• Latest

Додирни ми колена

July 25, 2024

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Додирни ми колена

Друже помагај! Допри ми ги болните коленца, излечи ме со твојата натприродна моќ.

July 25, 2024 11:53
in ВЕСТИ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

АЦО КАБРАНОВ

Фрката околу бизнис класата во која премиерот и најмалку тројцата негови другарчиња (министри) летале на пат за Америка и која е најмалку три пати поскапа, како што напишал бардакот на македонското новинарство, ја направија малициозните СДСМ.

Туку, како дојде до болните колена на премиерот и кризниот пи-ар што распали по сите што не мислат како премиерот и него.

Премиерот на вечерното интервју со Лупевска, нормално, беше прашан за скандалот со учеството на самитот на НАТО, дали биле само дури 21 член, морале ли тој и тројцата министри да летаат со бизнис класа и државата само за нивните карти да искешира за оваа екскурзија 20-тина илјади евра од буџетот. Премиерот онака опуштено, без никаква грижа на совест за државата за која секој ден зборува дека е во  банкрот со сиромашни граѓани, за скапите авио карти најде неочекуван од никој одговор.

Видете, не летавме цело време во бизнис класа. До Виена (нецели два часа) летале во економска класа, штеделе де, а од Виена до Вашингтон, па од таму до Њујорк со бизнис класа оти, ете, имал болни колена и првиот ден немало да може да е движи и да шета на самитот на НАТО.

Хммм, а јас мислев дека е планинар, па постојано се слика како шета по планини ама, ете, криел дека има болни колена. Кој знае каков напор давал и колку болки трпел да и прати на нацијата дека е здрав ко дрен.

Мислам дека и Лупевска беше шокирана од изговорот, а јас, жими се, подголтнав. Не ми беше смешно, оти искрен да бидам, мислев дека нè извози со нова невистина. И до тука е ок. Интервјуто заврши, тој нервозен, Лупевска верувам беше уште понервозна и измрцварена од одговорите што ги доби.

Операција кризен пи-ар

Но, чинам ноќта по интерјуто премиерот сфатил какви изговори и прикаски кажувал, а и кај првиот пи-ар обрач околу него црвеното светло било запалено. Започнал договор за кризен пи-ар за скинатата зелена.

Сите чекале на неговиот новинарски “бардак“ да накрца писание за манипулантите, пакосните и злобните, и за нас неуките и лакоми рекетари бардови на Боки-13, како што нè нарече, во што е кваката со бизнис класата. Болните колена ги рипна да не го шири и тој изговорениот гаф на премиеот.

Со бизнис класа орни за работа?!

“Премиерот и министрите треба да патуваат во бизнис класа, во авионите и во другите превозни средства. Тоа е факт.

Скапите авиобилети не се луксузирање, туку сосема обратно – можност за штедење на народните пари. Тоа е аргумент.

Звучи нелогично? Да, ама само за малициозните и за тие што се ложат на евтин популизам.

Оние другите можат да се информираат дека патувањето со бизнис класа на патниците им нуди услови и за работа за време на летот и за квалитетен одмор, после кој се спремни и орни за работа. Така многу деловни луѓе, но и обични смртници, кои се принудени или едноставно сакаат да патуваат, ги скратуваат „празните одови“ и времетраењето на своите патувања и така штедат на хотелски трошоци, на скапи и заморни трансфери од аеродромите до своите дестинации и слично”.

Ова е аргументирање. Е ова е вистинско објаснување, се разбира, од новинарскиот бардак на Мицко и олигарсите. Народот е простичок, вака ќе биде изденфлуван а малициозните и клетите ќе си добијат лекција. Богами браво.

“Држава не сме пасти мајку вам ваша фашистичка“.

Нејсе, ќе се изнагледаме кинење зелени, ќе читаме оправдувања од кризните лаборатории.

Станува забавно…

Затоа допирајте си ги колената, како што пееше Зана “и задоволи ме јеееееееее“.

Извор: Либертас


Текстот е личен став на Авторот.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ