• Latest

Штрајк на работниците на „Колска“ оти не земале декемвриска плата и К-15

February 6, 2025
Фото: Дејан Трајковски / Фејсбук

Трајковски: Денеска Албанија е земја кандидатка за членство во ЕУ, која успешно отвора поглавија – Македонија стана едно бесперспективно и тажно место за живеење

August 21, 2025

Османи со „градежна стража“ против урбаниот хаос во Чаир

August 21, 2025
Антивладини протести, Белград, 28 јуни 2025 (фото извор: видео во живо, ТВ Информер)

Суровата реалност на протестите во Србија: Полициска бруталност, закани, селективни апсења

August 21, 2025
Војо Маневски

Треба ли кандидатите за локална власт да поминат задолжителна обука?

August 21, 2025
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Дипломатија или капитулација – Како граѓаните ги гледаат напорите за мир во Украина

August 21, 2025
Фотографијата покажува пламен како се издига од рафинеријата за нафта Новошахтинск по нападот со дрон на 21 август 2025 година. Фото: Astra / Telegram

Украински напад со дронови предизвика пожар во рафинерија за нафта во руската област Ростов

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Sky News Australia

ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно

August 21, 2025
Фото: МИА Архива

Годишната инфлација во ЕУ во јули од 2,4 проценти

August 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на CCTV+

Кинескиот претседател Си во ненадејната посета на анектираниотТибет

August 21, 2025

ДЗР: Системот за заштита на жените жртви на насилство е недоволно ефикасен

August 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Штрајк на работниците на „Колска“ оти не земале декемвриска плата и К-15

Ако не им се исполнат барањата до петок и не добијат плата и регрес за одмор, работниците подржани од ССМ се заканија дека од понеделник ќе протестираат на Железничката станица во Велес со блокада на железничкиот сообраќај.

February 6, 2025 13:18
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Незадоволни поради што се уште ја немаат земено декемвриската плата и регрес за одмор, а се и без здравствено осигурување, денеска со штрајк протестираа педесетината работници на Фабриката за шински возила „Велес“ попозната како Колска подржани од фабричкиот синдикат и од претедателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Тие преку медиумите им порачаа на Владата и на министерот за сообраќај и транспорт Александар Николоски да ги посети и да им каже дали ќе добијат плата и здравствено осигурување се’ до продавањето на фирмата. Колска  од декември лани  е во стечајна постапка, а првото првото рочиште со доверителите, судот го  закажа  на 19 март годинава. Ако не им се исполнат барањата до петок и не добијат плата и регрес за одмор, работниците подржани од ССМ се заканија дека од понеделник ќе протестираат на Железничката станица во Велес со блокада на железничкиот сообраќај.

Тони Арсовски претседател на фабричкиот синдикат на Колска за медиумите информира дека на штрајк се одлучиле бидејќи две недели трпеливо чекале и ништо не им е исплатено.

-Нема ни плата нема ни најава дека ќе ја земеме, затоа се решивме да започнеме штрајк, а ако не ни се исплатат, од понеделник ќе штрајкуваме на Железничката станица во Велес  со блокада на железничкиот сообраќај бидејќи немаме друга опција, рече Арсовски.

Тој потсети дека вработените во Колска веќе 30 – тина година постојано се соочуваат со проблем на нерадовни плати и придонеси, оради што имаат одржано и најмногу штрајкови од македонските фирми.

Арсовски посочи дека вработените и синдикатот на Колска досега имаат упатено  десетина дописи до Владата и надлежното министерство за транспорт и врски и досега, а и денеска со овој најнов штрајк бараат од  надлежните  да им кажат  како ќе земаат плата се додека трае процесот на реорганизација на Колска.

-Досега ниту сме повикани ниту некој од надлежните не исконтактирал. Да потсетам иницијативата за реорганизација на фирмата беше на Владата и ни се нудеше нас како вработени да потпишеме. Бидејќи фабриката не е наша тука е државна, нашата управителка не сакаше да потпише и затоа ни се донесе нов управител поставен од Владата. Тој  за рекордно време од само три дена потпиша се’ за да може да оди постапката за реорганизација односно стечај на Колска, појасни Арсовски.

Тој од името на сите вработени на Колска преку медиумите упати повик до вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николовски да дојде во Колска во Велес.

– Нека види во какви услови работиме и без здравствено осигурување. Па ако има некоја магична формула нека каже како овие работници без плата за своите семејства и без здравствено осигурување во неповолни услови за работа и без затоплување може да работат, нека ни каже, а ние ќе ја прифатиме, порача Арсовски од името на сите работници.

Слободан Трендафилов претседателот на ССМ, информира дека е тука на штрајк со подршка на работниците на Колска бидејќи сопственикот Владата ги остави нив и нивните семејства без корка леб и без плата за новогодишните и Божиќни и други празници и кои  се уште немаат добиено плата до денес.

-Ваков однос е неприфатлив кон една категорија повозрасни работници без плата и здравствено осигурување кои работат и над 40 години за Македонски Железници на  одржување на возовите и вагоните и кои се грижат истите да се вратат во исправна состојба. Затоа Сојузот на синдикатите на Македонија дава целосна и безрезервна поддршка за сите активности и акции коишто ќе ги прават во наредниот период вклучувајќи и блокирање на железничкиот сообраќај, ако до петок не им се исплати платата и регрес за годишен одмор К-15, најави првиот синдикалец Трендафилов.

Тој на надлежните им порача дека се лаже некој доколку смета дека ќе ја продава Колска, а работниците ќе седат на работа без да примаат плата, и оти новиот газда кој ќе ја купи Колска за малку пари со години нема да им ги исплаќа заостанатите плати на работниците.

-Затоа го повикувам ресорниот министер да дојде во Колска во Велес да ги погледне во очи овие луѓе и да им каже зошто се оставени на ваков начин. Не е фер спреме вработените, директорот назначен од нив и денеска  да помине покрај вработените кои штрајкуваа како да не се тука и како да не постојат. Такво непочитување кон работниците е недозволиво во Македонија и мислам дека рабитниците како што многупати во сите изминати години покажаа дека се истрајни во нивната работничка борба и во наредниот период ќе го покажат и докажат тоа и ќе упатат сериозна порака до креаторите на политиките. Не може да распродавате нешто што е градено со години и да ги оставате работниците на ветрометина, да не можат да живеат,да не можат да преживуваат,а да не можат ни здравствено да се лечат бидејќи сите од нив се повозрасна категорија на работници. Да се надевате дека ќе не снема е многу погрешен чекор, и затоа повикувам Владата како сопственик која го поставува управителот на Колска и одма да го разреши, порача Трендафилов.

Инаку во Колска моментално се вработени 50 тина работници, а годинава во пензија ќе си заминат десет, со што бројот ќе се намали под 40 вработени.

Работниците се пожалија дека и покрај тоа што се без плата и придонеси  се уште  работат во несоодветни услови во  ладните фабрички хали со многу скршени прозорци од кои фури ветар и дожд и само едно- две  импровизирани лимени  ќумбиња,  кои  наместо со дрва ги ложат со струготини.

Работниците посочија дека проблемот што се појавува веќе неколку месеци е дека на секои три месеца преку МЖ се потпишуваат договори за по пет или шест коли-вагони за работа, а што е една плата за нив. Тие појаснуваат дека тука се создава вакум простор, бидејќи се малку вработени и неможат да го покријат тој аванс да ги сработат овие вагони за толку кратко време.

Воедно се жалат дека за поправка им се дадени премногу стари и крш вагони кои многу тешко можат да се репарираат и за кои немаат ни доволно материјал за работа ниту делови.

Од друга страна тие имаат и целосно веќе репарирани четири вагони кои стојат во нивната хала за работа, а кои  Македонски Железници не ги зема  бидејќи биле со дрвен патос.

Вработените во Колска со години бараат од државата да се вратат како погон на Македонски Железници како што беа и порано.

Извор и Фото: МИА

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ