• Latest

Што е општествена одговорност?

August 15, 2024
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА ЕДУКАЦИЈА

Што е општествена одговорност?

August 15, 2024 13:45
in ВЕСТИ, ЕДУКАЦИЈА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Општествената одговорност е етички концепт во кој едно лице работи и соработува со други луѓе и организации за доброто на заедницата. Една организација може да демонстрира општествена одговорност на неколку начини, на пример, со донирање, охрабрување на волонтерството, користење на етички процедури за вработување и правење промени кои имаат корист за животната средина.

Општествената одговорност е индивидуална одговорност која вклучува рамнотежа помеѓу економијата и екосистемот во кој се живее и можните компромиси помеѓу економскиот развој и благосостојбата на општеството и животната средина.  Општествената одговорност не се однесува само на деловните организации туку и на сите чии постапки влијаат на животната средина.

Ако глобалната одговорност подразбира  индивидуални, организациски и институционални должности, обврски и одговорност за дејствување или извршување на начини во согласност со глобално прифатените стандарди и норми на однесување, тогаш општествена одговорност, индивидуалната и корпортивната е меѓу првите чекори за остварување на морални, социјални, економски политички, правни и еколошки одговорности.

Индивидуална општествена одговорност

Индивидуалната општествена одговорност подразбира поединецот да биде активен чинител во унапредување на горе наведените општествени цели. Но, индивидуалната општествена одговорност го има и меѓугенерацискиот аспект, затоа што одредени одговорности кон општеството се преземаат како наследство од претходните генерации, независно дали во дадениот контекст и време се применливи на општествените стандарди и норми.

Корпоративна општествена одговорност

Корпоративната општествената одговорност претставува одговорност на претпријатието за влијанието на одлуките кои ги носат врз општеството и животната средина. Општествено одговорно претпријатие е она кое во процесот на олеснет пристап на пазарот, зголемена продуктивност и намалување на оперативни трошоци, морално и етички се грижи како за своите вработени, така и за заедницата и животната средина на кои директно или индиректно влијаат.

Освен добротворните активности и донации, секое ООП во своето делување би требало да се грижи и да не загадува, да не врши зголемено искористување на природните ресурси, да им обезбеди услови за работа на вработените според пропишаните закони и стандарди, да се грижи за благосостојбата на нивните семејства, да се бори против мобинг, корупција и други форми што можат морално и етички да ги загрозат вработените – односно да бидат и социјално, но и еколошки одговорни.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: дефиницииедукацијаопштествена одговорност
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ