Девет отсто од избирачките места во Косово се отворени доцна во неделата, објави организацијата „Демократија во акција“ (Demokracia në Veprim), објави косовски Коха.нет, пренесува ЦивилМедиа.
Исмет Криезиу на прес-конференција на организацијата утрово, изјави дека во најголем број случаи доцнењето на отворањето на избирачките места настанало поради недостиг на членови на избирачките одбори.
„Од 2.533 избирачки места, 9% од овие избирачки места се отворени доцна. Пријавено е дека причината за одложувањата е немањето членови на одборите во 6% од избирачките места“, рече Криезиу.
Тој додаде дека набљудувачите на организацијата нотирале и нерегуларности и инциденти.
„Изборните правила забрануваат поставување на плакати и други материјали во дозволен пречник од 100 метри. Видовме дека во 3% од избирачките места сè уште има плакати или материјал на политички партии.
Круезиу објави дека имало два инцидента. Едниот се однесува на инцидент со набљудувачите на организацијата во Призрен, каде што им е оневозможен пристап до информации од страна на претседателите на избирачките места. Тој нагласи дека некои избирачки места и понатаму се недостапни за лицата со попреченост.
„Поголем број избирачки места и понатаму се недостапни за лицата со попреченост. 20% од избирачките места, лицата со попреченост имале пречки во нивниот пристап до гласање“.
„Демократија во акција“ има ангажирано околу 500 изборни набљудувачи.
Извор: KOHA.NET