика.


Извор: Фронтлајн. Текстот е личен став на Авторот.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    150 shares
    Share 60 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    144 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ