• Latest
Фото: Скриншот

„Аптив“ заминува од „Бунарџик“, се сели во Полска и Португалија, „Џонсон Мети“ ќе крати работни места

February 6, 2025

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

„Аптив“ заминува од „Бунарџик“, се сели во Полска и Португалија, „Џонсон Мети“ ќе крати работни места

February 6, 2025 11:12
in ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
Фото: Скриншот

Фото: Скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

Ирско-американската компанија „Аптив“ го затвора погонот во ТИРЗ Бунарџик и се сели во Полска и Португалија, земји члнки на ЕУ. Истовремено, британскиот гигант „Џонсон Мети“, најголемиот извозник од Македонија, најави намалување на бројот на вработени, објави синоќа Телма.

Како што пренесува Независен, кризата во светот, очигледно удира и по компаниите во технолошко-индустриските развојни зони кај нас, посебно оние од автомобилската индустрија, за што веќе се зборува некое време. Тоа го покажуваат и податоците за надворешно-трговската размена со светот, кои се во надолен тренд. Со Британија, од каде што е „Џонсон Мети“ таа е помала за 21,9, а со Германија 9,2 отсто

Од „Аптив“, каде што работно се ангажирани околу 500 лица, за „Телма“ велат дека „поради оптимизирање на производствените капацитети, согласно случувањата на глобалниот пазар, производство од Бунарџик го селат во нивните погони во Полска и Португалија, а во Македонија се затвора“.

Оваа глобална компанија е присутна во 50 земји со над 200 илјади вработени, според информациите од нивната корпоративна интернет страница.

Таа е еден од најголемите добавувачи во автомобилската индустрија што произведува и доставува напредни електрични, електронски и безбедносни технологии насекаде во светот, овозможувајќи им на производителите ширум светот да креираат возила коишто се побезбедни и подобро поврзани со околината.

Во 2016 година, „Аптив сервисес Македонија“ ја отвори својата прва локација во Македонија во Бунарџик. „Аптив“ во Македонија има околу 500 вработени кои произведуваат за автомобилската индустрија во светски рамки.

Во дописот од компанијата за „Телма“ се вели и дека „имаат план за поддршка на вработените во текот на целата транзиција, која ќе биде во согласност со локалните закони и прописи“, односно дека вработените ќе добијат соодветно обештетување.

Од „Џонсон Мети“, пак, која е убедливо најголемиот извозник од Македонија изјавија дека ќе го намалат бројот на работни позиции поради глобалните случувања.

„Со оглед на неодамнешните глобални економски притисоци на автомобилскиот пазар, правиме прилагодувања на сменските модели во некои наши локации за да ја балансираме понудата со побарувачката во блиска иднина. Ова, за жал, ќе резултира со ограничен број на работни места кои би биле предмет на намалување“, се вели во дописот од „Џонсон Мети“ до „Телма“.

Во синоќешната „Топ тема“ на Телма, универзитетскиот професот Ванчо Узунов, коментирајќи ги најновите глобални случувања и најавата за воведување царини од страна на САД за Европската унија рече дека тоа посредно ќе се одрази и врз македонската економија.

„Германија е голем извозник во САД, а најголем дел од македонскито извоз е во Германија“, објасни професорот Узунов, додавајќи дека вистинската криза кај нас ќе се почувствува кога таа ќе удри и врз компаниите надвор од ТИРЗ, а кои имаат извоз во Германија.

Инаку, вчера „Незавсен“ објави дека минатата година значајно опаднала трговската размена меѓу Македонија и Велика Британија, но и инвестициите од овој важен трговски партнер во нашата земја.

Како што покажуваат податоците на Одделот за бизнис и трговија на Обединетото Кралство, трговската размена меѓу двете земји изнесуваше 1,7 милијарди фунти заклучно со третиот квартал 2024 година, што е помалку за 21,9 отсто во однос на претходната година,

При тоа, извозот од Обединетото Кралство во Македонија паднал за 20,5 отсто на 1,4 милијарди фунти, а увозот (од Македонија во Обединетото Кралство – н.з.) се намалил за 28,1 отсто на 292 милиони фунти.

Македонија е рангирана како 74. најголем трговски партнер на Обединетото Кралство, со 0,1 отсто од вкупната трговија на оваа земја.

Петте најзначајни производи кои се извезувале од Обединетото Кралство во Македонија до крајот на третиот квартал лани биле обоените метали, неоргански хемикалии, други хемикалии, текстилни ткаенини и пијалоци и тутун.

Во спротивна насока, односно петте најувезувани производи во ОК од Македонија во истиот период биле мебелот, разни електрични стоки, општи индустриски машини, медицински и фармацевтски производи и метални руди и отпадоци.

Најзначајна британска компанија која работи во земјава е „Џонсон Мети“, која доминира во македонскиот извоз со години. Според податоците објавени минатата година, компанијата во Македонија во 2023 година имала приход од 2,38 милијарди евра, помал за 4 отсто во споредба со 2022 година, кога изнесувал 2,47 милијарди евра. Британската компанија произведува катализатори, а ја отвори својата прва фабрика во зоната Бунарџик во 2010 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – ноември 2024 година, забележа пад од 5,9 отсто во однос на истиот период од претходната година. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија (што се произведуваат во „Џонсон Мети“), потоа сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи.

Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

И податоците на македонската статистика покажуваат значаен пад во размената во овој период токму со Германија (од 9,2 отсто) и со Велика Британија, од околу 11 отсто.

М. Д.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Бунарџикстрански компании
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ