ЦивилМедиа на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што ќе донесе победата на Трамп?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека Трамп е носителот на мирот во светот, од една страна, а од друга страна, неговата победа носи: ништо!.
Мир во светот.
Победата на Трамп, значи стечај за порталов ваш и ти тоа со мали букви, кога влегуваат републиканците, нема ЛГБТ и се и сешто шо промовирате, овде има нации, не дојденци и придојденци, Трамп кажа има за сите место ама на реален начин, затоа спремај ја финансиската листа да не летниш во некое “затворче”…
Мир во светот и уништување на Сорос и сите други сатанисти од „длабоката држава“и нивната корумпирана „мрежа“ во Македонија и надвор во целиот свет.
Мир во Израел и Украина.
Веројатно ќе донесе голем притисок за Македонија да ги поапси и изведе пред лицето на правдата апашите кои последниве 7 години ја пеплосаа и опустошија Македонија.
Да се намаливлијнието на соросоидите , хомосекцуалците ,педофилите и воените профитери.
Ништо нарочито , се зависи од конгресмените.
Ништо!
Ништо, ама баш ништо. Ние си остануваме иста дупка, последна дупка во свет поделена на фиромаци и северџани, ништо не менува…
Мир во светот! Прекин на војната во Украина и Блискиот исток.
Помалку грантови.
Уште поголема сиромаштија.
Појака, побогата Америка, – попаметен свет, се разбира, од интерес и од страв!
Ќе биде весело, знае другарот Трамп да кажува вицеви.
Ништо. Ништо.
Мир во светот и пдообр иднина.
Б. Ј.