• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Европратеници бараат истрага за Елон Маск за евентуални законски прекршувања на ЕУ

November 23, 2024

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европратеници бараат истрага за Елон Маск за евентуални законски прекршувања на ЕУ

November 23, 2024 10:46
in СВЕТ
Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев/ ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

Група европски пратеници бараат Европската комисија да истражи дали сопственикот на социјалната мрежа Икс, Илон Маск ја зголемува дистрибуцијата на сопствените коментари на начин што го прекршува правото на Европска Унија.

Барањето уследи по објавената студија на Универзитетот во Квинсленд во Австралија, кој ја испитуваше распространетоста на коментарите на Маск во изминатите месеци, пренесува МИА.

Маск, кој е сопственик и на „Тесла“ и на „СпејсИкс“, исто така е влијателен соработник на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, а неодамна беше номиниран да го води новиот Оддел за владина ефикасност.

Барањето на ЕП го потпишаа 42 пратеници од различни фракции. Тоа сугерира дека алгоритмите неодамна се префрлија во корист на сопствените коментари на Маск. Ова ги вклучува и процесите со кои се одредува каде и како тие се појавуваат на платформата. Истражувачите известуваат дека откако Маск ја објави својата поддршка за Трамп во јули, бројот на прегледи на неговите коментари вртоглаво се зголеми.

Иако коментарите на други влијателни политичари беа исто така често прегледувани за време на изборната кампања во САД, оние на Маск имаат неверојатно поголем пораст.

Според авторите на студијата, резултатите сугерираат дека специфичните предности за видливост можеби селективно се применуваат на платформата.

Европратениците стравуваат од влијание врз јавната безбедност.

Зголемувањето на стравовите се однесува и на објавите на Маск за теми поврзани со ЕУ и нејзините земји-членки, пријателската пропаганда за Кремљ за војната во Украина и антисемитските теории на заговор, наведуваат европратениците во нивното писмено барање до ЕК.

Покрај многуте неумесни и навредливи коментари на Маск кон јавните личности со кои има спротивставени мислења, тој неодамна, веднаш по објавата за распад на германската владејачка коалиција, во објава на неговата мрежа Х го нарече германскиот канцелар Олаф Шолц – будала.

„Олаф е будала“ (Olaf ist ein Narr), напиша Маск.

Olaf ist ein Narr https://t.co/Yye3DIeA17

— Elon Musk (@elonmusk) November 7, 2024

М. Д.
Tags: ЕУзаконски прекршувањаИлон МаскистрагаХ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ