• Latest
Фото: МИА

Утврдена предлог одлуката за состав на Комитетот за односи со заедници, членот од ромската заедница ќе го избере Народниот правобранител

July 25, 2024
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Утврдена предлог одлуката за состав на Комитетот за односи со заедници, членот од ромската заедница ќе го избере Народниот правобранител

July 25, 2024 12:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска на продолжението на четвртата седница ја утврди Предлог – одлуката за избор на членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Претседателот на Комисијата Ѓорѓија Сајкоски истакна дека согласно членовите 2 и 3 од Законот за Комитетот за односи меѓу заедниците Комитетот го основа Собранието во рок од 60 дена од денот на неговото конституирање, а го сочинуваат 19 члена од редот на избраните пратеници при што седум члена се од редот на пратениците Македонци, седум од редот на пратениците Албанци, и по еден член од редот на пратениците Турци, Власи, Роми, Срби и Бошњаци.

-Имајќи го предвид законскиот рок за избор на составот на Комитетот беа одржани координации на пратеничките групи во Собранието. Исто така, со допис од мене како претседател на Комисијата беше побарано координаторите на пратеничките групи во Собранието во најкраток рок да достават свои предлози за членови на Комитетот за односи меѓу заедници. Врз основа на доставените предлози се предлага утврдување на Предлог одлука за избор на член на Комитетот. Сакам да укажам дека во актуелниот пратенички состав на Собранието нема избрано пратеник од ромска националност. Согласно амандманот 12 од Уставот, доколку некоја од заедниците нема пратеници се избира од страна на Народниот правобранител. Заради горенаведените причини и имајќи го предвид законскиот рок за избор на составот на Комитетот во предложената Предлог одлука нема да имаме член Ром. Овој член ќе биде избран дополнително, рече Сајкоски отворајќи ја дебатата по точката.

Предлог одлуката беше утвдена без расправа, и ќе се најде на пленарна седница на Собранието.

Претходно беше дадена пауза од половина час на процедурално барање од пратеничката Арбана Пашоли од ДУИ, за како што рече, да се преведат материјалите на службениот албански јазик.

Tags: комисијаодноси меѓу заедницитеСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ