• Latest

Белоруски стендап-комичар што го споредил Лукашенко со ластовичка обвинет за навреда и клевета

August 29, 2024
Фото: Скринчот од видео на TRT world/ Instagram

Крајнодесничарски израелски министер провоцира молејќи се на најчувствителното свето место во Ерусалим, прекршувајќи го деценискиот договор за забрана на Евреите да се молат таму

August 3, 2025

„Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

August 3, 2025
Фото: Амбасадорката на Умраина во Северна Маледонија Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Благодарност до Општина Кавадарци и градоначалникот Јанчев за 2 недели мир, радост за украинските деца погодени од руските нападите

August 3, 2025
Фото: Демократска унија за интеграциа / Фејсбук

(ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

August 3, 2025
Фото: Здружението на палестинска црвена полумесечина сподели фотографии на кои се гледаат големи штети на неговото седиште.

Хуманитарна организација ја обвини израелска војска дека убила нејзин работник во напад врз седиштето во Газа

August 3, 2025
Украинските службеници за спроведување на законот приведоа осомничен за наводно вмешаност во шема за поткуп на високо ниво, откриена од антикорупциските агенции на 2 август 2025 година. Фото: Национално биро за борба против корупцијата / Телеграм

Украинските антикорупциски агенции открија шема за поткуп во набавката на дронови во која се вклучени пратеници

August 3, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Што беше тоа швенк?

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Републиканците го критикуваат Трамп за отпуштањето на шефицата на Бирото за статистика на трудот – не му се допаднале податоците за забавување на работните места

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас одбива да се разоружа додека не се воспостави палестинска држава со Ерусалим како главен град

August 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Denver7

Нов силен земјотрес од 6,7 степени според Рихтер ги погоди Курилски Острови на истокот на Русија

August 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Белоруски стендап-комичар што го споредил Лукашенко со ластовичка обвинет за навреда и клевета

August 29, 2024 09:29
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Овој напис од Дарија Дергачева е првобитно објавен од Глобал војсис, а Мета.мк го реобјавува врз основа на договор за размена на содржини меѓу Фондацијата Метаморфозис и Глобал војсис.

Истражниот комитет на Белорусија објавил почеток на специјална правна постапка против белорускиот стендап-комичар Вјачеслав Комисаренко, познат како Слава Комисаренко, извести Медуза. Тој моментално живее во странство.

Комисаренко е обвинет за навреда и клевета против белорускиот претседател Александр Лукашенко.

Комичарот е добро познат по неговите отворени критики на белорускиот режим и неговите безбедносни сили, особено по протестите од 2020 година. Неговата работа го исмејува и Лукашенко и неговиот режим, истакнувајќи ги нивните глупости и недостаток на образование. Поради зголемениот притисок и закани, во 2020 година Комисаренко избегал од Белорусија во Русија, а подоцна во 2022 година ја напуштил и Русија, плашејќи се од потенцијален прогон од белоруските служби.

Комисаренко се смета за главен популаризатор на мимот „Чик-Чирик“ за Лукашенко. Во една прилика при разговор со комичарот Руслан Бељии, се шегувале за тоа како Александр Лукашенко е единствениот претседател кој не може да оди на одмор бидејќи премногу држави не го примаат. „Ова доведе до смешна шега за тоа како кога на Лукашенко наводно не му дозволиле да се качи во авион, тој одговорил: ‘Ох навистина, тогаш ќе си летам сам! Чик-чирук’“, објасни Комесаренко. Ономатопејата се однесува на звуците кои ги прават ластовичките, имплицирајќи дека Лукашенко може да патува во странство само ако се претвори во птичка, бидејќи авионските компании не би го примиле.

Следното видео го прикажува Комисаренко како го нарекува Лукашенко чик-чирук и се смее зборувајќи за неговиот недостаток на образование и неукост, како и немање фантазија.

Во април 2023 година, Комисаренко објави дека Германија одбила да му додели хуманитарна виза. Информацијата ја сподели на неговиот канал на Јутјуб со 1,43 милиони претплатници. Тој изјави:

Германскиот конзул го одби моето барање за хуманитарна виза бидејќи не верува дека е небезбедно за мене да бидам во Русија или Белорусија. А во Шпанија не ми дозволија да ги легализирам моите средства, бидејќи, очевидно, се работи за валкани пари од валкани шеги.

Комисаренко сепак успеа да добие виза за САД по основа на талент.

Комисаренко е роден во Белорусија. Тој претходно има споменато дека морал да отиде од Русија во Киев затоа што КГБ го ставила на списокот на барани криминалци. Споре него, белоруските безбедносни служби „му се јавувале и му праќале текстуални пораки“.

Следниот виео клип прикажува интервју на Комисаренко направено од Јури Дуд, многу популарен руски новинар кој живее во прогонство.

Во интервуто со Јури Дуд, Комисаренко исто така откри дека белоруските безбедносни служби ги барале и неговите родители.\

Извор: Мета

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Александар ЛукашенкоБелорусијаСлава Комисаренко
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

    Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Пропагандата гази и преку мртви тела: Две човечки жртви во пожарите, за ВМРО-ДПМНЕ се – нула

    87 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ