• Latest

Случајот на министерот Дабро: Хрватска не е надвор од Балканот

January 21, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025

Изборни ветувања: Лифтови во стари згради, спортски сали, СРЦ Кале и нови центри и забавни паркови за граѓаните

October 6, 2025
Францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Францускиот премиер Лекорну поднесе оставка по помалку од еден месец на функција

October 6, 2025
Фото: Х

Балони користeни за шверцување цигари причина за затворањето на аеродромот Вилнус во Литванија

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен повторно пред гласање за недоверба во ЕП

October 6, 2025

Ципрас поднесе оставка како пратеник на Сириза, но останува активен во политиката

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на РТВ

Едно лице се удави, деветмина спасени при превртување на чамец во Дунав – сите кинески државјани

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Случајот на министерот Дабро: Хрватска не е надвор од Балканот

Додека нашиот премиер се обидува да го заборавиме ловот на недолжна и заштитена мечка од страна на својот локален финкционер, за да не му побара оставка, во Загреб вицепремиер мораше да поднесе оставка веднаш по објавување на видео снимка за неговото стрелање со пиштол од отворен прозорец од автомобил во движење. По се друго Балкан си е Балкан, и во Макдонија и во Хрватска

January 21, 2025 13:51
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Вицепремиерот и министер за земјоделство, шумарство и рибарство во хрватската влада – Јосип Дабро од Домовинската партија поднесе оставка, информирајќи ја јавноста за тоа преку социјалните мрежи ноќта од петокот кон саботата. Ова се случи откако Јутарњи лист објави видео на кое се гледа како пука од пиштол од автомобил во движење низ прозорецот.

На снимката се гледа дека Дабро е совозач, дека е во летна облека (настанот значи не е нов) и низ отворен прозорец во автомобил пука од пиштолот хоризонтално, додека непосредно автомобилот минува крај блиски куќи во кои горат светла.

ПУКАЊЕ ВО НОЌТА Функционерот истреласт девет куршуми во населено место

Тој настан бил „посветен“ на неговиот брат од некоја причина, само што новинарите на Јутарњи лист го откриле пред некој ден и веднаш го објавиле спотот на интернет страницата на медиумот. Шокот бил голем заради ноншалантноста во односувањето на вториот човек во владата и коалициониот „сврзник“ на ДП со владеечката ХДЗ, која, да се потсетиме, на тој начин спеа да добие мниозинство во Парламентот токму со 9-те гласови на „домољупците“. Неповолниот одек за тој настан  бил толкав што премиерот Пленковиќ, кој бил вон земјата, веднаш извршил притисок да падне оставка, иако со ова барање се разнишува коалициониот однос во многу деликатен момент: после поразот на нивната коалиција (кандидат Приморац) на претседартелските избори, многуте претходни афери со членови на Владата во последните години, а згора во мај се очекуваат локални избори, при што, ХДЗ сака да го врати градоначелникувањето во главниот град, а за тоа им треба поддршка.

Навистина, според коментаторот Жарко Пуховски, Домовинскатата партија мисли дека главен град на Хрватска е Вуковар, а не Загреб (!), па допрва се очекува колку долго ќе се лула владиниот чун.

Неофицијално, притисокот врз Дабро бил силен и немало никаква доброволност во давањето на оставката и свикувањето на прес конференцијата каде тој се бранел дека пукал со маневарска муниција и во моменти на „непромислена веселост“!

„Од морални причини поднесувам неотповиклива оставка од функцијата министер за земјоделство, шумарство и рибарство. За време на мојот мандат, бев воден од јасна визија и решителност да ги воведам многу потребните промени во секторот земјоделство, шумарство и рибарство, борба против неправилностите и воспоставување транспарентни и фер односи во мојот оддел. Но, во тој процес се соочив со значителни притисоци и закани и во моментов сум под полициска заштита“, напиша Дабро на својот Фејсбук профил.

ИЗЈАВА Добро дава изјава дека се повлекува од функцијата, видеото го издаде

Ваквото однесување и употреба на огнено оружје Владата го оцени како „непримерно и неодговорно“.

– Она што е проблематично е еден вид татковински примитивизам. Некој што хоризонтално пука од автомобил, се чини дека не е проблем за никого. Дојдовме до моментот кога веќе никој не им верува на овие луѓе – вели Пуховски.

Тој се осврна и на оставката на министерот Дабро и коментираше дали е присилна или доброволна.

„Сите тие ја сфаќаат оставката како еден вид отказ. Настана целосна конфузија. Не се знае како се менуваат министрите. Не се знае кога е донесена оваа одлука, што значи за коалициските односи“, коментира Пуховски.

Тој одговори и на прашањето дали смета дека случајот Дабро ќе биде почеток на крајот на соработката меѓу ДП и ХДЗ.

„Не може да се отстрани Пенава (претседателот на ДП – н.з.) од играта до локалните избори. За него главен град е Вуковар. За сите нив, всушност. За нив единствено е важно да го спасат образот околу нивната позиција до тој степен што имаат поддршка од ХДЗ за нивниот човек за градоначалник. За нив Загреб е второстепено прашање. Ова го користи ХДЗ, која од нив може да добие што сака. Мислам дека тоа нема да се случи“, смета Пуховски (https://n1info.hr/vijesti/zarko-puhovski-o-ostavci-ministra-dabre/).

Скандал во Владата?

„Убеден сум дека тој нема да влезе во владата до мај. Мислам дека ќе испратат некој што е можно поневажен, што е можно пољубезен и граѓански, кој ќе го одржува балансот“, заклучи Пуховски.

 

НЕМА ДА ИМА ДОДАТНИ ДРАМИ Пуховски смета дека нема да има додатни драми во Загреб се до локалните избори во мај

Ама, бидејќи хрватските медиуми имаат се’ уште висока професионалност, за разлика од нашите (што, патем, го покажаа и на следењето на претседателките избори) тие го гонеа потпретседателот на Владата за пукањето, но истераа и покрупна работа – тој веќе подолго време работи во амбиент на истрага за неправилно работење во областа на шумарството, кое е инаку негов матичен ресор (и пред големиот политички скок во кариерата).

Претседателот на Управата за хрватски шуми (ХШ), Недиљко Дујиќ, во неделата потврди дека УСКОК води истрага поради сомневање за корупција на пониски ниво.

По поднесувањето на неотповиклива оставка поради објавувањето на видеото од пукање од автомобил, поранешниот вицепремиер и министер за земјоделство, шумарство и рибарство, Јосип Дабро, изјави дека додека раководел со Министерството, наишол на криминал во Хрватски шуми. Тој вели дека за ова го предупредил премиерот Андреј Пленковиќ.

Медиумите претходно денеска неофицијално објавија дека Канцеларијата за сузбивање на корупција и организиран криминал (УСКОК) го истражува Хрватске шуми за можни неправилности и корупција и дека истражните дејствија започнале пред неколку месеци по пријава на Управата на Хрватске шуме. Дабро додава дека во невремето што ја опустоши Славонија во последните две години, од шумите се уништени или исчезнати суровини во вредност од 150 милиони евра.

Премиерот Пленковиќ вчера им рече на новинарите, во врска со наводите на Дабро, дека како надлежен министер за земјоделство, шумарство и рибарство „го задолжил да го реши ова прашање со Управата за шуми на Хрватска и да направи се што може за да се осигура дека операциите се во рамките на на законот и целта на тоа што се прави.“ Тој додаде дека Дабро како надлежен министер, заедно со Управата за шуми на Хрватска, требало да го решат секое прашање што го сметал за отворено.

Не била во прашање лисица, во овој слулчај со министерот, туку – мечка. А тоа, нели, со мечката, случи кај нас со заменик директорот на Македонија пат, Сашо Дранго кој во декември убил мечка на Пелистер, со пушка со снајпер и згора се фотографирал со трофејот. https://nezavisen.mk/anima-mundi-prashuva-imalo-li-obid-da-se-prikrie-ubivanjeto-na-mechkata/

КОЈ Е ТУКА ЗАШТИТЕН Законот ја штити мечката а партијата го шртити – криволовецот

Ова неодамна го објави „Анима Мунди“ и излезе со низа прашања, меѓу кои дали ова му се случува првпат на овој функционер, дали веќе имал забрана за носење оружје во друга постапка и дали воопшто во институциите надлежни за тоа има пријава дека загинала мечка во сообраќајка изминатиот месец, како што се бранеше тој потоа, нели, кога дошол да ја заштити во пазувите на Пелистер.

Да се потсетиме најкусо дека од страна Битолското обвинителство е отворен предмет за фотографијата на заменик директорот на „Македонија пат“. Мечка е животно со највисок степен на заштита во земјава. Не постои ниту записник дека во МВР имало пријава за застрелена мечка од друго лице, што на крајот на му даде никакво право на Мицковски да не побара одговорност од било каков вид од својот функционер! Но тој тоа прашање го одложи, сакал да биде сигурен во вината на Дранго.  (https://kanal5.com.mk/videos/678492/mickoski-najavi-razreshuvanje-na-drango-dokolku-se-potvrdat-informaciite-za-zastrelanata-mechka).

Неговата лествичка на одговорност, кога се во прашање неговите сопартијци е толку ниско поставена што практично и не се гледа.

Според однесувањето на функционерите и Хрвбатска и Македонија не се со некои разлики. Разлика има во фактот што првите се во ЕУ и сакале-нејќеле мора да применуваат поинакви аршини. Е токму затоа и се јавуваат сите оние отпори кон вистинското приближување на РСМ кон Брисел.


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: оставка на вицепремиерХрватска
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ