• Latest

Остри критики на европските лидери и на првиот човек на Германската унија на новинари кон нападите на Маск и неговата поддршка на десничарската АФД

January 8, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Остри критики на европските лидери и на првиот човек на Германската унија на новинари кон нападите на Маск и неговата поддршка на десничарската АФД

January 8, 2025 15:53
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Мика Бојстер, првиот човек на Германската унија на новинари, кој беше еден од учесниците на неодамнешната конференција за одбрана на демократијата во Скопје, објави остар коментар во Франкфуртер Алгемајне Цајтунг по повод поддршката што ја даде Илон Маск на германскиот АФД.

Маск во декември 2024 на својата платформа Х објави дека само АФД ќе ја спаси Германија, а германскиот канцелар Олаф Шолц го нарече меѓудругото „неспособна будала“, повикувајќи го на оставка.

Olaf ist ein Narr https://t.co/Yye3DIeA17

— Elon Musk (@elonmusk) November 7, 2024

Социјалдемократот Шолц, во интервју за списанието „Штерн“, од 4 јануари, истакна дека не му пречат нападите на Маск кон него или кон други германски политичари, туку дека поддршката на милијардерот за екстремната десница е многу позагрижувачка.

„Далеку повознемирувачки од таквите навреди е фактот што Маск поддржува екстремно десничарска партија како АфД, која се залага за зближување со (рускиот претседател Владимир) Путин и се обидува да ги ослабне трансатлантските односи“, рече Шолц.

Во меѓувреме група од 42 европски пратеници побараа Европската комисија да истражи дали сопственикот на социјалната мрежа Икс, Илон Маск ја зголемува дистрибуцијата на сопствените коментари на начин што го прекршува правото на Европска Унија. Европратениците стравуваат од влијание врз јавната безбедност. Зголемувањето на стравовите се однесува и на објавите на Маск за теми поврзани со ЕУ и нејзините земји-членки, пријателската пропаганда за Кремљ за војната во Украина и антисемитските теории на заговор, наведуваат европратениците во нивното писмено барање до ЕК.

Во четвртокот Маск ќе ја искористи својата платформа за да ја угости Алиса Вајдел, шефицата на германската екстремно десничарска, антиимигрантска Алтернатива за Германија (АФД).

За многу германски политичари ова е политичко мешање на Маск, особено што АФД е втора на анкетите пред парламентарните избори на 23 февруари.

Маск неколку пати зборуваше во корист на АФД во последните недели и напиша многу контроверзна статија за Welt am Sonntag во која ја нарече АФД „последна искра на надеж“ за Германија.

Својата интервенција во тоа време Маск ја оправда поради финансиската инвестиција на неговата компанија Тесла во Германија. Тој рече дека прикажувањето на АФД како десничарска и екстремистичка е „јасно лажно“, бидејќи Алис Вајдел имала истопол партнер од Шри Ланка.

Германските безбедносни служби ја означија АфД како десничарска или сомнително екстремистичка, а судовите пресудија дека таа остварува цели против демократијата.

Додека Олаф Шолц се обидуваше да остане смирен, кандидатот за канцелар на германските  „Зелени“ , Роберт Хабек, беше поостар: „Тргнете ги рацете од нашата демократија, господине Маск“.

Лидерот на либералната ФДП, Кристијан Линднер, посочи дека целта на Маск можеби е да ја ослабне Германија во интерес на САД, „препорачувајќи да гласаме за партија која ќе ни наштети економски и ќе не изолира политички“.

Поранешниот шеф на дигиталната агенда на Европската комисија, Тиери Бретон, минатиот викенд излезе на X за да ја предупреди Алиса Вајдел, кандидатот за канцелар на АФД, дека разговорот во живо со Маск во четврток ќе и даде „значајна и вредна предност во однос на вашите конкуренти“.

Европската комисија соопшти дека нема ништо во правилата за дигитални услуги на ЕУ што забранува пренос во живо или за некој што изразува лични ставови.

Сепак, портпаролот предупреди дека сопствениците на платформата не треба да обезбедуваат „преференцијален третман“.  Платформата Х на Маск е веќе под истрага и ЕУ, а преносот во живо ќе биде предмет на таа истрага, пишува Би-би-си.

Б. Ј.

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ