• Latest
Фото: Влада на РСМ

Орбан ни кажа дека е историска грешка на ЕУ што сме ставени зад Албанија, иако неговиот амбасадор гласал за одвојување на двете земји

September 27, 2024

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц најави милијарди за фондот за тропските шуми на КОП30

November 7, 2025

Извештај за проширување: Што е следно за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 7, 2025
Фото: Скриншот

Собранието констатира нови мандати за тројца пратеници

November 7, 2025
Zohran Mamdani
Source> Wikimedia commons

Мамдани со поддршка од двајца милијардери – наспроти десетици зад Куомо

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025
Скриншот од видео на Canal 26

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Орбан ни кажа дека е историска грешка на ЕУ што сме ставени зад Албанија, иако неговиот амбасадор гласал за одвојување на двете земји

September 27, 2024 18:07
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: Влада на РСМ

Фото: Влада на РСМ

Share on FacebookShare on Twitter

Голем дел од заедничката прес-конференција на крајот од разговорите помеѓу унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој е во дводневна официјална посета на Македонија со делегација од десетина министри, и неговиот домаќин премиерот Христијан Мицкоски, помина со изјави и прашања за евроинтегративниот процес и раздвојувањето на Македонија и Албанија на европскиот пат.

Унгарија, како претседавач со Европската Унија, е подготвена да помогне во спорот со Бугарија и да посредува меѓу двете држави. Тешко е да се разбере зошто Албанија е издвоена. Тешко е тоа да го разбере една нација. Сакам да нагласам дека националната гордост е најважна за една нација, а одлуката на ЕУ претставува токму повреда на националната гордост во Северна Македонија. Ова е огромна грешка од страна на ЕУ, што би ја карактеризирал како историска и сега може да се стави на квадрат, бидејќи Северна Македонија ќе биде ставена зад Алабанија, за што не гледам никакви причини, Вие до крајот на годинава мора да ги отворите преговорите со ЕУ – истакна високиот гостин од Унгарија на прес-конференцијата.

Се чини дека Орбан го кажа токму тоа што сакаше да го слушне неговиот домаќин, особено ако се земе предвид дека и Унгарија го поддржа одвојувањето на Албанија и Македонија, а и во досегашниот тек на претпристапните преговори, можеше и порано да се заложи да помогне да се реши спорот со Бугарија, особено што Унгарија го имаше и еврокомесарот за проширување.

Познат како кочничар на многу одлуки на ЕУ, особено оние што се однесуваат на Русија и Украина, можеше да стави вето и на некои од одлуките на комисиите на ЕУ кои, како што сега вели, биле на штета на нашата земја.

На таа релација е и реакцијата на опозициската СДСМ на денешната средба меѓу Мицкоски и Орбан, за која велат дека не носи ништо ново ниту надежно за македонските граѓани, и го потсетија премиерот дека посетата требаше да ја искористи и јавно да го праша Орбан, зошто амбасадорот на Унгарија, инаку земја претседавач на ЕУ, гласал за одвојување на Македонија и Албанија.

Ова требаше да го праша Мицкоски. Зошто македонските граѓани, во неговото претседавање се доведени во ситуација да бидат последни во редот за приклучување во ЕУ? Ако тоа воопшто некогаш се случи, велат од СДСМ.

Од најголемата опозициска партија додааваат дека Мицкоски требаше да го праша Орбан зошто не помогна, како стратешки партнер, во периодот кога договарале кредити од сомнително, кинеско потекло, да се промени преговарачката рамка, како што ветуваше премиерот.

Според СДСМ, Мицкоски и Орбан не понудија ништо за граѓаните, освен што одлучија да ги задолжат за нови 500 милиони евра и да ја закопаат европската перспектива на државата.

Д. Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ