• Latest
Фото: МИА Архива

ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

November 15, 2024

Додиковиот фашизам и мобилизацијата на масите

November 13, 2025
Скриншот од видео на ДИК

Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

November 13, 2025

ДЕМОКРАТСКИ НАВИГАТОР денеска во Куманово: Од локални гласови до заедничка иднина

November 13, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Трамп го потпиша законот за буџет со кој стави крај на најдолгата блокада во историјата на САД

November 13, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЕК: Приватната потрошувачка и инвестициите ќе го забрзаат растот на македонскиот БДП

November 15, 2024 15:39
in ЕКОНОМИЈА
Фото: МИА Архива

Фото: МИА Архива

Share on FacebookShare on Twitter

Растот на БДП на Северна Македонија во следниот период ќе забрза умерено, главно поттикнат од зајакнувањето на приватната потрошувачка и зголемувањето на инвестициите, се наведува во есенската прогноза на Европската комисија за економските перспективи на членките на ЕУ и кандидати за членство за наредните две години.

Во извештајот објавен денеска се посочува дека во првата половина од годината, годишниот раст на БДП на земјава бил ограничен поради ниската надворешна побарувачка, дека вкупната инфлација продолжила да забавува, а базичната инфлациска стапка покажувала знаци на намалување.

ЕК предвидува годинава растот на македонскиот БДП да изнесува 2 проценти, во 2025 година – 2,6, а во 2026 година – 2,9 отсто.

Влошеното стоковно салдо и намалените дознаки, заедно со зголемувањето на трошоците, веројатно ќе резултира со многу поголем фискален дефицит во 2024 година, отколку што беше предвидено претходно, проценува ЕК.

Сепак, како резултат на фискалната консолидација, се очекува дефицитот да се намали на три отсто до 2027 година, при што се нагласува дека во 2025 и 2026 година потребите за финансирање ќе бидат особено високи.

– Домашната побарувачка остана слаба во првата половина на 2024 година, при што растот на потрошувачката на домаќинствата забави во однос на нивото од 2023 година, но инвестициите во голема мера имаа позитивен ефект, се наведува во документот.

Во извештајот се додава дека во првата половина од годината производството забележало просечен раст на годишно ниво од 1,8 отсто, главно како резултат на големиот пад на увозот, со што е компензирано намалувањето и на извозот. Според ЕК, очекуваниот придонес за економскиот раст од изградбата на трансевропските коридори 8 и 10д, веројатно ќе се оствари во 2025 и 2026 година.

– Се очекува зголемување на приватните инвестиции, а потрошувачката на домаќинствата веројатно повторно ќе се зголеми, главно поради брзото зголемување на платите и пензиите и падот на инфлацијата, предвидува ЕК.

Нето извозот не се очекува значително да придонесе за економскиот раст во следните две години, како резултат на бавното економско закрепнување на главните извозни пазари, особено Германија. Од друга страна се очекува зголемениот увоз да го поттикне проектираниот пораст на инвестициите, а на севкупното умерено забрзување на растот на БДП би влијаело и очекуваното зголемување на приходите од туризмот и ИТ услугите.

Во прогнозата натаму се посочува дека откако достигна максимална стапка од 19,8 отсто во октомври 2022 година, годишната инфлација во земјава продолжи да се намалува во првите девет месеци од 2024 година на просечни 3,3 проценти.

– Се предвидува инфлацијата да се врати во просек на близу 2 отсто во 2025 година, се додава во документот.

Во однос на основната каматна стапка, се посочува дека во поголем дел од годината таа остана непроменета на ниво од 6,3 отсто утврдено во септември 2023 година, по што во септември и октомври годинава Народната банка ја намали стапката за по 0,25 процентни поени.

Во делот на вработеноста се посочува дека таа благо опадна во 2023 година и во првата половина на годината, а поизразен стана одливот на работна сила, особено кај младите работници, поради што работодавачите се соочуваат со недостиг на работна сила и со потребата да исплаќаат повисоки плати.

– Просечните бруто номинални плати се зголемија за 14,8 отсто на годишно ниво во првите осум месеци од 2024 година, посочува ЕК, додавајќи дека како резултат на структурни проблеми вработеноста веројатно нема значително да се зголеми во следните години.

Во есенската прогноза се предвидува подобрување на буџетскиот биланс, поттикнато од значителното зголемување на јавните приходи во првата половина од годината, делумно како резултат на законските измени за проширување на даночната основа, што стапија на сила во октомври 2023 година и во јануари 2024 година за

Со ребалансот на Буџетот, новата Влада го зголеми планираниот фискален дефицит од 3,4 на 4,9 отсто од БДП, со цел да го приспособи на обврските главно поврзани со платите во јавниот сектор, новото ад-хок зголемување на пензиите во септември 2024 година и понискиот раст на БДП од очекуваниот.

– Со многу повисоко проектиран дефицит за 2024 година од претходно, плановите за фискална консолидација се одложени, а дефицитот се предвидува да се намали на три проценти до 2027 година. Потребите за финансирање се зголемени во текот периодот опфатен со прогнозата, особено поради рефинансирањето за отплата на две големи еврообврзници во 2025 и 2026 година, се вели во извештајот.

ЕК прогнозира дека ризиците по економијата на земјава „главно се во надолна линија“, иако зајакнувањето на домашната побарувачка може да биде помало од очекуваното, доколку домаќинствата се соочат со намалени приходи од дознаките или ако се зголемат притисоци врз инфлацијата и врз вработеноста поради високиот раст на платите.

Во документот се нагласува дека во случај на натамошни одложувања на проектите за патните коридор 8 и 10д или при неостварувањето напредок во менаџирањето со јавните инвестиции, инвестицискиот придонес во економскиот раст може да биде помал од очекуваниот.

– Од друга страна, побрзата интеграција со ЕУ, поткрепена со структурни реформи, како што е предвидено со Планот за раст на ЕУ, може да ги зголеми извозот и продуктивноста, се заклучува во делот на есенските економски прогнози на ЕК за земјава.

 Фото: МИА Архива 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    211 shares
    Share 84 Tweet 53
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ