• Latest

Започна акцијата „Новогодишна кошница“, инспекторите на терен, СДСМ ја оцени мерката како манипулативна оти трговците веќе ги зголемиле цените

December 15, 2024

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (7): Затвореници пуштени на викенд не можеле да го остварат правото на гласање поради отсуство во Избирачкиот список

November 12, 2025

Српските студенти ја прекинаа блокадата на Јавниот радиодифузен сервис откако ја освоија концесијата

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (6): Над 20 починати лица фигурираат на Избирачкиот список на едно избирачко место

November 12, 2025
Israeli settlers set fire on a Palestinian warehouse
Source: Screenshot Al-Jazeera

Израелски доселеници запалија палестински магацин и земјиште додека нападите на Западниот Брег се зголемуваат

November 12, 2025
Креирано со помош на ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (5): Општа караница на ИМ помеѓу партиските набљудувачи и ИО, за тоа кој пријавил наводен инцидент

November 12, 2025
Фптп: Скриншот од видео на ВВС

Трамп напиша писмо во кое бара од израелскиот претседател да го помилува Нетанјаху во судењето за корупција

November 12, 2025
Фото: веб страна на украинскиот претседател

Зеленски бара разрешување на министрите за правда и енергетика на Украина

November 12, 2025
Илустрација ВИ

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (4): Недостапни избирачки места – правото на глас заглавено на втор кат

November 12, 2025
Фотографија: UNOPS South East Europe - Platform X

Конференција Western Balkans 2030: Потребни се десетици милијарди евра за да се прилагоди регионот на климатските промени

November 12, 2025

ОД БЕЛЕЖНИКОТ НА НАБЉУДУВАЧОТ НА ЦИВИЛ (3): ИО не дозволил да гласа граѓанин кој го имало при проверка со фингрпринт, но го немало во Избирачкиот список, иако во првиот круг му дозволиле

November 12, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Започна акцијата „Новогодишна кошница“, инспекторите на терен, СДСМ ја оцени мерката како манипулативна оти трговците веќе ги зголемиле цените

December 15, 2024 11:15
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Стартува акцијата „Новогодишна кошница“ со која до 15 јануари над 900 производи опфатени со акциската листа треба да се продаваат по пониски цени за 10 проценти. Акциската листа опфаќа леб и житарици, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напитоци, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго. Тие производи на полиците во трговските ланци треба да бидат обележани со налепница и лого „Помалку трошоци, повеќе за тебе“, како дел од кампањата на Владата.

Најавени се контроли од Државниот пазарен инспекторат кој веќе неколку дена ги мониторира цените за да утврди евентуални неправилности. Владата очекува акцијата да го заштити семејниот буџет во услови на зголемени цени на прехранбените производи што се потврдија и со последните податоци за инфлацијата од Државниот завод за статистика.

По официјализирањето на акцијата на 5 декември, кога беше најавено дека листата содржи 600  производи, до завчера, како што објави заменик-министерот за економија Марјан Ристески, бројката достигна 900 производи.

– Интересот за приклучување на компаниите во акцијата „Новогодишна кошница“ расте, за една недела листата на производи се зголеми од 650 на повеќе од 900 производи. Граѓаните ќе можат да купат повеќе од 900 производи од 83 компании кои тие самите ги понудиле, со пониски цени од најмалку 10 проценти, напиша Ристески на социјалните мрежи.

Апелираше компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која посочи дека самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk.

Во пресрет на акцијата, ДПИ објави дека пазарните инспектори ги мониторираат цените на производите коишто ги содржи акциската листа заедно со најниските цени на истоимените производи кои биле применувани во последните 30 дена. Целта на мониторингот е да се утврди дали по почетокот на акцијата трговците ќе се придржуваат до дадената иницијатива од нивна страна за акциско намалување на цените од 10 отсто или повеќе на прехранбени производи кои најмногу се продаваат во текот на новогодишните празници.

Од Владата во неколку наврати порачаа дека најавеното намалување на цените на производите со акцијата ќе го заштити семејниот буџет.

– Очекувам позитивни ефекти од акцијата и за празниците што побогата потрошувачка кошничка за граѓаните за понида биде што побогата, изјави премиерот Христијан Мицкоски завчера по присуство на поставување камен темелник на нова фабрика во ТИРЗ Кичево.

При објавата на новогодишната кошница, Мицкоски рече дека листата на производи е договорена заедно со стопанските комори, синдикатите, производителите, дистрибутерите и трговците. Премиерот тогаш нагласи дека не се работи за интервентна мерка на Владата и со ограничување на цените, туку за консензуално решение поради што нема да има казнување, туку ќе има мониторинг дали на тие производи ќе бидат залепени налепниците за да бидат визибилни за граѓаните.

Со „есенската потрошувачка кошница“ што се применуваше од 24 септември до крајот на октомври беа опфатени 73 производи, а според анализите на Министерството за економија, просечно четиричлено семејство заштедило меѓу 690 и 1.360 денари, во зависност од потрошеното и продавниците каде што се купувало. Наспроти власта, синдикатите реагираа дека трговците ја изиграле мерката зголемувајќи ги цените на производите и најавија дека будно ќе ја следат примената на новогодишната кошничка.

Од Сојузот на синдикатите на Македонија укажаа дека синдикалната минимална кошничка што ја подготвуват тие ќе биде главниот контролен механизам за тоа дали цените навистина се намалени од страна на трговците.

– Ова од причина што новата Синдикална минимална кошница ќе биде пресметана на 20 декември, а мерката односно акцијата стапува во сила на 15 декември со што ќе знаеме што реално е намалено од основните производи во делот за храна и пијалаци, а на 20 јануари ќе знаеме дали по завршување на мерката на 15 јануари, трговците направиле зголемување на цените со што би се изгубил ефектот од истите. За потсетување, трговците пред стапување во сила на претходните мерки ги намалија платите на вработените во трговијата за 5 проценти согласно што се намали и просечната плата, а поради неоправданото зголемување на цените се зголеми на вредноста на СМК во делот на храна и пијалаци пред стапување на сила на мерката и по завршување на истата повторно имаше зголемување, наведоа од ССМ.

Апелираа стопанствениците да покажат општествена одговорност, а во спротивно доколку се обидат да го изиграат системот, да се воведат ригорозни казни за непочитувачите.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за ноември годинава изнесува 62 021 денар, за 772 денари повеќе во однос на кошницата во октомври.

Во ноември Државниот завод за статистика регистрираше раст  од 4,3 проценти на трошоците на животот во однос на ноември лани,  како и зголемување од 4 проценти на цените на мало.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември во однос на октомври годинава, изнесува еден процент. Зголемувањето на инфлацијата, според статистиката, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во групите: храна и безалкохолни пијалаци за 2,1 процент, рекреација и култура, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 1,5 проценти, ресторани и хотели за 0,8 проценти, облека и обувки, здравје за 0,2 проценти, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,1 процент.

За заштита на стандарот на граѓаните поради покачувањето на цените што е особено карактеристично пред празниците, покрај новогодишна кошница, Владата најави и велигденска и рамазанска.

На 28 септември годинава стапи во сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој според власта дополнително треба да ги намали цените на производите и трајно да стави ред во трговијата. Со него се опфатени близу 2.500 производи на кои профитната маржа им е ограничена до 10 отсто, поради што се очекува за 10 отсто да ги намали нивните цени.  Со Законот, покрај ограничен рабат, трговците нема да смеат да наплаќаат дополнителни трошоци за маркетинг, репрезентација, како и за истакнување одреден производ на полица.

Од опозициската СДСМ денеска обвинија дека мерката е манипулативна бидејќи трговците веќе ги зголемиле цените и оти Владата намерно оставила простор за тоа да се случи. Велат, сега наместо вистинско намалување на цените, трговците само ќе ги вратат на нивото на коешто тие биле што пак значи дека нема да има реално намалување и оти граѓаните нема да добијат никаков бенефит.

„Станува збор за договорени цени за кои владата сама кажува дека нема да има казни доколку некој од трговците не ги почитува. Што значи оставен е простор тие сами да ги одредуваат цените врз грбот на народот. Инфлацијата во месец ноември достигна 4,3%, а трошоците за живот според последните податоци на Државниот завод за статистика бележат раст од 3,5%“, велат од СДСМ.

Оттаму велат и дека додека цените на производите растат, стандардот опаѓа и оти Владата наместо да преземе одговорност и да се справи со кризата на вистински начин, се занимава со манипулации со кои се штитат трговците.

„СДСМ бара итни и системски мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, меѓу кои и укинување на ДДВ на храна со што вистински ќе се намалат цените на долг рок и зголемување на минималната плата. Преку намалување на ДДВ и ќе се олесни финансискиот товар на семејствата до 2.000 денари месечно или околу 24.000 денари годишно“, велат од СДСМ.

Д.М. 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ