– Наместо да се повлече од скратената постапка за носење на коруптивниот Закон за кредит и да отвори јавна расправа, во редовна и транспарентна процедура, власта на Мицкоски го турка по секоја цена, реагираат со соопштение СДСМ.
„За денеска е закажана седница на Комисијата за финансисрање и буџет од страна на претседателот на Собранието, Африм Гаши. Нема редовна постапка, нема експертска дебата, нема информирање на граѓаните и поминување на сите собраниски филтри. Власта сака набрзина да го истурка скандалозниот и коруптивен Закон договорен во четири очи уште во време кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција. Што сака да сокрие власта на Мицкоски за задолжувањето од 500 милиони евра?“, прашуваат од СДСМ.
Како што наведуваат, Мицкоски едно зборува во говорите, а друго прави. и со тоа го враќа начинот на владеење како пред 2016 година.
„Мицкоски си испиша корупција на чело“, велат од СДСМ.