• Latest
Војо Маневски

Проекти изврзани со синџири

September 25, 2024
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
Фото: Фејсбук

Сиљановска-Давкова за натпреварот во Куманово: Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, па и себеси

August 5, 2025

Хрватска денеска ја одбележува 30-годишнината од операцијата „Бура“(Олуја) со централен настан во Книн

August 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија и Франција ќе го ратификуваат договорот за враќање на мигрантите

August 5, 2025

Вицепремиерот Стоилковиќ одговори, но не на прашањата од ЦИВИЛ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани во Нови Сад ја одбележаа годишнината од операцијата „Олуја“

August 5, 2025

Дождот ги изгасна сите пожари во земјава

August 5, 2025
Наводна слика од запален вагон на железничката станица Салск во Ростовската област на 29 јули 2025 година, за време на голем украински напад со беспилотни летала врз регионот. Фото: Elilenova_plus/Telegram

Железничката станица во руската Ростовска област цел на масивен напад на украинските дронови, 2 руски рафинерии го намалија производството по нападите врз нафтената инфраструктура

August 5, 2025
ФОТО/Израелски одбранбени сили (ИДФ) - Wikimedia commons

Нетанјаху ќе побара „целосно освојување“ на Газа, преговорите за прекин на огнот стигнаа до ќорсокак

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Проекти изврзани со синџири

September 25, 2024 10:20
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Собранието го аминуваше новото задолжување. Овој пат тоа ќе биде преку непосреден договор меѓу двете држави Република Северна Македонија и Република Унгарија. Кредитите имааат секогаш две главни карактеристики. Мора да се вратат во определен рок и со договорен интерес на заемодавачот. Допрва ќе видиме дали во позадина има и некои други скриени интереси кои се вообичаени за секој кредит. Освен каматите секогаш има дополнителен интерес на заемодавачот. Лесно е да се согледа тоа низ сите досега реализирани проекти. Ова не важи за средствата кои се доделуваат за буџетска поддршка, но и тие имаат политичка позадина која со заемот се реализира.

За познавачите на состојбите овде нема ништо што е непознато. Исто како што не е тајна дека со нашиот буџет и неговата расходна страна ништо поголемо не можеме да направиме, а тоа да не е на кредит. Од кредитите се зголемува задолженоста, а тоа како по законитост доведува до опасност државата да не може да ги извршува своите функции. Големата администрација го голта буџетот и средства за развој не остануваат. Тогаш настанува низа на социјални потреси и државата влегува во криза. За излез од кризата се потребни пари и така синџирот се затвора.

А има ли чаре? Никакви експертски модели не можат да ги заменат нужните чекори. Државата мора да влезе во реформи за да ги затвори вентилите каде најмногу истекуваат средствата. За да го направи тоа и ја сведе сивата економија и корупцијата на некакво подносливо ниво мора да ја реформира администрацијата и да го подигне нејзиниот капацитет на повисоко ниво. За да го изведе целиот процес мора да се реформира и политичкиот систем кој ќе мора да почива на единствениот рационален постулат, а тоа е одговорноста на носителите на најодговорните функции во државата. За да се изберат такви личности на политичкиот пазар мора да дојдат одговорни лица. За да се предложат такви кадри партиите мора да се демократизираат и место партиски апаратчици мора да предлагаат способни и одговорни  кадри. Ете така од прилика изгледа овој логичен след на постапки што може да го раскине сегашниот клиентилистички синџир, кој го стегна најголемиот дел од граѓаните и тоа без разлика на нивната национална или друга определба.

Во целиот тој процес на нужни реформи, можеби и прва таква, треба да се спроведе на локално ниво. Очигледно е дека со сегашниот закон за локална самоуправа и без процесот на децентрализација само ќе се вртиме во круг. Општините по одреден циклус запаѓаат во неликвидност и централната власт мора да помага и при тоа не барајќи отчет кој и кога ги направил долговите. Зголемувањето на процентот од ДДВ и од персоналниот данок, кој оди во буџетите на локалните самоуправи, треба да е само почеток од процесот на децентрализација. Не е ерес да се размислува и за измени во самиот закон за локална самоуправа, ако веќе констатиравме дека одговорноста на градоначалниците трае само да крајот на нивниот мандат. Сите промашени проекти остануваа само како спомен за едно време, а потрошените пари се како фрлени во бунар. Ратите за кредитите секако остануваат да ги плаќаат граѓаните.

Сто милиона од новиот кредит ќе отидат во локалните самоуправи. На повикот на Министерството за локална самоуправа се јавиле 80 општини и поднеле 356 проекти. Министерството врши евалуација на тие проекти и ќе видиме кои од нив ќе поминат. Висината на доделените средства ќе биде според бројот на жители на општината апликант. Малите општини ретко кога имаат капацитет да направат поголем проект, а и да направат кога веќе имаат помал број на жители и средствата за нивните проекти ќе бидат помали. Општините и нивните администрации ќе бидат вклучени на техничко ниво со отворање на тендери и избор на изведувачи на проектите. Централната власт преку Министерството ќе ги исплаќа средствата во зависност од изведените позиции на проектот. Значи општините само ќе посочат што им е потребно како капитален проект и понатаму централната власт го има главниот збор. Има овде оправдување за ваквите постапки, ако се земе искуството од минатите времиња кога локалните самоуправи немаа капацитет за реализација на покрупни проекти пред сѐ од инфраструктурата.

И повторно врзан круг од причинско-последични процеси. Централната власт сака да си ја задржи положбата на врховен арбитер и не го реализира процесот на децентрализација зошто нема доверба во капацитетот на локалните самоуправи, а не им одредува средства да го зголемат. Формализмот на стручноста при вработувањето на администрацијата и партизацијата како главен критериум дополнително им ги врзува рацете на амбициозните и способни градоначалници. Скоро сите се жалат на недоволно стручен кадар во општините, а и самите се обврзани при изборот од веќе воспоставените партиски критериуми. Кога некој градоначалник го посочи ова како проблем наидува на негодување од членството кое својата улога на партиски активисти или гласачи ја разбира како можност да се добие нешто од состојбата кога партијата е на власт. И пак затворен круг кој ако не се раскине само ќе ги зголемува проблемите се додека не се излеат како социјален проблем.

Во такви синџири сите сме изврзани и сите имаме одговорност. Пред сѐ како граѓани кои тешко ја отфрлаат својата комотност во позицијата поданици. Не сакам да оправдувам никого, туку само како колумнист да ја посочам уште еднаш нужноста од реформи и тоа како процес, а не само како административен чин.


Текстот е личен став на Авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: градоначалницизадолжувањекредит од Унгаријаопштини
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ