Цивил МЕДИА на својата Фејсбук страница го постави ПРАШАЊЕТО НА ДЕНОТ: Каква иднина им обезбедува државата на младите луѓе?
Oд пораките и коментарите што пристигнаа од нашите читатели може да се заклучи дека скоро сите одговори беа неохрабрувачки за државата, во контекстот дали и како може државата да им обезбеди иднина на младите луѓе.
Во прилог ќе споделиме само дел од нив:
Никаква, како не им е срам. За нив обезбедуваат милиони и после бегаат. Иднината на младите им е во странство.
Тие си обезбедуваат иднина само за себе.
Никаква, освен на партиските војници – криминална!
Со вакви политики,……. Никаква!
ЗА ЖАЛ ВО МАКЕДОНИЈА НЕМА УСЛОВИ ЗА ДА СЕ СОЗДАВА ИДНИНА ЗА СИТЕ ГРАГЈАНИ, А ПОГОТОВО ЗА МЛАДИТЕ.
Никаква последните 30 години не ни помислува на младите.
Зборот „никаква“ во контекст, “Младите немаат никаква иднина во Македонија“ е употребен како одговор 45 пати во вкупно 147 коментари.
Кога ги отвараше грујо првите фабрики по индустриските зони, да почнеа со 500 евра плата а не со 150 евра, младите ќе останеа.
Имаше и иронични коментари меѓу одговорите како следните во прилог:
Државата на младите им обезбедува иднина карта во еден правец , толку ние добра државата што сите до 50год, ке си заминат.
“СУПЕР ИДНИНА” ВО СЕКОЈ МОМЕНТ МОЖАТ ДА БИДАТ ПРЕГАЗЕНИ НА УЛИЦА.
Светла.
За нормалните деца несигурна за тие како Васо светла.
Го субвенционира Wizz air и го олеснува патот.
За сите коментари во прилог оригиналниот пост до прашањето на денот:
А.М.