• Latest

Личности и настани за одговорени прашања

February 6, 2025

Објава на Захарова на Телеграм, некритички пренесена во македонски медиум: класичен пример на пропаганда и историски ревизионизам

October 25, 2025

ОН и светските лидери обединети во борбата против сајбер криминалот – потпишана Ханојската конвенција

October 25, 2025

Вториот круг на локалните избори на 2 ноември – во тек пријавувањето на болни, немоќни и набљудувачи

October 25, 2025
Руте: НАТО работи на одржување на стабилноста на Западен Балкан

Руте: Лудата агресија на Путин не успева, поддршката за Украина дава резултати

October 24, 2025
Фото: Скриншот

Макрон: Мора да продолжиме да ја зајакнуваме нашата воена поддршка за Украина

October 24, 2025
Општина Аеродром (фото извор: ФБ профил на Н. С.)

Министерството за здравство со препораки и мерки за состојбата со сметот во Скопје: Да се избегнува физички незаштитен контакт со отпадот

October 24, 2025

(ВИДЕО)🎙САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ за расистичката изјава на советникот Темелков за Ромите во Неготино

October 24, 2025
Фото: украинска авбасадорка Лариса Дир / Х

Амбасадорката Дир: Нападите врз Херсон го одзедоа животот на 3 луѓе, уште 22 се повредени – меѓу нив и деца

October 24, 2025
People seeking aid in Gaza
Photo source: screenshot AP

Врховниот суд на ОН го осуди Израел за ограничувањата на помошта за Газа за време на војната

October 24, 2025
Фотомонтажа: D. Mi[ev/CIVIL Media. Фото од wikimedia commons

Лукоил – новите санкции на Трамп и неодговорените прашања на ЦИВИЛ

October 24, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Личности и настани за одговорени прашања

February 6, 2025 12:43
in ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

БОРКО ЗАФИРОВСКИ

Пред изборите со многу поединости почнав да извлекувам поенти од драмската хроника на нобеловецот и добитник на Пулицеровата за делото „Долго патување во ноќта, на американскиот врвен драмски писател, Јуџин О’Нил, нивниот модерен Чехов, молскавично прифатен низ менталитетот на западната жед за драмски височини.

Големото прифаќање на претежно Руската литература од втората половина на 19-тиот век, во драмата и краткиот расказ, ја круниса американската литература во фантастична оригиналност од почвата во која растеа некои „нови луѓе“, што би рекол видовито и дијалектички Тургењев во „Спроти новите дни“.

Во уметнички творечките дисциплини, со жед се читаа и љубопитно советите за театарската режија на Станиславски, на Мајерхолд или Германецот Рајнхард, Парижанецот Антоан, или на групата Мајнингеновци. Може да се рече дека се зграпчи највредното од Европскиот творечки трезор и преку балетот, сликарството, музиката и градежништвото.

За мене, мотивот да пишам за делото, драмата или поточно за семејната драмска хроника, беа само храбрења со мои познавања и проникнувања во струката, да откријам со какви перспективи може да се пронајде секојдневието на мојата татковина како зглоб во Европскиот и светскиот скелет на вознемирениот, динамичниот свет.

Последиците можеме да ги претпоставиме: зглобот се исчаши до непрепознатлив дури и за основна дневна автономија на самостојна мисла, движење или следење на настаните.

Беше јуни, идеа горештините исто како кај О’ Нил во долгото патување.

Со тоа запре работата на пораката што сакав да ја пратам за опомена со асоцијација а пред да се објави  текстот „Чекајќи ги Варварите“. Едноставно, во почеток  ме водеше мерката за непретенциозност, а потоа ме совладуваше кошмар од драмските ликови и реалните фигури од денешницата.

Разликата беше во Ајнштајновскиот поим за времето и релативноста: семејната хроника се усвитува и завршува во едно деноноќие а „нашата“ трае без видливи показатели.

Во Јуџиновото патување, таткото Џејмс Тајрон вели, во оваа куќа е мрак, се качува на столица и ја одвртува сијалицата.

Во нашата хроника трепкаат многу сијалици и никој не ги одвртува ниту ги завртува. Хаотичниот неред многу е по сложен а драмскиот ефект нема единство дури во просторот на делување во кои се одвиваат добрите современи драми: единство на простор и време. Нашите, како и Тајронови, склони се кон решенија под алкохол а некои како мајката, не сакајќи да се соочи со вистината за туберкулоза кај помалиот син, или алкохолот кај сите, предводени од немоќта  на таткото, глумец кој не го достигнал зенитот, без нови улоги ги игра репризите на ролји соочувајќи се со проблемите, се опушта во опијати (морфиум).

Летото беше лажливо исто колку и нашите предизборни ветувања.

Со мачнина и неверица се гледаа прости и не-изживеани насилници како надоаѓаат во напуштени, често и скрвавени државни работни простории и институции. Не за прв пат, се влегуваше во службени возила, за во маало да ги видат, во родниот крај и калливото село. Децата им се радуваа а  жените танцуваа, во занес и непознати „суплементи“.

Дојде есен, па еве зимата на 2025′ трае. Ги чека големите јубилеи на ослободувањето и победата над фашизмот, а некои, веќе бивши, министерки, ќе прават година од лани кога со манипулација во женскиот клуб на СДСМ на трибина кај неук силеџија и узурпатор на Боречките традиции и простории, во Градскиот одбор а и замрениот Републички на СБМ одбележуваа 80 години (2024,?) од ослободувањето. Итаа за сликање спроти избори.

Во меѓувреме, очекувано, се собираат отворени и одамна затворени прашања, дилеми и предизвици соодветно на времињата и околностите во кои се создавале и решавале или се менувале од потреби, интереси но и незнаење.

На сите креатури од дипломатско инфантилно поигрување, од авантуризам низ меѓународните финансии, стопански политички договори до башибозук во минење граници и приредување забави, давање импровизирани изјави, правење одлуки и закани кон авторитет и политички заедници, до квичење и цимолење заради ветви басми од кои се скроени. Рековме, ќе стивнат, но далеку од тоа.

Да видиме трошка од Македонскиот пат низ таканареченото „прашање“, кај Бугарските „кумови“ в’прос а кај сите други, по желба.

За Цар Душан, за Отоманските косовски паши и бегови во географија на вилаети, за оживување на пцовисаната „Ванчомихајловистичка“ кобила од која се уште се труе умот.

Секогаш, по воспоставен ред, кога јавноста не е будна или некому му требаат пари и јавно само-истакнување. Евтино, колку за „децата“, билетите, пивата и пајнци за телешко со зарзават, на пример.

Македонското ПРАШАЊЕ (?) ни стигна како ново откритие, од Америка. Туристичка студиска група отиде да се шлае низ Соединетите држави, па немајќи што и каде некој барем да намигне, платија за да се сретнат со работливи луѓе од наше потекло, внуци и правнуци на генерациите кои врбувани и плаќани од Софија, долго се грижеа за патетичната, двосмислена МПО, Македонската „патриотическа“ организација, всушност јадрото за дежурен раскол и напад врз Македонската држава.

Не се исклучуваат ни тезите дека тоа е патот за финансирање на Ванчо Михајлов, на пишуваните дела и алхемична пропаганда со по некоја ликвидација. Значи, на менталната и безидејна празнина добро и дојде да ја открие Македонската болка сред Америка.

Бајато и неодговорно, колку да бранува, ама и да нанесе штета, можеби пак со заробување и ветрови низ пот-просечност. Нема место за реплицирање со незрел и неук авантуризам, но, не треба да се премолчува историјата ниту надмено да се просудува.

Државотворниот пат на Македонската борба за слобода е долг пат низ кој минале генерации (Претседателот Глигоров во Обединетите нации во деведесеттите спомна повеќе од 120 години, што укажува на Кресненското востание и Уставот, како и други настани до Илинден и Манифестот, па до АСНОМ, каде веќе говориме за Држава), а таа сложеност по ништо не е баш иста или заедничка, туку е битта на Чуповски, Мисирков, пред и после.

Така е и со предводникот, воениот и поставениот пат на Борбата и генерациите што понесоа одговорност за државата на сегашното поднебје. Незаменливо и трајно.

Финалните воени дејствија и меѓународната дипломатија носат решенија низ акции и контакти. Таа стекната доверба говори за државничка самосвест, па кулминира со договорите на Вис каде во јуни престојува нашата делегација, Ченто, Чучков и Петрушев при Националниот ослободителен комитет на Југославија, предводен од Јосип Броз Тито.

Разговорите доцнат но се чекаат мислењата на Џилас од Москва, на Черчил и Американскиот став. Тоа е еден сложен циклус кој се заокружува со маестралната дипломатска вештина на Тито и неговата убеденост во Македонските права на држава и нација.

По враќањето, удрени се темелите на АСНОМ, и продолжените активности.

Чучков есента заминува за Белград и до 1946 г. учествува во формирањето на Привремената влада, па во март 1945, во Првата влада на ДФЈ  како Министер за Македонија.

Објавува и во печатот низа статии за нашата борба и за суштината на Македонското прашање. На многумина и не им се допаднале неговите ставови, па се повлекува во Скопје каде и бирам за пратеник, директор на НУБ, го формира „Танец“, па се посветува на академски должности на Економскиот факултет.

Патем, пред формирањето на Првата редовна Влада, на ЈАЛТА се преиспитува меѓусебно Тројката на големите, Черчил, Рузвелт и Сталин, каде за Македонија се потврдуваат сегашните граници, а строго акцентирање од Британците на не мешање заради приговори на грчките леви и граѓански организации за присуство на македонски партизани, туку соработка со соседите за културна автономија.

Дека патот до затворање на „прашања“ води низ борби, знаења и умеења, па не е ни идеолошки или дневно политички, потврдува и Рефератот на Абаз на ЦК СКМ, за „антипартиска“ група предводена од Чучков, Глигоров и Апостолски, што наскоро ќе избледе пред големината на овие силни личности, интелектуалци и борци.

Со нив и новите генерации, со угледот на слободната држава, исчезна и „прашањето“. Тоа не постои, а може да го актуелизираат злонамерни шарлатани од соседството и незрели домашни авантуристи.

Зад нас се 150 години државност, од вековната борба.


Текстот е личен став на Авторот. 

 

 

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    125 shares
    Share 50 Tweet 31
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ