Денешното ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ е: Какви новогодишни празници можете да си дозволите?
Гледаме разни акции и мерки, владини и компаниски, разни ограничувања на цените и маржите, попусти на производите, разни видови „грижа“ за граѓанките и граѓаните, односно потрошувачите.
Колку тоа навистина ќе им помогне на луѓето да поминат весели, безгрижни и богати новогодишни и божиќни празници, без притоа да мислат на тоа како ќе го преживеат јануари, па и февруари идната година.
Одговорете во коментари или во пораки. Споделете!
Да одговориме заеднички на прашањата со кои се соочуваме во секојдневниот живот, да се обидеме да си дадеме совет едни на други, да споделиме искуства, да посочиме кон решенијата.
ВКЛУЧЕТЕ СЕ.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа