Во планинарскиот дом „Даре Џамбаз“ на врвот на Водно утринава изби пожар. Од Центарот за управување со кризи информираа дека екипи на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје беа испратени на терен.
Пожарот веќе е изгаснат и се работи на расчистување на опожарената просторија, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески.
Интервенирано е со две возила и седум пожарникари. Во гаснењето на пожарот помогнале и вработени од „Паркови и зеленило“.