• Latest

Синдикатот бара измена на Законот за мобинг, од 2013 година досега 25 обраќања до ССМ за вознемирување на работно место

January 6, 2025

ЦИВИЛ отвори повик за краткорочни и долгорочни изборни набљудувачи

August 21, 2025

24 ЧАСА: Правото на глас – темел на демократијата; Ако поради независните пропаднат изборите, владини повереници ќе раководат со општините, вели Мицкоски; Полициска бруталност и апсења на протестите во Србија

August 21, 2025
Фото: Министерство за одбрана

Македонски контингент од околу 280 војници испратен на меѓународната воена вежба во Германија

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Демократите од Калифорнија ќе гласаат за нова конгресна мапа за да се спротивстават на Тексас

August 21, 2025

Владата го нарушува правичното претставување во општините со намалување на бројот на советници, изјавија од ДУИ

August 21, 2025

Додик најави реферндуми на 18 и 25 октомври за одлуката да му се одземе претседателскиот мандат

August 21, 2025

Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

August 21, 2025
Средба Трамп-Путин, Алјаска, 15 август 2025 (извор на фотографија: веб-страницата на рускиот претседател)

5 дена дипломатија, 5 дена смртоносни руски напади врз Украина

August 21, 2025

Правото на глас – темел на демократијата, што е што во изборен контекст

August 21, 2025
Фото: Скриншот од виео на CNN-News18

Меѓународниот кривичен суд ги „осудува“ новите санкции на САД врз судиите и обвинителите на судот

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Синдикатот бара измена на Законот за мобинг, од 2013 година досега 25 обраќања до ССМ за вознемирување на работно место

January 6, 2025 10:01
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Измените на Законот за заштита од вознемирување на работното место или носењето на нов закон останува отворено прашање иако иницијативата за измени е започната уште пред три години.

Од Сојузот на синдикати на Македонија во изјава за МИА велат дека постапката за анализа на потребата од изготвување на нов закон е почната и е формирана работна група, но досега никој не ги повикал.

– Практиката покажа дека законските решенија не обезбедија задоволителна правна рамка за ефикасна заштита од вознемирување на работното место. Од тие причини пред три години се започна со постапка за анализа на потребата од изготвување на нов закон, ССМ има свој претставник во работната група, но од непознати причини веќе цела година работната група не е повикана да го даде своето мислење и да продолжи со работа, нагласуваат од ССМ.

Посочуваат дека имплементацијата на Законот донесен во 2013 година покажала оти има потреба од подобрување на одредбите и негово усогласување со меѓународните трудови стандарди.

До ССМ, која нуди бесплатна правна заштита за правата од работен однос, од 2013 година досега имало 25 обраќања по основ на вознемирување на работното место.

Најголем број обраќања имало во 2013 година, осум, а следната 2014 година седум обраќања.

Во 2024 година, до ССМ по овој основ помош побарале две лица, а претходната година три лица. Податоците од ССМ покажуваат дека во 2017 и 2018 година немало ниту едно обраќање, а по едно обраќање е евидентирано во 2016 година и 2019 година. Во 2015 година имало три обраќања.

– Карактеристично е тоа што во ССМ има голем број обраќања во врска со вознемирувањето на работнoто место, но од лица кои не се членови на синдикатот. Овие податоци упатуваат на тоа дека вознемирувањето на работното место најчестo се случува во средини каде што работниците не се синдикално организирани и едуцирани за своите права, додека синдикално организираните работници по пат на обуки и советувања организирани од ССМ сè повеќе стануваат свесни, го препознаваат и го пријавуваат мобингот, односно бараат законска заштита на своето право да работат во здрава и безбедна работна средина, со најмал можен стрес и почитување на човековото достоинство, велат од ССМ за МИА.

Психичкото вознемирување е негативна појава на работното место која има последици врз физичкото и менталното здравје на работниците, влијае на продуктивноста и квалитетот на работата, а пошироко има сериозни негативни импликации во семејството и општеството воопшто.

Оваа широко распространета негативна појава, бара сериозен пристап од сите институции во државата, со цел да се обезбедат правни и општествени услови и претпоставки за негово намалување и спречување. Потребно е да се работи и на едукација на работниците за остварување, унапредување и заштита на нивните права.

– Многу е битно превентивното делување, обуката која треба да се спроведува и за работодавачите и за работниците за да се стекнат со сознанија за своите права и обврски и одговорности во оваа област, а сериозен придонес треба да дадат и инспекциските служби во заштитата на работниците и нивните права. Само со интегрирани активности на сите субјекти во општеството може да се надминат сериозните последици од оваа негативна појава во областа на трудот и работењето, нагласуваат од ССМ.

До Службата за бесплатна правна помош при ССМ од година во година се зголемува и бројот на обраќања за неправилности во однос на примената на Законот за работни односи и за непочитување на недела неработен ден во областа на здравствената заштита, комуналните препријатија и рударството.

Минатата и оваа година најголемиот број обраќања се однесуваат на примената на Општиот колективен договор (ОКД)  за јавен сектор, односно исплатата на регресот за годишен одмор уреден првпат по подолг временски период со овој ОКД што минатата година го потпиша ССМ. Обраќањата има и во врска со зголемувањето на платите во јавниот сектор, исплатата на јубилејните награди и примената на новата методологија за пресметка на платата.

Во приватниот сектор најчестите обраќања се во врска со неисплатени плати, додатоци или надоместоци на плата, а посебно додатокот за минат труд којшто, како што посочуваат од ССМ, најчесто не се исплаќа кај работодавачите каде синдикатот нема свои членови.

извор: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ