• Latest

Повеќе против отколку за – кој е епилогот од досегашната седница за интерпелација на Гаши

September 3, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Повеќе против отколку за – кој е епилогот од досегашната седница за интерпелација на Гаши

September 3, 2024 16:26
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

На пленарна седница во тек е интерпелацијата на претседателот на Собранието Африм Гаши. Барањето за интерпелација го поднесе Левица на 6 август во седум точки и тоа, наводно, за повреда на секуларноста на државата, повреда на дипломатските правила (случајот Вјоса Османи), повреда на употребата на македонскиот јазик во Собранието, присуството на знамињата на НАТО и ЕУ во пленарната сала, непотизам (патувањето на сопругата на Гаши со него во Вашингтон), и повреда на деловнички одредби.

Пред да започне излагањето на Левица собранискиот спикер Африм Гаши рече дека нема да реплицира и дебатира, туку ќе се повлече и нема да ја води седницата.

Обраќањето на Гаши

Иако интерпелацијата изгледа правно формулирана, според Гаши таа е чисто политички мотивирана и самиот текст е преполн со исламофобијата и албанофобија.

„Ова не е интерпелација против Африм Гаши, туку против верската припадност на претседателот на Собранието. Ова не е интерпелација кон пречекорување на овластувањата на претседателот на Собранието во однос на безбедноста, туку против добрососедските односи и заложби за повлекување на признавањето на Косово, ова не е интерпелација за наводната повреда на Законот за јазиците, туку поради фобијата против албанскиот јазик и етничката припадност на претседателот. Ова не е интерпелација кон знамето на ЕУ и НАТО, туку интерпелација кон нашата стратешка цел, изјави Гаши во своето обраќање до пратениците.

За каква слика се испраќа од Законодавниот дом, Гаши го срочи во прашањето кого му служи оваа интерпелација и за каква цел.

„Многу е лошо кога се игра на картата на национализмот, за осудување на другиот без да се слушне другата страна. Не е потребно длабоко разбирање на политиката за да се види дека тие што се против нашиот европскиот пат и ја загрозуваат нашата внатрешната етничка кохезија дека тие работата против постоењето на нашата држава“, изјави Гаши.

Левица со образложение зошто интепелација

Димитар Апасиев во образложувањето рече дека интепелацијата се заснова на направена повреда на начелото на секуларност – со верскиот обред на исламската заедница во Собранието, на дипломатските правила за обезбедување на ВИП личности – со инцидентот на скопскиот аеродром со косовската претседателка, на употребата на македонскиот јазик – при давањето на свечената изјава, на правилата за употреба на државното знаме, грб и химна, на начелото на инкомпатибилност на функциите – со неконстатирање на престанок на мандат на пратеникот Талат Џафери, на законските и етичките одредби за антинепотизам – присуството на сопругата на Гаши во државната делегација во Вашингтон и за повреда на деловничките одредби за нормална работа на пратениците.

Но, дали директно е наменета за Гаши или сепак Левица преку интерпелацијата се обраќа директно на ВМРО-ДПМНЕ во обид за некаков тест.

„Ќе видиме дали пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ви овозможат неказнивост денеска“, нагласи Апасиев.

ВМРО-ДПМНЕ, се разбира, против интерпелацијата

Очигледно, ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за интерпелацијата. ВО кошот СДСМ-ДУИ ги сместија и Левица.

„ВМРО-ДПМНЕ нема да ја поддржи интерпелацијата против претседателот на Собранието Африм Гаши, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, а интерпелацијата нема никаква допирна точка со реалноста и прекршувањето на собраниските процедури, туку  е „очајнички коалициски производ на новата коалиција која што ја сочинуваат СДС, Левица и ДУИ“, дециден беше пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски на денешната собраниска седница.

СДСМ за интерпелација, но не и Фатмир Битиќи

Пратеникот Миле Талевски од СДСМ, кој беше прв пријавен за збор на денешната собраниска седница, рече дека пратениците на СДСМ и коалицијата ќе гласаат за интерпелацијата на претседателот на Собранието, Африм Гаши.

„За само два месеци, се случија серија скандали на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а никој не одговара. Со штитењето на Африм Гаши, паднаа во вода ветувањата на ВМРО ДПМНЕ дека никој нема да биде над законот, изјави, пак, пратеникот на СДСМ Благој Бочварски, од собраниска говорница.

Но, очигледно нема единство во редовите на СДСМ по ова прашање.

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, пред новинарите од албанските медиуми изјави дека денеска нема да гласа за интерпелацијата против претседателот на Собранието Африм Гаши, што е спротивно на ставот на неговата матична партија СДСМ.

Битиќи ја нарече шовинистичка и ксенофобична интерпелацијата покрената од Левица против Гаши.

Албанскиот блок обединет, ниту ДУИ нема да гласа за интерпелација на Гаши

Парламентарната група на коалицијата на ДУИ нема да ја поддржат интерпелацијата за претседателот на Собранието Африм Гаши, бидејќи како што кажа пратеникот на ДУИ Талат Џафери на денешната седница „мотивацијата на подносителите од Левица е неговата етничка припадност“.

ВЛЕН, очекувано, нема да ја поддржи интерпелацијата, со оглед дека Гаши доаѓа од нивните редови.

Претресот по интерпелацијата на работата на претседателот на Собранието трае еден работен ден, до исцрпување на пријавените за збор – вкупно 21 пратеник.

Што мислат граѓаните?

Цивил Медиа следејќи ја темата, го постави прашањето до граѓаните на социјалните платформи давајќи им можност да одговорат во коментар или порака доколку сакаат да останат анонимни.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата на Левица за интерпелација на претседателот на Собранието Африм Гаши

Коментарите што пристигнаа и што уште ќе пристигнуваат со оглед дека претресот уште не е завршен укажуваат дека граѓаните се поделени во своите мислења. Некои ја поддежуваат сметајќи дека со ова се покажува дека никој не е над законот, а за други се работи за фијаско.

Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.

Епилог

СДСМ за, со минус еден пратеник, фатмир Битиќи.

ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ДУИ -едногласно против.

За ЗНАМ уште не се знае.

Левица, како подносител, секако дека е за интерпелацијата.

Со вакво презенитрање на гласовите интерпелацијата би требало да падне во вода, а собранискиот спикер да остане да го води Собранието, до некоја следна интерпелација.

Биљана Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Африм Гашиинтерпелацијапленарна седницаСобрание
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result